1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бабите и нивното помагање околу децата

Дискусија во 'Брак' започната од Luna91, 28 мај 2015.

  1. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.895
    И јас не би можела. Еве веќе 4 месеци сум дома со бебуш, и го обожавам, ама повремено почнува да ми фали интеракција со луѓе и неврзан муабет. Секако дека не се брзам да се вратам на работа - и онака тоа пребрзо ќе дојде, но не се гледам себеси како мајка што седи дома континуирано. Дополнително, иако секако би му обрнала многу повеќе на воспитанието на малиот одошто негувателките во градинка, сметам дека од исклучителна важност за децата е нивно социјализирање со други деца (ова го говорам како некој што е дома гледан од баба додека родителите беа на работа). Не би го оставила моето дете дома се додека не тргне на училиште, без оглед на тоа дали би била јас дома, баба му, дедо му или жена за чување.
    Да се вратам на темата - точно е дека бабите немаат обврска да ги чуваат децата (често немаат ни здравје ни нерви за тоа). но како што неколку жени погоре кажаа - понекогаш има потреба и во тој случај секако дека би очекувала тие да ми се најдат. И тоа важи сосема подеднакво за мајка ми и за свекрва ми.
     
    На kukla21, tina-63, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Јасмина, најдобронамерно сакам да ти кажам дека оставаш доволно податоци за себе, плус пишуваш на акцент, па не ми беше тешко да погодам за кого се работи.... И не си објективна. Си се исполнила со непотребна омраза према свекрва ти (па уште и нагласуваш дека ке ги учиш децата да не ја сакаат), а што е најлошо велиш дека почнуваш да не го сакаш детето на золвата.
    Ете размислувај на позитивна страна, зет ти прави куќа, така? Епа нема да ја носат свекрва ти со нив да живее и да им го чува детето. Таа пак ке остане во куќата со вас, и повторно повеќе време ти "ке ја имаш на располагање"
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.404
    Допаѓања:
    96.188
    И мораше да пишеш јавно дека си ја препознала? Има лични пораки, си можела таму да ја предупредиш ако веќе си со добра намера.
    Вакви па, свој леб јадат туѓо гајле берат:^).
    А ти золвата да не си, м?:rofl:
     
    На tanja manja, stefanija70, butterfly4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Ја навредив? Изнесов лични податоци за да ја разоткријам? Не. Само кажав дека не е објективна.
    И не, золвата не ја ни познавам.
     
    На Maceto123, danichap и baby-star им се допаѓа ова.
  5. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.902
    Љубoмoрaтa е тешкa рaбoтa, нa крaј, незaдoвoлните снaи, ќе ги искaрaaт свoите мaжи сo сoпствените сестри и пaк ќе бидaт незaдoвoлни.
    Демек aкo влезе снaaтa дoмa, aјде зoлвaтa ќе јa избркaме?!
    Пa пoсле ете кaкo се пoлнеле фoрумите сo вaкви прoблемaтики!
     
    На Rama, Maceto123 и Ruzica00 им се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.404
    Допаѓања:
    96.188
    Епа сеа, за тебе не е објективна што не значи дека ти си во право. Во кожа си и? НЕ!

    Ами како бе, золвата не ја познаваш, а знаеш зетката оти куќа прави? Ухммм, матнооо...:lol:

    Ајде биди поздравена и не туку мисли дали Јасмина е објективна или не е... оти секој за себе си знае, ние од страна можеме само да нагодуваме.
     
    На tanja manja, Cka и stefanija70 им се допаѓа ова.
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Не сум се откажала од работата на породилно продолжено сум, 100% плата ќе земам додека не направи малата 2 години, ако во меѓувреме родам уште едно тогаш 5 години ми е покриена платата, ово од финансиски аспект зошто седам дома.
    И да не ја земам целата плата ќе сум седела дома барем 2 години и јас со првото дете си тргнав на работа откога направи малиот година ама со три деца реално нема потреба да ги разнесувам по цел ден по градинки за јас да можам да си правам муабет со возрасни.
    Овој е период кој јас сум одлучила да си го посветам на гледање на деца, не сум супержена па да можам се да постигнам, да одам работа сите ќе бидат незадоволни, ни деца ќе бидат гледани како што треба, ни време ќе имам да си гугам со мм, ни куќата ќе биде колку толку чиста.
    Сме решиле со сопругот да имаме големо семејство отстапки мора да има, работата ми е на последно место на приоритетната листа.
    Кафе и јас не пијам преку ден, и другарките мои работат, децата веќе им се на училиште, книги си читам децата кога спијат а мм е на работа.
     
    На MacenceEna, tina-63, Mama25 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    За семејства со мали деца каде што двајцата родители работат помошта од бабите и дедовците и те како е добредојдена. Јас и мм работиме двајцата во приватни фирми. Јас сум до 4-5 на работа, мм до 6 секој ден. Време ни останува премалку за да успееме да завршиме се, а кога ќе дојде викенд, тогаш што попрво. Синко оди во граднка што поради одредени околности е во друга населба, па и патот до таму и до дома е проблем, посебно ако треба да се застане во продавница да се купи нешто за дома. Замислете ситуација, мм на работа, јас го земам синко од градинка, имам моја ташна, негов ранец и 2-3 кеси од она што не можело да чека викенд за да се купи кога се пазари повеќе, и јас не можам сама да се качам по скали до дома. Дури и за тоа треба помош. Среќа нашиве ни се наоѓаат. Моите се разведени, татко ми не знае пелена да смени, но ми се наоѓа ако треба да го земе малиот од градинка кога заглавувам на работа. Мајка ми кога е дома (работи на смени) секогаш го зема од градинка за да можам да завршам некоја обврска плус на пр. на мм мајка му е почината, свекор ми е преженет, а за воља на вистината, живеат сосема на другиот крај од градот, двајцата работат и преку недела немаат време да ми помогнат, но доколку ептен има потреба, секогаш го причувуваат, го носиме до кај нив, иако ми е плус 20 минути возење во еден правец. Не можам ни да замислам како ќе ни беше да ја немавме помошта од нив. И не велам дека не прават грешки, но никогаш не префрлам и не се лутам. тоа важи и за моите и за неговите, кога веќе се нафатиле, сметам дека немам право да мрчам, зошто доволно сум свесна како би ми било без нивна помош.
     
    На mimiiiii, Luna91, darcy и 6 други им се допаѓа ова.
  9. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Ne mi gi gleda decata,pa ke videme taa koga ke ostari koj ke ja gleda??Aloo maz vi koj go izgledal a?Koj go skoluval?Ne ve svakam..i da e losa,kleta kako sto kazuvate za ljubov i pocit kon maz vi ke i pomognete.Ete na maz mi baba mu e zena malku so cuden karakter,malku si e i kleticka znae da te navredi solzi da ti potecat i posle da se kaci kafe da pieme i taka neknja i se kaci pretisokot vo 23h i so sveki ja nosevme na bolnica (ne zasto moravme tuku toa e covecnost,da pomogneme) . Nie bevme 3 deca pa site si odevme vo gradinka nemavme ni baba ni dedo vo kuka eve izrasnavme,pametni skolovani,nisto ne ni fale. Imam kazano deka morav sin mi so nepolni 6meseci da go ostavam na neguvatelka doma zasto posle mozea da ne me primat pak na rabota (nekoj ke kazi ja deteto ne si go ostavam zaradi rabota na 6meseci,no toa e pusti pari na site ni trebaat plus dobra plata,dobra rabota taka lesno ne se naoga). Koga sin mi napolni 8 meseci go spremivme za vo gradinka,mislam 9 bese koga pocna da ode.Svekrva mi se ponudi da go cuva,no svekor mi bese na postela (pocina posle 5-6 meseci) i ke bese sebicno od moja strana da i go napravam i toj tovar.Inaku sin mi e 2god i 6 meseci i ni ednas nema spieno so baba mu ne deka zenata ne go zima tuku deteto ke ja cuvalo majka mu (mm raboti vo stranstvo po 3-6 meseci). Citav pogore kako edna feminka se zali deka svekrva i poveke ja vlecelo za kerka i toa e normalno,i mojata svekrva ja boli i gleda sto e mozno poveke da izvleci kaj zolva mi no jas ne se zamaram,cerka i e ja boli,kako mene sto moite mi pomagaat taka i ona saka da i pomogne na zolva mi no delenjeto na vnucinja navistina ne mi se dopaga toa ne i e vo red. Mnogu boli koga te delat mene nikogas ne mi bese vazno sto na tatko mi majka mu ne ni kupila ni edno cokoladce kolku faktot sto drugite vnuci sekogas duri i pred nas kazuvase deka se nejzini a nie sme tugi...decata kolku i da se mali toa go razbiraat.
     
    На Val-Dim и Maceto123 им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.955
    Допаѓања:
    219.247
    Пол:
    Женски
    Не очекувам и не сакам никој да се грижи и да ми помага околу моите деца. Јас почитувам и комуницирам, но си ја преферирам златната дистанца од сите.

    Сите сме доста различни само по себе, со свои принципи, критериуми и ставови кој светот, желбите и животот. Јас лично живеам онака како што јас сакам, моите дефиниции за воспитување и живот се лично мои, а поготово кога би се работело за мое дете, врв на се би ми било да го научам и да го гледам онака како што јас мислам дека ќе е потребно а некој друг, тоа ни под разно.

    Конкретно затоа постојат градинки и куп игротеки каде што моето дете ќе се социјализира и комуницира, а пред се културата би ми била неизбежна работа, благодетите од исходот според мене се одлични.
     
    На Maceto123 и ivi1987 им се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.045
    Допаѓања:
    76.624
    Пол:
    Женски
    Среќна сум што работам само прва смена а викенди и празници сум секогаш дома и затоа ќерка ми до 8,5 месеци си ја исчував сама,несакав од никого ни пола саат помош а кога почнав на работа си почна во градинка и еве веќе има 3,5 и сеуште така функционираме.Никогаш не сум сакала да ми чува дете мајка или свекрва зошто сакам јас да уживам со неа и среќна сум што тоа ми е овозможено со работното време.До сега се слчило три пати да ја причува мајка ми или свекрва ми на неколку саати кога требало да одиме на свадба.И бабите среќни и јас среќна.Вака си имаме добар однос и немаме замерки што многу ми значи.Ама сепак има луѓе кои работт во смени,немаат слободни денови,градинките работат само преку ден,викенди и празници не па тогаш сакала,неќела баба ќе мора да прифати да чува дете.останатото е само непотребен стрес.И никој не треба да се замара зошто бабата чувала внуче од золва или девер а неговите несака.Во случај да мора а несака е проблем што мора некако да се реши ама ако е за друга работа е стврно непотребен стрес и нервоза.
     
    На Maceto123, joy1, toogood и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
    Mорам овде да се испкуам оти ќе пукнам. Сега ќе се најди некоја паметна и ќе речи вие снаите само ситници барате за кавга.
    Прееска правев супа ама му беше рано за јадење на син ми, а требаше да се оди кај свеки оти ако не се појди еден ден сигурно утре нема да изгрее сонце, па реков ај таму ќе јаде да не шетеме ноќе.
    И одам јас ко мрдната со ваганот со супа в раце и ми вика "треба да јаде а". И помина еден час чекам да му се пријаде и место да го проба дали јаде супа таа зеде отиде в продавница со се него да се прошетала. Се враќа со веќе започната кроасана од 7 days си ја побарало само сега не ќе го одбива. И мм ами супата ами супа ете не сака а кроасана си крка. Мене од уши ми ќури, вријам. Му ја даде кросаната и доста му било, лижалче му купила и завршила работа.
    И врвот на се беше кога го бакна на уста, а предупредена е да не го прави тоа сто пати.
     
  13. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Pa ne odi kaj svekrvata koga mu e vreme za jadenje na maloto.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.947
    Допаѓања:
    134.552
    Пол:
    Женски
    Ова за бакнувањето у уста не го одобрувам у никој случај ... одвратна ствар. А за јадењето нз шо прајте толкава галама мора да е ова, не смее она, ако не е алергично или од било која друга причина не смее да јаде нешто ич не би се замарала дека го јаде. И ти нешто што не ти е убаво нема да го јадиш, може и нему супата не му била убава штом не сакало да ја јаде.
     
    На eloves и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. IveBrajan

    IveBrajan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    593
    Па јас како што сфатив супа не му ни било понудено, како свеки дознала дека нејќе детево супа? И извини за исхрана треба галама. Ако така тераме што сака детето да јаде, дај му само чоколади, пошто нормално тоа е поубо од спанаќ. Сигурно детето чоколадо би јадело а не нешто здраво. Родителите се тие што треба здрави навики за јадење да му створат ама ете, некоја свеки што смета дека не е голема работа, нека ручка дете кроасан со емулгатори и адитиви, ќе си преземе се во свои раце, пошто она го родила.
     
    На mama31, eutixismena и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.241
    Види, јас апсулутно се сложувам дека на дете не ни има потреба да му се даваат кроасани, смоки, чипсови.. итн. Вие помладите мајки (и јас во иднина) се надевам дека многу повеќе ќе внимавате(внимаваме) на исхраната и нема да растеме деца како нашите баби.
    НО, има големо НО, на бабите не можеме да им докажеме, затоа што нели, они веќе израснале деца во други услови и со други сфаќања.
    Мој совет, (кој мајка ми го применуваше со сестра ми, а и јас кога ја чував) е во периодот кога детето треба да јаде оброк, да биде јасно и гласно кажано што ќе јаде, оти бабите сигурно на будали ќе се направат и ќе му тутнат нешто по нивна замисла. Сестра ми до поголема ја чуваше жена, и однапред секој ден мајка ми и спремаше што треба да зготви, а кај бабите одевме со веќе спремно и нагласено што таа ќе јаде, па сигурно до нејзини 4-5 години.
    Да не зборувам какви трауматски изјави имаше зошто беше ексклузивно на доење до 6 месеци, итн. Како тоа 6 месеци а ништо не јаде, само цица? :) :) :)

    Затоа што бабите можат и на една година со грав да ја натепаат, без срам и перде.

    Во ситуацијава ја разбирам мајкава зошто и јас сум се нервирала за сестра ми кога сакаа да и бутнат нешто а ние сме и спремале што треба, ама па и научивме и ние без срам и перде да кажуваме не може, тоа и тоа ќе јаде, предвреме.
     
    На IveBrajan, Offspring и eutixismena им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.947
    Допаѓања:
    134.552
    Пол:
    Женски
    Јас сепак мислам дека многу драми околу јадењето не треба да се праат. Па му дала бабата ова, па му дала она. Е добро де отров не му дала. Би обрнала внимание денеска да внеси одредена доза витамини и тоа природно, не преку таблети, а за остало не драматизирам. Ако има проблем свесна сум, ке му го прекинам тоа јадење. Од едно чоколатце ништо не му е.
    Не навлегувам што ги храните децата, али коа ке видам дете чувано у просторија со мин 2ца пушачи, го хранат со вештачка кашичка коа демек од праска е, како не, па драми за едно чоколатце ... а бе ајде.
     
    На eloves и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.241
    И твоето држи вода :) Ама кај нас беше друга малце философијата. За неа се се готвеше посебно, дома цигара не се палеше, во сред зима сме се мрзнеле со мајка ми на тераса. Ние дома не јадевме глупости, не купувавме (чоколатца, смоки.. итн.)
    Мислам дека сепак треба бабите да знаат што треба, а што не на детето да му даваат. Можела место кроасан, пример, да му купи банана. Или да му објасни дека мора прво супа, па после може кросан.

    Мислам дека треба да има ред и да се почитува редот кај детето. А на бабите да им се повторува онолку пати колку ќе им треба да разберат.

    Нејзинава постапка (на бабата) во ситуацијава е ептен идиотска, зошто знаела дека детето има веќе ручек и некако премногу ноншалантен е односот. Вака кога гледаме, не е голема работа, ама подолгорочно, и ако е почесто, е.
     
    На tina-63, kjukli, eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  19. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
    Јас дури не тргнав на работа се беше во ред имаше и ред на јадење и ред на капење. Јадеше и тиквички, брокули, компири, моркови и секакви глупости без овошје не беше оставено.
    Нејзе и беше тешко и два оброци да му даде и гладно го легнуваше и истите ги вртеше секој ден. Ќе земам ќе и пратам оддома напраено ќе и пратам на сабајле. Амиииииии не го јадеше нешто малце касна и после купивме кроасана.
    Ова со кроасанава не е прв пат главно јадеше за ручек му беше еден период кај нејзе. Од работа и се јавував да смени и да му дај нешто друго. Дете со едно лепче маргарин се остава до 17 часот???
    И јас му допуштам не велам ама еден ден бидува не секој ден.
    Вчера одма таа заклучи дека несака супа. Секаде кај ќе појдиме на гости банани му нудат или за дома ќе му ја пратат ако не сака, оваа нашава со чипсот и смоки со играчка го пречекува.
    И друго значи децана само за надвор плачат ние со триста лаги дома го прибираме таа одма на продавница да го однеси и му вика земи си што сакаш. Јас утре ко ќе немам пари плачки и тепачки ќе има в продавница.
     
    На kjukli, eloves, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    380
    да се само цитирам хехе се убацив во дискусијата со блендер вратата и некако останав во сенка хаха.
    еве денес се истите муаети на мени(facepalm):yawn: