Аман,аман! Добро бе жени до кога ќе продавате лажни ставови, како вам не ви е потребна помош и дека свекрвата, а и мајката не е должна да ви помогне, а сите до една надвор од форумот посакувате да имате помош барем половина час во денот. Никој не ви помога? Ете јас сама со маж ми до скоро сама го гледав синко, и искрено бев пресреќна кога некој ќе го причуваше барем половина час. И да, очекувам дека свекрва ми како баба ќе посака и очекувам барем еден час во денот да го причува, исто како што очекувам сега кога беше болен наместо во градинка да го чува дома. Кој, ако не баба му? Немам средства за жена, морам на работа. И? А баба му е слободна. Да, очекувам да го гледа. Ајде стрелајте ме. Да, јас го родив!
^ Пола час или час еднаш во неколку денови и на комшивка ќе и причувам дете. Збориме за чување на дете скоро по цел ден на година, две, три или повеќе, кај трчаш?
Па еве и за така, ако не може детето да ми се адаптира во градинка, се корне од плачење, се разболува, а свекрва ми или мајка ми можат да го чуваат, што би ме советувала?
И година, и две да се во прашање, баба сеуште ги гледа внуците, а братучетка ми ете факултет заврши. Што има лошо во тоа? Јас сум детето да е во градинка, ама има ситуации кога детето неможе да оди во градинка, мајката мора да работи и кој ќе го чува детето? Бабите се пресреќни ако гледаат внуци, некако природно му доаѓа, дома, пензионери, што има лошо и во тоа? Не била должна. Зошто? Чии се тие внуци?
Мое мислење е дека бабите повеќе одмагаат отколку што помагаат околу одгледувањето надецата. 1. Ги разгалуваат до тој степен што децата повеќе не ѓи слушаат родителите. 2. Цел живот ќе ти го набива на нос дека ти ѓи чувала децата. 3. Доколку ти ѓи чува децата се подразбира дека треба да живее со вас или детето да живее одвоено од вас и да бидете само виќенд мајка. И во едниот и во другиот случај нечини. Ако живее детето кај бабата се отуѓува од родителите, ако бабата живее со вас си ја губите приватноста. Според мене најидеално решение би било кога мајката не би одела на работа и би се грижела за детето барем додека тргне во училиште, но денес ретко која жена си го дозволува тоа мислат дека ако не одат на работа се помалку вредни. Останувањето на мајката во домот има неколкукратна корист. 1. Се грижи за детето и не само да биде нахрането и облечемо туку и за неговото воспитување бидејки ќе се сложите дека ниту идеалнара градинка не може да ја замени мајката. 2. Ако мајката е дома ќе може нешто да зготви а здравата храна ќе се сложите е многу битна и за возрасните и за децата. 3. Ќе има повеќе време за себе а со тоа и со повеќе време да му посвети и на сопругот, бидејки доколку оди на работа додека дојде, додека да го види детето да се истушира одмори... за сопругот или нема време или само нешто малку колку да си ги заврши брачните обврски. Значи сум против тоа бабите да ги чуваат децата.
^^ Ако доаѓа природно тогаш зошто има толку кои не сакаат да чуваат деца? Или наметнато од општеството е? Од каде таа природна потреба да се обврзеш да трчаш по мали деца по цел ден на стари години? Млади се истоштуваат со мали деца затоа што треба очите нон стоп во нив да ти се не па стар човек. Не значи дека не ги сакаат, ама што е многу многу е. Имате внуци од браќа, сестри? Ги обожавате? Спремни сте ако немате работа и други поголеми обврски во наредните години да ги чувате како да се ваши? Не кога сте слободни, не кога вас ви се сака, не на неколку часа одвреме навреме?
Освен ако не мора и јас сум против баби да чуваат деца баш заради разгалување и сл. ама @Pepelaska25 мајката да остане дома??? Не се навредувај ама да прашам, имаш деца? Знаеш како мава на психа да седиш дома цел ден и подалеку од гугање и какани пелени да не гледаш? Некогаш е финансиски ама некогаш и за своја психа мајката мора да работи
Оф, вие се жалите за не чување дете скоро по цел ден, а што јас да кажам. Син ми е скоро 4 години, никогаш не го е причувал некој. Освен што оди сега во градинка по неколку саати, па ми е тоа олеснување. И тоа пак го дадовме првенствено ради неговиот интерес и полза, а не јас/ние да се растеретиме, мада слободни неколку саати итекако се битни за родителите. Свекрва ми е во друг град, ама и да е поблиску немаше да очекувам од нејзе. Мајка ми е уште подалеку и ги чува децата од братот. Ете излажав, кога отидовме кај свекрва ми на гости, со мм излеговме на два саати по неколку пати и него го оставивме со нив. И за тоа време се измориле, ги наоѓам секој на свој телевизор, дедо гледа спортска по обичај, баба пере садови, а син ми цртани. И што време минале заедно? Два саати бре? Од една страна сакав да го оставам ради него, сам со баба и дедо, ради нивниот однос. Од друга страна колку би сакала да имам некого поблиску, за да излеземе со маж ми еднаш во недела-две барем навечер. Квалитетно време да имаме. Тоа некако заборавате. И тие работи се битни за еден брак. Дејт тајм. Не сега некој да ми каже па што сте правили дете. Во нормално развиени свесни семејства тоа не треба ниту да се објаснува. Не ми треба некој да ми помогне во куќни работи, во одглегување дете, да го шета или занимава бидејќи јас не можам да постигнам. Навикнавме да живееме и се снаоѓаме сами, па сега и второ кога дојде, се спремаме буквално сами на се. Ама искрено никој досега не се понудил да рече: е ајде да дојдеме да ви помогнеме ако треба нешто. Да праша некој барем реда ради. Или: ете ќе го прошетаме син ви, само вие да здивнете заедно на два саати. Ама не, свекрва ми знаеше да прокоментира колку сум била зафатена околу детето, ама никогаш не и текна да се понуди. Јас ли треба да ја барам? А знае да се жали како кога го бара внук и на телефон да зборува со него и тој нејќе. Или знаат да очекуваат ние да им идеме на гости и буквално да го носиме да го видат, затоа што се залагам син ми да има баба и дедо и да мине време со нив, а на нив никогаш не им текнало бидејќи или се презафатени или немаат пари. Само што јас прифатив дека ситуацијата е таква и не очекувам, така не се разочарувам веќе. Ама не ми е баш сеедно бидејќи не треба да биде така. Нејзина свекрва буквално ги изгледала нејзини деца. Сопругот се сеќава на животот со баба, мајка му одила на работа... да и сега оди на работа, ама толку свртени кон себе не можам да разберам. Не е поента да кажуваш со зборови дека го сакаш, уф колку многу го сакам, ми вели... Љубовта се покажува и со дела. На крај не само што они губат, туку навистина ми е жал за син ми што тој ги губи нив. Не за мене. Ете, барем се искажав во темава
^Немa дa те демaнтирaм вo целoст, декa зa еднo дете е вaжнa близинaтa сo бaбa и дедo, нo не пo секoјa ценa и секoгaш. Некoгaш oд штo сме сaмите себични и егoистични, зaбoрaвaме декa и другите луѓе oкoлу нaс си имaaт свoи oбврски, мислејќи декa сaмo ние, збoрувaм генерaлнo, сме пренaтрупaни сo oбврски. Јaс пa не јa гледaм пoентaтa, еднo дете дa гo oбврзувaм дa рaсте сo бaбa и дедo, при тoлкaви мoжнoсти зa усoвршувaње вo устaнoви, специјaлизирaни зa oсaмoстoјувaње и сoцијaлизирaње. Дa се рaзбереме, декa никoј никoму не му е дoлжен, пa мaкaр се рaбoтелo и зa мoе дете, јaс некoгo дa oбврзувaм, a притoa и кoнстaнтнo пoкaжувaм незaдoвoлствo, дoкoлку пример свекрвaтa не ми oди пo хирoт мoј, дa ме oдмени вo мoите зaдoлжителни мaјчински дoлжнoсти. Нa крaј крaевa, зoштo ги нaпaѓaте сaмo свекрвите, декa не ви ги чувaле децaтa, a зa вaшите мaјки притoa е oпрaвдaнo oд стaрт aкo не ги чувaaт?!
Колку е апсурдно значи, стварно луѓето сме си како сончогледи посебно Македончето, затоа и не не бива. Тука во оваа тема снаа не смее да посака да и биде причувано детето ПО ПОТРЕБА зашто свекрвата немала обврска (иако не збориме само за свекрвите, збориме за бабите и од двете страни, која кога може тогаш да се најде!) , во темата за снаи и свекрви, снаата не смее да бекне за проблем од свекрвата, сите врз неа како клукајдрвци. Па добро, значи има многу добри снаи во нашето општество, тогаш кој ги ствара проблемите кои реално и те како ги има во односите снаи-свекрви? Свекрвите? Не иде некако математиката! Пак ќе се повторам, секој однос се заснова на взаемно внимание! Ако не е така зошто воопшто постојат фамилии, бракови? Кога никој на никого не му е потребен, да си шетаме по улиците, да си живееме ден за ден и мирна глава!
@Pepelaska25 ти ова сериозно за останување на мајката дома дур да тргне детето во школо!? Мислам ок ти е мислењето, но не за македонското општество. Каде бре со една плата дете ќе растеш. Не станува збор за луксузирање, туку за невозможна мисија. Мислењето ти е помалку утописко. Тоа е прво, а второ после тој период една можност за вработување што да ти кажам. Извини што ти се обраќам, но не сум те читала на форумов, можеби во странство живееш, па за во вашето општество можеби си е тоа нормално, незнам. Доволно тешко ќе биде сега што ќе ми касни исплатата на породилното, а не па да напуштам работа, мислам тоа е надвор од здрав разум. Од друга страна тоа со хранењето не се сложувам, јас сега работам полно работно време, 9 месец сум бремена, сами живееме (не сме во заедница) и само за нас секој ден готвиме домашна храна, а не па утре за детето, време има кога да се зготви и да се зачисти и да се завршат брачни обврски како што викаш ти, ама знаеш како се потигнува? само доколку двајцата патнери се вклучени во домаќинлакот. Двајцата работиме, двајцата готвиме и чистиме и спремам и шетаме. Нема машки женски обврски, е тогаш се постигнува. Доколку мажот е патријахалец и не мрда со мал прст дома, тури му го пепелот, тогаш пука ситуација по сите шавово. Инаку да не бидам надвор од темата, како што реков јас сум при крај со бременоста, и помош нема да имам ниту од една баба. Мојата мајка уште работи, а свекрва ми уште сега си се изјасни со следниве изјави. Мајка ти живее поблиску она нека доаѓа да ти помага за бањање на бебето првиот период. ок, . И најнова изјава од пред недела дена, аааа јас не сум блиска ни со внуците од ќерките, ни нив ги немам чувано. ок. Фер е, бар си е кажано. Постојат градинки, и јас и сестра ми сме од бебиња, па се до школо во градинка израснати, и тој период ми е со убави сеќавања. Како израснале сите деца, па и моево ќе израсне.
Ти прочита ли го мојот пост воопшто, зошто ти додаваш зборовите кои никаде не кажав? Каков хир, себичност и егоцентричност? Какво црно обврзување и обврски? Па јас никогаш и не посакав да некој друг чува моето дете, фала Богу ниту посакав, а не тоа да очекувам, се работи за еден здрав фамилијарен однос, баба/дедо- внук. Мене не ми треба ни она, ни нејзина помош. Јас гледам дека го гледат внукот им еднаш во три месеци и коментирам како они го минат времето и колку се заинтересовани за тие два саати минати со него. Па за мене бре чест и задоволство и почит ќе биде да поминувам време со моите внуци, да сакаат да ме видат, да уживаат во моето друштво, за тоа станува збор.
Имам израснато во заедница со баба и дедо кои ме немаат чувано ни ден.И двајцата беа прилично стари ,дедо ми болен со Паркинсонова болест а баба ми вечити хипохондрик а и жената немаше воља веке за деца што е за право.Најмала сум од сите братучеди додека сум дошла ја на овој свет веке и било преседнато од чување деца. И моите исто ко на Мими сами ме исчуваа со тоа што идеа на смени на работа ако едниот е прва другиот иде втора или трета (претпоставувам во болница работат како и моите) па ете израснавме и преживеавме некако.Не велам дека и било лесно на мајка ми после трета смена на работа коа ке дојде дома допрва дете да гледа и да го пази ама шта чеш твое си е ти ке му ја мислиш.За воља на вистината никогаш не сум ја слушнала да збори нешто на таа тема како братучедите ги чувала она а мене нејкела да ме чува.Едноставно со татко ми сфатиле дека не сака да чува уште едно дете и тоа е тоа . Не сум скарана ради тоа со ниту еден братучед и не мрзам ниту еден братучед зошто повеке бил чуван од баба ми. Сум одела во градинка иако многу често сум се разболувала и моите плакале жена да ме чува кога не можело градинка. Пари како така и за едното и другото се наоѓало.Што вика татко ми ако за едно дете немам пари да му пружам се што му е потребно тогаш јаз'к што го имам. А во тоа спагаат и вакви издатоци не само храна и облека. Од друга страна гледајки ги моите дека се веке луге во години ( и двајцата имаат преку 60 ) некако неумесно ми е да им оставам дете за пазење повеке одколку што мислат дека ке можат да истрпат.Едноставно стари луге се и веке немаат нерви како што имале порано ниту пак концентрација и внимание за мало дете. Особено како што одат уште на работа иако се пред пензија ,кога ке дојдат во 4 саат папсани едвај снага имаат да седнат на маса да ручаат а не па нешто друго да им кажеш да направат. Го сањаат креветот и попладневната дремка .Што вика мајка ми Да можела баба да гледа деца на 60 год ке ги рагала и ке ги гледала.Ама неможе и си има зошто е тоа така. И двајцата живеат за денот кога внуче ке им донесам дома да му се радуваат и да го тинтраат ама знам дека втори родители да му бидат тешко дека ке се нафатат.Нема да одбијат да го чуваат во врвка ситуација ама секој ден 8 саати во денот мислам дека е премногу за нив и не сакам таков стрес да им приредувам . Сепак луге во години се татко ми со висок притисок и холестерол мајка ми со искривена кичма и постојана болка во коските, уште мал џивџан им останува да трчаат по него. Сепак треба да се има осет дами не ви е лесно на вас ама не им е лесно ни на старите.Се зафативте со тоа коа ке паднат дека ке мора да ги перете и чувате.Е па ајде остајте ги на улица нека цркнат ко кучиња само затоа што на стари години нејкат со деца да се бафтаат. А тоа што нас и нашите сопрузи не израснале од 2 кила месо не чувале 30 години и не напраиле тоа што сме денес не им се рачуна. Битно внуци нејкат да чуваат.
Ирена.1 Зборувам кога би можело тоа едно семејстбо да си го дозволи, инаку свесна сум дека со една просечна а во голем дел и платите на двајцата родители не се колку една просечна која ја пресметува заводот за статистика не може да се истера месецот. Се извинувам што не го потенцирав тој дел со парите кој за жал во денешно време е пресуден. Порано луѓето живееле на село и голем дел од намирниците ѓи произведувале а сега буквално зависиме и ние и целото семејство од работодавецот, кој патем може да те збрка од работа без посебна причина. Но тоа е веќе друга теѓа за кој е потребна поголема анализа.
И јас сум со мислење дека никој не е должен да ги чува моите деца освен јас и сопругот, ние сме ги створиле, ние треба и да си ги чуваме. Мајка ми е оддамна почината, татко ми и родителите на мм сеуште работат, кои од нив треба да напушти работа за да ми чува децата а јас да си одам на работа? Должност секако не им е, барем според мене, да доаѓаат и ми ги земаат ама они кога сакаат и имаат време да им се посветат на внуците, благодарна сум и на толку. Кога ќе се вратам на работа ќе си ги носам во градинка и сега иако сум дома поголемите ги носам три пати во неделата по 3 часа за да се наспијам јас па ете со три деца си се снаоѓам и не кукам како свекрвата е лоша зошто не ми ги чува децата. Кому му мава на психа, седиш дома со деца? Јас седам веќе две години, ништо не ме мава на психа и гугање гледам и какани пелени гледам ама и среќни и задоволни деца гледам цел ден, гледам и филмови, читам книги, пишувам/читам тука на форумов, пијам кафе со другарки , си гугаме и со мм навечер, ние дома што седиме не сме дотолку очајни домаќинки па од какани пелени ништо подалеку да не гледаме.
Моите јас и градинките ги изчувавме ценаммногу коа свекрва ми е искрена и ден денешен вика на снаа ми децата градинката ги изгледа јас можам да ги причувам саат два најмногу итоа е факт е дека е така и баш ми е мило што е така
Точно е дека ниедна свекрва не е должна да го гледа внучето,ама не е должна само и ако е болна од тешка болест,физички и психички е настабилна,или ако има работа, не треба да излезе од работа(пред пензија)за да ги гледа внуците,тоа да..ама некоја здрава права со сите нишани,да не сака да си го чува внукот од син или ќерка е тоа за мене е за осуда.Сите сме силни да речеме дека сама си го правев детето,сама ќе го гледам,секоја помош е добредојдена ,било краткотрајна било долготрајна,добро знаеме нели?! Не сум во брак,ама добро гледам колку моите се жртвуваат за внук ми од Брат ми(живееме во заедница) мајка ми се враќа уморна од работа,и не седнува да јаде,прво прашува дали е јаден внук ми,со кеиф и гордост секогаш го чувале кога брат ми ќе излезеа,а исто и јас го чував(оти го обожавам,и ако не се најдам на домашен човек,на кој ке му се најдам на комшијата?).Мајка ми знае секогаш да рече,да можев да заминам од работа веднаш би заминала за да си ги чувам внуците дома(веќе второ е на пат,здравје Господ). А пак во комшии имам спротивен случај,предобро ситуирани и здрави лица,кои се во пензија и си патуваат кај ќе им падне на ум,несакаат да му помогнат на синот и снаата за чување на децата,си го гледаат сопствениот кеиф,тешко на снаата бидејќи нема помош,ги носи двете мали деца во градинка,бидејќи работи,а да напоменам притоа едното дете е со малку заостанат развој,и свекрвата кога ќе дојде кај нас ќе ја прашам што прави Андреј,и ќе одговори ете го дома досадва,дали бре жено така се одговара за внуче сопствено?! ми се повраќа од ваквите монструми-баби.
Да знаете не секогаш бабите се криви.. Не дека е моја баба, ама јас кажувам тоа што го гледам. Баба ми и дедо ми живеат заедно со вујко ми и неговото семејство. Првото нивно дете, братучетка ми не ја гледаше многу бидејки вујна ми не им дозволи, не ја даваше на никој, ама второво дете, братучед ми не само што го гледа, го чува по цели денови, ај сега малку потпорасна па почна да иде во градинка и подруго е. И вујна ми пак мрчи за баба ми (нели свекрва е свекрва колку и да е добра), се не и чини, а баба ми го исчува детето буквално и никогаш (барем јас колку што знам) не им се мешаше. Сега вујна ми и вујко ми мрчат зошто баба ми и дедо ми си имаат и свој живот (па пензионери се, нели треба да си се гледаат), а 2 години што го исчува се не и чинеше. Ви кажувам, јас често спиев кај нив, да не претерам, ај не секој, ама секој втор викенд и знам колку на баба ми е се преку глава, ама нели она е свекрва не и е мајка за да чини. Бидејки баба ми сега стана пензионер и не е исто како кога ги чувала нејзините, не е исто на млади и на стари години да се чува дете, и за секоја ненамерна грешка вујна ми се мрштеше. Имам кажано бабите и деовците не треба да ги чуваат внуците туку понекогаш да поиграат со нив, да ги прошетаат, да ги причуваат понекогаш кога родителите се зафатени и вујна ми на тоа ми одговори а утре кога ќе се болни баба ти и дедо ти кој ќе ги гледа? Според мене нивното си го завршиле, си исчувале и пораснале свои деца, а јас да сум на местото на баба ми ич нема да ги погледнам бидејки се навистина нефер спрема неа. и сум рекла кога не можеш, кога не ти е добро зошто го чуваш, не можат мајка му и татко му? И ќе ми рече, абе внуче ми е, како да го оставам така... Како и да е, најмногу сум против за заедничко живеење. Па јас со моите некогаш не можам да се разберам,а не пак со родителите на мажот.
Браво за постот Истото и јас би го напишала, и ние се сами правиме со мм, сите работи дома заедно ги завршуваме и немаме машки и женски работи, а мое мислење е и да имам доволно пари ( што за пари никогаш не е доволно ) јас би одела на работа, тоа ме исполнува, социјализира и мотивира за многу работи во животот барем тука во МК
Браво богами, јас не би можела. Прво зашто немам другарки за кафе преку ден пошто се на работа а попладне сакам со маж ми да се видам, па така само викенди кафе. Второ зашто книгата не може да ми замени човечки контакт. Далеку од тоа дека тие што седат дома се очајни домакинки, ама верувам дека 90% од жените на форумот сакаат да бодат исполнети како мајки ама исполнети и на професионален план. За многу жени работата е многу важен психички момент, јас не би се откажала од неа освен ако морам