Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бабите и нивното помагање околу децата

Дискусија во 'Брак' започната од Luna91, 28 мај 2015.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.804
    Допаѓања:
    266.886
    Јас среќа во градинка раснев, зошто добро се сеќавам кога баба ми ме чуваше (кога сум била болна на пример), и кога цееееееел ден со комшиските баби ги оговараше комшиките, снаите, итн :) :) :)
    Јас ептен би сакала да можам сама да си ги растам до школо децата, ама мислам дека нема да биде изводливо :( Ми следуваат 9 месеци и тоа е.
    Ама нит на мајка ми нит на мајка му на дм не би ги оставила, освен ако ептен, ептен не морам... се надевам бар.
     
    На bertold му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Јас имав совршени баба и дедо, ама дедо ми само не’ шеташе во природа а баба ми не’ оставаше што сакаме да си играме и да гледаме цртани по цел ден. Е, кога не’ чуваа другите, по цел ден се гледаше парламент и мораше да бидеме тивки, да не сметаме. Знаете во 90тите колку се гледаше парламент. :D Па одевме во други соби и си се чувавме сами.

    Искрено, мајка ми нема такво трпение, ни оддалеку, нити пак мајка му на дечко ми. Преголем товар би бил и за нив на цел стрес што го претрпуваат со работа, грижи и обврски, уште да треба и за моето дете со трпение да се грижат. И ние бевме многу помирни деца од денешните, па не се споредува. Едноставно мислам дека не би се справиле секој ден со чување внуци. Добро е да ги гледаат што почесто, но не со цело работно време. И тие сакаат да одморат, па нека биде и со турска серија и глупи српски шоуа, и тоа мора да го разбереме. Градинка е супер ем за социјализација, ем за мир во куќа.
     
    На WhiteCat33, dunika, eutixismena и 3 други им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Очигледно не се разбираме, немам ништо против градинките само мислам дека нивната улога не е да ми го воспитува детето, тоа е работа на родителите, дали дома седат или одат на работа нивна работа е да му стават ред на детето, затоа се вика домашно воспитување.
     
    На baby-star, zuto, stefanija70 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Не се сите баби и дедовци криви за размазувањето на децата.
    Малце ли родители има што ги имаат направено лигави децата?

    Ние бевме 4 внуци и пораснавме со дедо ми, и ништо не ни фалеше.
    Не носеше во парк, по други дедовци со внуци, не научи да сметаме, се грижеше домашното да е напишано, книгите прочитани, креветите наместени, рачињата и запчињата измиени итн итн.
    Имаше ред кога што да се прави.

    Ај јас додека растев мајка ми не беше вработена и поголемиот дел од времето поминував со неа, плус чувањето од дедо ми, но брат ми порасна со него. Детето научи да смета и да игра шах, да вози точак на 4 години. Тој беше високо образован и културен човек и не се замараше со комшиски муабети.
    Премногу ми недостига да бидам искрена. :(

    Кога ќе имам дете (се надевам за брзо), би сакала да оди во градинка пред се заради социјализација со врсници, но во ова лудо време кога навистина е тешко дете да запишеш во градинка, затоа што има огромни листи на чекање и требаат јаки врски, настрана од фактот дека условите во сите не се на ниво на нормална градинка и воспитачките се со сомнителен капацитет, не би ми сметало да го чува мајка ми. Сепак е педагог и знае како со деца, не верувам дека би го размазила.

    Редактирам: Воспитувањето не е само „Денес деца ќе учиме за ... или денес ќе пееме песнички“, туку децата се како сунѓерчиња и впиваат се што се случува околу нив.
     
    На crazylady, eutixismena, stefanija70 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Tocno, vo denesno vreme ako ne se gradinkite kade ke se socijalizira deteto?na edna poznanick svekorot i svekrvata (postarite generacii) na snaata i se obrakjaat so NEESTO i maloto sekojdnevno slusajki gi, na majkata, namesto so mamo i se obrakse so NEESTO! Mozete da zamialite kolku lesno vpiva detskiot mozok.
    @LivingGlam jas ne davam majonezi kaj procita deka davam, i ne zamenuvam obrok so kroasan.. Jas rekov deka ne e strasno ako pokraj zdrava hrana kasne i nesto "nezdravo".
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.804
    Допаѓања:
    266.886
    Тоа е точно, но многу деца од 9 месеци одат во градинка, па родителите баш и не можат да имаат контрола врз секој аспект од воспитувањето.
     
    На ilyan му/ѝ се допаѓа ова.
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Ехеее од теорија до пракса знаете колку е далеку. Едно ќе планираш друго ќе изреализираш. Ај вие што сте без деца и навивате за градинка од најмало ќе разговараме кога децата ќе треба да тргнат. Иста бев јас како вас, дури и порадикална, синко мора во градинка од 9 месеци и ниту една баба да не замарам. Е арно ама градинките во нашата општина се пре пре полни. Кога ќе речам преполни значи по 40 деца во група. Кај најмалечките во јаслито пак има набутано креветчиња во занималната и децата цел ден не ги вадат од креветче, затоа што нема каде да прошетаат. Башка по две деца во креветче. Која социјализација живти се кога детето е цел ден буквално во кафез. И сега "шу праиме"??? Не го примаат, а и да го примат ко папагалче во кафез ќе седи 8 саати. А мама на работа мора, за да растеш дете пари треба.
    Баба ќе си ја помолите дур не потпркне дете и те како. Нашата баба пред да го чува детето го гледаше еднаш на 10 дена, навиките воопшто не му ги знаеше.Јас сум и благодарна што воопшто се нафати. Колку и да сме различни јас и она се нафатила детето да ми го чува и јас мани не наоѓам. Се разбира имаме различен пристап кон детето за се, ама мора да се прави компромис. Разговор и договор може колку толку да се постигне, па сите сме возрасни. Јас станувам саат време порано сабајле и му ги спремам оброците. Со цел она воопшто да не се замара и да ми го чува детето како треба, тоа јас што спремам му дава да јаде, Обавезно го шета надвор, и успева да го успие. Јас сум задоволна и не извољевам незнам што.
    Од друга страна и да ги пратите децата во градинка од 9 месеци, пак има денови кога баба треба да помогне.Период на настинки, вирози, си заглавил на работа (приватен сектор така е) баба да имаш на лагер е многу вредно.
    Целта на муабетот ми е не можеш да кажеш јас го праќам детето во градинка од 9 месеци и крај, решен проблем, никој не ми треба.
     
    На dunika, MiloMalo, joy1 и 16 други им се допаѓа ова.
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Јас сум пораснала со баба и дедо . Баба ми беше строга . До душа дедо ми имаше мека душа , не знаеше не да ни каже ниту мене ниту на било која од внуките ( вкупно 5 сме ) , но секогаш не учеше да го цениме трудот . Ме научи да читам течно на 4 годишна возраст , исто и сама да си ги врзувам врвките , да сметам , да бројам до 50 итн . Што се однесува за мојте деца , би ги оставила на мајка ми или свекрва ми само ако е неопходно . Инаку и јас сум за да се носи дете во градинка . Еве син ми не е сеуште почнат со полни 2 ипол ќе почне у септември да оди во градинка . Ќе си земе ред за се . Мене инает ми тера а жал ми е да го карам а за ќотек ич не помислувам . А за социјализација , богами мене многу ќе ми помогне . Во маало кај нас нема ниедно дете . Само едно албанче на негова возраст е , ама не се разбираат . Нашево му зборува на македонски , комшивчето го гледа и се чуди . Тоа зборува албански , син ми се чуди ( па и јас се чудам , порасната сум со македонски деца и не разбирам албански ) . Со Господ напред па ќе видиме како ќе биде :|
     
  9. Pinkglass07

    Pinkglass07 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    18
    Дали сте мирни ако го оставите детето со свекор/свекрва?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Adorabela

    Adorabela Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.070
    Пол:
    Женски
    Најмирна.....знам дека детето ми е тип топ средено ,најдено,пресоблечено,наспано.
     
    На drugarka и Pinkglass07 им се допаѓа ова.
  11. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    3.823
    Пол:
    Женски
    Со свекрва ми да. И онака мн ретко ги оставам, ама не ме одбила до сега.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Не. Не го оставам. Не дека жената е лоша или неспособна. Но, не може да го чува онака како што сакам јас.
     
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.592
    Допаѓања:
    39.622
    Пол:
    Женски
    Порано не бев,постојано ја мислев. Сега сум помирна. Иако ептен ретко ги оставам, во два,три месеци дали еднаш ќе ги оставам
     
  14. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ја остаив на еден саат и и се јавив 3 пати (facepalm)
    Очигледно одговорот е не.
     
  15. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Не сум мирна со кој и да ја оставам освен со татко и речиси две години е ...
     
    На lovely91, nevermet18, Madrugada и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    45.935
    Пол:
    Женски
    Во почетокот бев со резерва, ама сега имам 100% доверба во нив. Нема да биде како со мене,ама најадени,напиени,наспиени,наиграни ќе се.
     
  17. Pinkglass07

    Pinkglass07 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    18
    Да, така некако и јас. Јас сум премногу приврзана со ќеркичката и имам проблем кога и да ја оставам. Дали само јас сум таква?
     
    На Kasiopaja221, nevermet18 и elimkd им се допаѓа ова.
  18. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Сум ги оставала на свекрва додека сум била на работа и сум била мирна,затоа што имав полна доверба во неа.
    Инаку ако мислиш под ,,мирна,,да ми недостигале, никогаш на преспивање,празно креветче ме ужаснуваше,исто по работа,за викенди додека сум дома сакав да си сме заедно цел ден.Знаев дека брзо растат,дека секој период,момент, од нивниот развој е неповторлив и сакав до максимум да го искористам тоа време.
    Сега кога пораснаа гледам дека сум била во право.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Го оставам на саат два да завршам работа. Летам, гледам колку шо е можно побрзо да се вратам, постојано ми е во мисли. Со кој сака нека е, исто реагирам. Не сакам да си го оставам детето, јанѕа ме јаде.
     
    На mal.ecka и Осе им се допаѓа ова.
  20. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    45.935
    Пол:
    Женски
    За неколку часа што ќе ги оставам да завршам некоја работа, навистина немам проблем. Со преспивање не сум ги оставила сами кај баба и дедо никогаш досега.... сум немала прилика и не знам како би реагирала во таков случај.