Jaс сум поборник за тоа децата да се праќаат во градинка ако мајката мора да се врати на работа после извесен период. Децата никако на чување кај бабите. Ни кај мајка ми не би го оставила на чување, не само кај свекрвата. Не само поради храната, туку и поради други многу битни работи во денешното време, кои сега ќе ви ги образложам. Прво и основно- Треба да се социјализираат со своите врсници. Затоа што децата кои од мали се пратени во градинка, и децата кои не се, т.е. кои бабата ги чувала се два спротивни поима во менталитетот. Децата кои оделе во градинка се поснаодливи, подобро се развиваат ментално, имаат некаков ред во животот створено,полесно се интегрираат во околината и ствараат пријателства итд. Додека децата кои се растени со баби, ова го знам од многу блиска околина, се развиваат по теркот на стар човек. Таквите деца по цел ден со своите баби и дедовци, слушаат бабски муабети, се диви и несоцијализирани. Научени само за нив да има и се да им е по газот. Секако нели, дека има и исклучоци, ама земено во глобала е поинаку. Што може од баба му да научи, денес во овој развиен технолошки свет? Да гледа турски серии? Да го влечка детето со себе кај комшики кај што ќе оговараат? Ќе му трчка по газот потоа мајката ќе си ја чука главата како погоре примерот? Знам дете од комшилукот кај мене во Велес растено со својата баба и прабаба, подиво дете не постои, оно нон стоп гледа попреку, и зборувањето му е со бабски изрази. Израснато во својот двор, и сега му е тешко да се социјализира со останатите деца. Многу битен дел во животот е со кого ќе се социјализира? Денес е животот брз, луѓето мораат да работат, затоа и нема денес деца кои си играат на улица, затоа што нивните родители се на работа, а мнозинството деца се во градинка. Затоа убаво размислете. Несакам никого да навредам со овој муабет, само кога ги оставате децата со нивните баби, не само поради јадењето, туку и поради многу битни работи треба доообро да се размисли. Ако сакаш твоето дете да биде нормално и прифатено од околината. Затоа што децата кои се научени со деца од мали нозе полесно се вклопуваат во средината, и потоа на училиште. Се разбира, ова не важи за деца кои растат со своите мајки, нели има мајки кои не се враќаат веднаш на работа. а инаку, секако дека е баба и треба да поминува ОДРЕДЕНО време со своето внуче, секој човек сака да си дочека, ама на некои работи не се прави атер, затоа што потоа се си влече корени во понатамошниот развиток на детето. Бабите треба да си ги сакаат своите внучиња, и обратно, ама не треба да бидат дел од нивното воспитување, одгледување итд.
Јас лично сум ЗА да го носиме в градинка. Ама било кој да ја започни темата за градинка на мм како нож под грло да му ставил. Имало детето баби и тетки. Тие со мајка му се ослонуваа на сестра му ама таа се омажи. Летово тутун ќе бери таа, само да ја слушнам да се пожали. Јас му имам кажано да се одвикни од памперсите или барем една год пред да оди на училиште. Проблемот е што во нашиот град нема место во градинките и бараат јаки врски
Седни со маж ти и образложи му дека не е инает во прашање,и дека нели далеку од тоа дека сакаш детето да го оддалечиш од баба му, или не ја сакаш свекрва ти и разни други работи кои можат на памет да му паднат, туку е во прашање развитокот на вашето дете. И отворено кажи му. Дали ти Петре, сакаш: нашето дете да биде нормално во својата околина согласно и времето во кое е родено, во 21 век, да се дружи со неговите врсници, да учи песнички во градинка, да учи да користи компјутер и др технолошки направи кои се денес неминовен и составен дел од живеењето, потоа кога ќе дојде ред за училиште лесно да се вклопи во околината, да стекне нови другарчиња, да биде добар и снаодлив ученик. Или сакаш да: Порасне во старо мало, да зборува со старски изрази, да гледа турски серии, да јаде нездрава храна, да е несоцијализирано и отфрлено во повеќето случаи, да е размазено, и да е одгледувано по теркот на почетокот на втората половина на 20 век? Јас со овакви работи не би си играла играчки и не би правела атери, ќе одам против сите и против Господ ако го има, а не само против маж ми кога се работи за иднината и развитокот на моето дете во нормална личност. Ќе се надополнам, затоа што ние денес во овие банана држави немаме што да вложуваме, потпросечни семејства кои едвај врзуваат крај со крај, нема тука капитал кој треба да се вложи да се отвори бизнис или незнам што. Затоа нас единствена опција ни преостанува да вложуваме во сопствените деца. Да ги учиме да бидат добри личности, добри ученици, да ги интегрираме во околината, да се бориме за нив, ако треба и над глава да им висиме додека не си ја научат лекцијата за нашколо и да им створиме ред и поредок во животот, да ги научиме да бидат во чекор со своето време, ментално, психички како сакаш речи го, и технолошки. Ако не го научиме на ова, детето ќе биде заостанато и аутсајдер во сопствената околина. Остајте ги и вие прикаските дека денес децата немаат детство затоа што не си играат криенка на улица. Си имаат они детство на свој начин, во чекор со своето време.
Абе од мравка,слон се прави.И кај нас се случило свекор ми пред сам ручек да и даде крем банани и ќерка ми ќе си се налапа и нема да сака да руча во времето предвидено за ручек туку два саати покасно.Јас му кажав он само ми рече лелее,згрешив и готово нема да се повтори.И после некое време пак ќе згрешеше.Ама не правев драми зошто тоа не се случува секој ден,туку ретко кога ќе отидеме на гости а детето си има ред за јадење и нема никаков проблем.Некогаш и мајка ми грешела и кога ќе сум и речела било дека детето си сака благо па сакала да му угоди.Лошо е ако се случува постојано па детето целосно го изгуби редот за јадење а ако е ретко тогаш нема фрка и нема потреба од драми.Плус @eutixismena ако толку ти смета тоа што свекрва ти му дава само ''глупости'' да јаде и ете демек за инает се ти прави тогаш најадено носи го детето кај неа,дома нека си руча па нека и оди на гости без ти да носиш тенџериња и тањири со супа и здрави оброци па после,свекрвата ваква,таква,никаква.Ако е свекрва не значи дека секогаш е најкрива,и нашите мајки знаат таква ''грешка'' да направат ама она пошто ни е мајка е супер и не го прави тоа намерно.Дај олабавете веќе еднаш и не правете проблем таму кај што нема и не правете драми од ништо,досадно е.Јас знам многу што имаат огромни проблеми со свекрви па пак гледаат некако да ја смират топката и не кукаат а за вакви ''проблеми'' смешно е да се збори,реално.
Ако збориме за исхрана, тогаш и во градинките е далеку од идеално. Не знам сега може има промени некои околу исхрана но знам дека се даваа порано пици, пудинг, чоколади, виршли, маргарин...И тука понекогаш им даваат во градинка вакви работи, вчера пример сладолед за ужинка. Ретко, но се случува. Малово за среќа озбилно си ги сфаќа советите од градинка и дома да ако јади многу благо ќе има црни заби и слично, па повеќе од две-три коцки чоколада не јади, и тоа ретко. Со мајка ми немам проблем кога се гледаме, таа повеќе и од мене пази, а свекрвата не ја ни гледам што му дава, заедно во иста просторија ретко сме, насамо го зема Ако живеете заедно е проблем, ако не олабавете. Или ако сте баш строги околу исрана, тогаш карајте се, ама не само со баби, туку и со воспитувачки прописно.
@ivi1987 Јас треба да одам и на работа кога решила да го чува нека го чува како треба. Имаме сите и поголеми од овие, ова беше само вчерашен пример. Ако сум ти досадна прескокнувајме во читањето.
Добро незнам, еве јас не одев во градинка, затоа што мајка ми ме чуваше додека тргнав нашколо, така да околу храната стварно незнам како е. Мене ми е поентата дека децата треба да се социјализираат со деца, а не со баби. Времето кога нашите мајки биле деца, или кога нашите мајки не раснеле нас, е два различна поима, светот отиде многу напред во секој поглед кога ќе земеш да споредуваш денес и пред да не претерам 15 години драстично е променет начинот на живеење, а да не зборувам за до пред 30 и кусур години. Неможеш на дете родено во 2010 година да му всадуваш вредности од предходниот систем. Денес нема време за губење и ако нашите мајки губеле време во однос на нас, ние не смееме тоа да го дозволиме за нашите деца. Затоа сме ние во глобала пропаднати генерации, не треба да дозволиме нашите деца да се развиваат во такви. Јас неколку пати сум рекла, дека ние сме генерација на дебили од повеќе гледни точки. Затоа што ретко кој од нас е нормално растен во нормални услови. Сите сме жртви на транзиции, војни, пљачкања, осиромашувања, бркања од работа, во поново време диктаторство на врвот на сите предходни работи. Јас себе се сматрам за дел од толпата дебили, затоа што кога денес размислувам како сум раснела јас, а како треба да сум, и ова што сум денес, од каде се потекнува доаѓам до заклучокот. Еве на пример, јас бев лош ученик. Затоа што некои работи, мајка ми не ги сфаќала за сериозни, туку си викала е ајде де, дете е. Ама не е така. Затоа што јас како дете имав потполна слобода да идам да се играм на улица кога сакам, никој не ми всадуваше навика ред и поредок кога е време за учење, кога е време за домашна задача. Во прво одделение добивав шамари од учителката затоа што не сум напишала точно или сум имала грд ракопис,и не само јас туку и другите деца, и мојата мајка тоа не го сфаќаше сериозно. Затоа што дете сум била јас. Нормално е секое дете да биде неодговорно ако му допуштиш. Затоа што не се раѓаш одговорен, туку стануваш одговорен. А кој е задолжен за тоа? А додека јас кога ќе имам деца, никој преку мене нема да одлучува, ќе одам против сите ако за нешто сум убедена дека не треба така, и ќе се трудам во секоја смисла да не потфрлам од него да направам ЧОВЕК.
Епа ете се решила ама не го чува како што ти сакаш и сметаш дека треба.И,кој е крив во ситуацијава???И јас дур одев на работа детето мое во градинка одеше иако свекрва ми е во пензија а мајка ми невработена,ама немаше жива сила што ќе ме натера да оставам дома дете со баба.А,штом баба чува дете,се знае како ќе го чува и треба да си се помириш со тоа.Ако не ти чини,дете у градинка и мирна глава.А,за дете одлучуваат двајцата родители а не само едниот па не ми држи вода оној муабет дека сопругот неќе да чуе за градинка,не му е само он родител.Како е најдобро за детето така треба да се прави и тоа е тоа.
Не сите деца имаат баби и дедовци што се прости, неписмени и гледаат само турски серии. За технологијата ќе очекуваш во градинка да го научат? Исто ред да му се става, здраво да го хранат, се тоа градинката? Децава сега се раѓаат учени, моиве баратаат подобро со телефоните од мене, најмалото е 18 месеци, нема нешто од техника, технологија што не се разбираат. Ред за јадење, спиење, раце миење итн, јас сум им створила, не очекував во градинка да ги научат ништо од тоа, ги носам за да можам да отспијам еден саат, два а не за социјализација и ред ставање. Јас како родител сум одговорна за воспитување, одгледувањето на децата, таа улога не ја префрлам на никој друг, ни на воспитувачка, ни на учителка, ни на баби, дедовци.
Kaj mene sin mi odi vo gradinka no zaradi smenite sto mi se po 12h , so pat mi ispagaat 15h odi na cuvanje i kaj babite. Problem so niv nemam,veruvam deka znaat da mu dadat i kroasana i cokolado..ic ne se somnevam vo toa. Znam deka se grizat za nego isto kako i jas,gotvat postojano da jade zdrava hrana no koga ne saka da jade kupuvaat i pica,burek,tost,sto toj saka toa,samo da jade.. Go ucat pesnicki,znae da gi pise nasite bukvi,brojkite do 20 na 3 godisna vozrast. Blagodarna sum im za toa i ne gledam potreba da se raspravam ako jadel kroasana ili mu dale cokolado,gricki povremeno,veruvam ne mu pikaat sekoja den ...
Ми се чини дека ти живееше во Австралија, така да тоа е различна приказна одовде на Балканот, подруг е и менталитетот, плус незнам какви се таму законите, ама сигурно и добиваш некаков паричен надоместок за децата, или ти како мајка си на некој начин парично да речам, заштитена. Плус платите таму и платите во Македонија смешка, подобро да не зборувам. Овде мораш одма да се вратиш на работа ако планираш да преживееш. Да, не се сите баби прости, ама повеќето се, они не се во чекор со ова време. Затоа и намерно напишав горе, дека има и исклучоци, кое најверојатно секогаш се занемарува.
@Offspring вистина е дека времињата се сменети ама лично повеке би сакала мое дете да биде воспитувано на старински начин како ние што сме биле воспитувани него ли денешниве модерни родители кои допуштаат се живо и диво на децата у име модернизација на времето. Претпоставувам дека сме тука некаде јас и ти со години +/- па сме раснети во исто време. Ете јас за разлика од тебе бев одличен ученик зошто мајка ми и татко ми знаеле да ми ја вродат таа навика дека коа ке се дојде дома од школо се одмара саат - два и после се седнува се учи. По улици никад не ми давале да скитам по цели денови со девизата - Пусти бригу на весеље. Се знаело кога се излага, кога се седи дома и се учи. Се знаело кога е време за ручек кога се шета со другарки и сл . Муабетот ми е дека е до тоа родителот како ке се постави спрема детето и колку ке му дозволи да извољева и да си тера по негово а тоа не е детерминирано од времето во кое сме живееле него од самиот човек. Еве па и во денешно модерно време иако имам близу 30 години и ден денес татко ми паника крева ако не се приберам дома во нормално време и ако скитам по улици до 5 саат сабајле и ете не го гледам тоа како некоја затуцаност на стариот и сл баш напротив. Од друга страна ги гледам денешнивне деца како се воспитувани за разлика од нас. Не се знае кој јаде кој пие, никакви домашни вредности ете така да ги наречам . Цел ден по улиците, дечковци / девојки имаат уште носот не знаат да си го избришат, седат со несудени свекрви по дома уште на 15 години кафиња тераат џоа млада невеста мислиш, навечер излезени до ниедно време под изговор една младост имаат сега ако не шетаат кога . Е како бе кога ? Вистина е дека ние можеби во некои погледи сме позатуцани, немало мобилни, немало компјутери и таблети ама ете што ни фали што на постари години сме ги добиле. И тие научиле и ние сме научиле да чепкаме по истите.Имам одено во градинка ама и имам седено дома со баба. Градинката според мене секогаш ке бидее најдобар избор за развојот на еден млад човек особено во тие години кога се учи нови работи и најбитно од се се учи како да се социјализираш со други луге за разлика од тоа дома затворен по цели денови. Но тоа не значи дека домашното воспитување и воспоспоставување на некои вредности и граници треба да се занемари. Во тоа време ке разберам и неуки биле повекето, баба ми покојна со едно основно завршено сигурно нема да ме научи дома стани јазик иили квантна физика , ама барем денес повекето родители (баби и дедовци) па и не се до толку паднати од марс да не знаат со дете да седнат читанка да прочитаат и сл па времето да биде исполнето само со гледање серии. Што знам ете можеби и јас сум затуцана на некој начин, ама кога ги гледам децава во моја околина си викам боље да се трудам да задржам нешто старско во моето воспитување отколку слепо да ги следам новите трендови.
Не зборев од финансиската страна на нештата, мене ми беше зборот дека не можеш да очекуваш воспитачката во градинка да ти става ред на детето, тоа е работа на родителите. Не го занемарив тоа дека има исклучоци, јас баш напротив од тебе имам повеќе познавам баби и дедовци (ово за Мк зборам, не за тука ) кои се со високо образование, не гледаат турски серии, значи нема да имаат негативно влијание на внуците туку позитивно. Ете дедо ми е 83 години, ми се јавува на скајп, вибер, праќа слики, му праќам слики, ако се сака се може да се научи, интернет е не е научна фантастика.
Bidi srekna sto saka da ti go cuva deteto. Ima babi sto se tegnat doma bez nikakva obaveza, a ne sakaat da prevzemat odgovornost za cuvanje deca. Vtoro, ova so zdravava hrana epten preteruvaat. Jas sum da se dava ovosje, zelencuk i se po red... Jas isto taka imam malo devojce i gledam zdravo da se hrani ( a kolku se zdravi ovosjeto i zelencukot vo denesno vreme znak? ), no ako izede kruasan, cokoltace, cips ili smoki da ne se otrue? Ne velam deka istite treba da zamenat obrok, no sto ako kasne.... Jas koga gledav se zdravo, se po tertip da jade, se otepav od trcanje po doktori, sega davam sve zivo osven salami, pasteti, majonezi pa detevo neznae sto e doktor.
Не не, далеку од тоа дека тогашните вредности како добро воспитување, почит итн не вредат и денес. Секој се стреми кон тоа затоа и реков треба да вложуваме во нашите деца, како што твоите родители вложувале во тебе, да ги направиме нашите деца добри и нормални луѓе. Ама пак останувам на тоа дека детето од мало треба да се дружи со своите врсници, а не со своите баби. а не дека и не постојат неозбилни родители и денес, кои ги пуштаат децата на глава да ти се качат.
Па има врска финансиската состојба и те како. Затоа што ти можеш да си приуштиш своите деца ти да си ги раснеш, т.е. да немораш веднаш да се вратиш на работа, а твоите деца да немораат во градинка. Финансиската состојба игра и те каква улога во целокупното живеење. Плус ти имаш три деца како што гледам на не многу голема разлика во години, па се социјализираат меѓу себе, едното учи од другото и така. Овде на Балканот луѓето едвај се осудуваат едно дете да имаат во немаштијата, и ретко кој има да си дозволи сопственото дете да го чува дома до школска возраст. Во главно или чекаат барем 2 години да наполни па да го пратат во градинка или бабите дома да го чуваат. Секако дека има и постари луѓе учени де, ама не се сите. Повеќето се простотилук седнат пред телевизор по цел ден. Тоа ти гарантирам.
Битер тоа е така зошто ти имаш можност да бидеш дома и да ги воспитуваш. Во Македонија нема таков избор. Инаку веќе мислам сме дискутирале, сосема го поддржувам ставот дека мајката бар првите години треба да има простор да се посвети на детето.
Ние сме тоа што јадеме. Факт е дека на детето треба од мало да му ја всадиме потребата од здрава исхрана а не џанки фуд. И ако мајката се стреми во таа насока, готви супи, и домашни кашички и плус оди на работа, не може тук-така бабава да се појави со кроасанот и завршила работа. И после детево секој нареден ден се треска од земја, неќе да јаде домашно приготвена храна, пошто нели кроасанот и смоките се послатки. Забранетото е секогаш послатко, фала Богу, но не и поздраво кога збориме за храната. А за моментот дали детето треба да седи со бабите или да оди во градинка, и јас цврсто се држам до ставот дека детето треба да посетува градинка со своите врсници. Имам примери од соседството каде дечиња кои се израснати со баби, седнуваат на маса, фали уште кафето и тераат муабети со рекла-казала по примерот на бабите со кои поминуваат најголем дел од времето. Користат нивни реченици, изрази/фрази, се интересираат ид типот како/што/кој тоа?!! Мислам, тоа е толку жално и не природно и невкусно за гледање тие мали дечиња да се понашаат ко тетки/стринки и чичковци. Сепак не може да се занемари финансискиот аспект за одењето во градинка. Реалноста е таа. Најдобра инвестиција е инвестицијата во образованието на нашите деца, па добро е да се прават напори во таа насока.
Само еден пример од секојдневие: се караа братче и сестриче (некои 5-6 години), и девојчето му рече "Господ да те казни". Да де, од турските серии. Ама не е вина на бабата, и родителите нивни си гледаат. Па маливе ги знаат сите ликови и си прераскажуваат серии. @bittersweet, далеку си одовде за да знаеш до каде е дојдена работата. Оваа, свежа генерација баби и дедовци генерално со тоа се занимаваат - турски филмови, и немаат баш нерви за чување деца. Генерално, а секако дека има исклучоци. Ама искрено, би одбрала градинка. @ilyan, ти можеш на твоето дете што сакаш да му даваш, ама ете некој не сака да му дава мајонези, салами и кроасани. Ако родителите сакаат да има ред, не е фер некој да го нарушува целиот тој труд. Е сега, ако не го гледаат детето секој ден, нормално дека ќе сакаат да му купат чоколатце и да го израдуваат. Тие моменти се паметат цел живот. Ама да ти ремети ред секој ден, не е океј.
Леле ќути со изразиве хахаха нека е со помин имам слушано од мали деца. Стварно е неспоредливо животот надвор од балканот со животот по запад или другите континенти. А особено во Македонија, неможам да поверувам дека ама 24/7 мелат турски серии по програмите, за тоа зборував и на едно друга тема дека намерно се на простачки начин синхронизирани за да влезат во сечие уво и простотијата со нив да се поистоветува. Ама неморам подалеку да гледам, кога ќе дојдам во Велес кај мене дома баба ми нон стоп гледа. Од еден програм на друг шалта и само тоа се гледа. Овде во БИХ колку многу муслимани живеат па ne се пуштаат толку многу турски серии. Ама затоа на кабелските и на пинк програмите си мелат, сета среќа барем не се синхронизирани И замисли го пуштиш ти детето бабата да го чува, она седната по цел ден, тоа турците мелат на телевизорот синхронизирани, детето слуша и впива и после користи такви изрази. Нека е за арно! Бљак! А и уште нешто како доказ. Ете отвори ја категоријата Филм и ТВ овде на фемина во подкатегоријата серии и види колку отворени теми за турски серии има и погледни колку млади жени и девојки ги следат. И тоа девојки кои имаат милиони начини да си ја пополнат досадата, се одлучуваат да гледаат т.серии. А замисли пак старите што телевизорот им е единствен извор на забава Не бе, повеќето баби во Македонија не се прости