Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бабите и нивното помагање околу децата

Дискусија во 'Брак' започната од Luna91, 28 мај 2015.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    102.170
    Пол:
    Женски
    Да, на почеток не бев ама брзо се навикнав. Психичкото здравје е поважно од се друго, пред се за бебето, ако јас паничам и тоа ќе биде нервозно, ако бабата е сосема ок, не гледам причина да паничам. Мојата го чуваше како што ќе кажев и сеуште е така, со мали исклучоци, нормално, не е се сјајно. Битно да не му наштетува на детето, да не ми наштетува со тоа на мене и да не прави работи кои се штетни за сите. Лани и на одмор го пуштив со нив во село, прекрасно си поминаа, цел живот ќе ми биде благодарна за тоа зошто тоа им беше последен одмор заеднички со дедо, и јас сум уште повеќе задоволна со мојата одлука.
     
    На Cosmic Girl, CameliaMiller, hello-kitty.90 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Со свекор да, со свекрва не. Тој прави се како што ќе му кажам, а таа прави се обратно.
     
    На Bubish26 и Мамичка им се допаѓа ова.
  3. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    13.985
    Пол:
    Женски
    НЕ!
    Еднаш ја оставив на кратко и ми се јави и ми вика плаче не знам што и е и го слушам бебето кај вришти додека да дојдам дома поминаа 15 минута и од влезни врата ја слушам кај вришти само што влеговме со татко и ништо не и беше и реков од тогаш никогаш повеќе а со мајка ми немам такви проблеми не дека ми е мајка сеедно ми е тоа ама такви стресови немам со неа а и знае да се справи со бебиња/деца.
     
  4. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Да. Реално само во свекрва ми имам доверба кога е во прашање малиот. Го шета, си игра со него, со еден збор ја обожава баба му. Па само она и јас му го знаеме редот на син ми.
     
    На S.J.Parker и drugarka им се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Да. Во три куќи можам да го оставам: моите, неговите и тетка ми. И го оставам со мирна глава. Го гледаат, му прават замимации, јаде, пие. За спиење не го оставам.
    Ако е жената на место и го гледа детето зошто да не одморите со сопругот?
     
  6. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Со свекрва ми да, со свекор ми не
    Ма да мојот многу сака кај свекор ми да оди..
    Почнувам со работа на 18ти, па ќе го чуваат и двајцата.
    Помирна сум кај нив да го оставам него со комшиката или дадилка..
     
    Последна измена: 9 јули 2022
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Pinkglass07

    Pinkglass07 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    18
    Мене не ми е страв дома, туку надвор од дома да ја пуштам да ја шетаат, не знам зошто. Пуста мајчинска интуиција.
     
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    Се надевам нема да ми замериш што ти пишувам вака, но мислам дека не треба од една ваква случка да извлекуваш општ заклучок.
    Ако на детето тоа му било прв пат да остане без мама и тато, со друга особа, без разлика што и е позната и што ја гледала додека сте биле сите заедно, многу е нормално да се уплака. Особено ако е доволно големо да разбира кој е околу него а кој не е. Не е необично да плаче од страв. Колку попривирзано за мајката, толку поостро ќе реагира на сепарацијата. Ако се научило дека кај оди мама и тоа оди, секако дека при првото разделување ќе реагира на ваков начин.
    Нормално е и бабата да не може да го смири во таква ситуација не затоа што не знае да се справи со деца, и таа била мајка на бебе некогаш, туку затоа што во моментот детето нема да го смири ништо освен присуството на родителот. Може ќе го залаже на кратко со нешто па пак ќе си продолжи да си плаче. Ако е доенче може да се случи истото, затоа што не се работи само за млекото и за глад, туку си ја бара бебето да си ја осети мајка му за да се успокои. Тука и шишенце може да не е доволно. А во ваква ситуација кога бабата и те како може да е свесна дека и е ограничена моќта да го успокои и тоа да ја прави уште понесигурна и вознемирена, што бебето го осеќа и така во круг си се вртат и двајцата.

    Мој совет е ако се остава првпат со некого насамо, да не се планира тоа да е долг период. Нека е пократко отсуството на родителите, за да се види како ќе реагира детето. Потоа да се остава повторно, постепено да се прилагоди, да му се даде простор да се навикне на сепарацијата.

    Мојот внук, кога имаше година и нешто, золва ми реши да го остави за прв пат на неколку саати кај мајка и, татко и и брат и, со намера да одат на некоја прослава. Јас се најдов тој ден кај нив (не бевме во брак сеуште). Детето не живееше со нив во куќата, туку во близина живееа и секојдневно доаѓаше со родителите кај маж ми и кај баба му. Ги обожаваше сите нив, сите ќеифови му ги правеа.
    Е баш тогаш, кога виде дека мама и тато заминаа дотерани без него почнаа плачките. Четворица возрасни јас, маж ми, свекор ми и свекрва ми, се обидувавме да го смириме на секој начин. Што не правевме да го залажеме. Ќе се подазпреше на момент, па пак ќе продолжеше со плачење. Почна и да замалува. Почнаа да се преиспитуваат луѓево дали можеби не го боли нешто, да не има мака некоја, а незнае да си каже.
    На крај се јавија на неговите, им ја расипаа вечерта, ги викнаа. Се засекира и золва ми дали стварно не е нешто неарен и си дојдоа.
    Малиов само што ги виде на врата од плачење на цел глас, во секундата наеднаш запра и се насмеа од едно до друго уво. Им олесна на сите што испадна дека не му било ништо на детето, се испосмеаа сите со него. Ги премори и ги препоти...
    Настанов не се повтори уште еднаш. Детето си го оставаа на чување, тоа постепено си се привикна да седи без мама и тато. После и често си преспиваше кај нив.
     
    На Annath, CameliaMiller, Oneo и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    Дали е стварно интуиција или е нешто друго?

    Преиспитај се искрено дали не проектираш некои свои лични стравови околу тој страв од шетање надвор од дома.
     
    На Annath, CameliaMiller и Angie1432 им се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.592
    Допаѓања:
    39.618
    Пол:
    Женски
    Исто и мојава. Кога прв пат ја оставив сама кај моите и кај свекрва ми, абе зајдела од плачење. Ми се јавија да ја земам. Потоа немаше проблеми од таков тип.
     
    На CameliaMiller и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  11. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    13.985
    Пол:
    Женски
    Ја имаме оставано и претходно и со неа и со мајка ми.
    3 месеци имаше кога се случи ова и од почеток не е на доење на ад е.
    Ама свекрва ми е многу вознемирена кога и да ја оставам да ја причува на кратко и ваљда бебево осеќа и оно се вознемирува затоа не ми се остава веќе ни на сат време.
    Инаку не ти замерувам јасно ми е дека неможе никој како ние да ги чуваме и да се осеќаат со други како со нас без разлика колку и да се мали. :hug:
     
    На lovely91, CameliaMiller, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    Малку мора да се преиспитате и себе кога велите дека не ги оставате децата на чување не затоа што не ги чуваат добро, туку не ги чуваат исто како вас. Никогаш нема да ги чуваат исто како вас. Се додека детето е добро згрижено со нив и безбедно, во ред е.

    Баба и дедо не треба и не може да ги чуваат внуците исто како нивните родители. Тоа е целата поента.
    На детето не треба да му е подобро со други луѓе отколку со неговите сопствени родители.

    Нереално е како родители да очекувате дека оној што ви го чува ќе прави се како што правите вие. Ако тоа го барате од бабите и дедовците, дадилките, тетките или кој веќе и да го чува, прашајте се зошто имате такви барања. Дали можеби не претерувате со презаштитнички однос и дали можеби вие немате проблем со приврзаност кон вашето дете, а не тоа со вас.
    Би лажела ако речам дека не сум се осетила така кога ми растеа децата и кога морав да ги „оставам“ или да на некој начин да ги водам кон осамостојување. Кога ми се роди првото дете плачев на помислата дека еден ден ќе ми замине од домот. Сега тука малку и хормоните си влијаеа, ама еве годинава ќе станува полнолетна, уште ми се насолзуваат очите кога ќе помислам дека утре може да замине од дома негде да учи и живее.
    Како што детето се учи да станува се посамостојно и независно од родителот, така и родителот се учи да се одвојува од детето. И тоа е процес кој трае цел живот. Конечно битно е детето да застане на свои нозе да се изгради како своја личност, самостојна и способна. А не да биде паразит залепен за родителите.
     
    На MissChievous, Осе, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    Осеќаат на таа возраст многу добро во каква психичка состојба е тој што ги држи. Дали по гласот, ритамот на дишењето, по срцебиењето или по несигурниот фат на рацете. Ова не е непознато во научните кругови..

    Јас мислам дека моето второ дете заради мојата сигурност во себе како мајка, беше помирно бебе од првото дете. Не само заради разликите во нивниот темперамент.
     
    На Krismare, TeddyGrey, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ок се напна.
    Нема потреба психолошки профили и анамнези да вадиш.
    Не сака мајка да си го остави детето. Крај, точка, нема дискусија.
    Сака мајка да си го остави детето. Крај, точка, нема дискусија.
    Преиспитај се па преиспитај се.
     
    На MeowMeow, Noemi, Milkiway и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    Јас сум мнооогу изрелаксирана.
    Обратно сум од напната.
    Психолошки профили и анамнези? Далеку е ова од нив. И тоа би можела да го правам, ама за тоа си има време, место и начин.

    Овде дискутирам за јавно поставено прашање на јавна платформа.

    „Нема дискусија, па нема дискусија.“ :D

    Па јавен форум е ова. Дискусијата е целата поента!

    Ако не се слагаш, фино.
    Изнеси свои аргументи и кажи ја својата страна на нештата.
     
    На baby-star, Clear, TeaMea1 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.155
    Допаѓања:
    124.998
    Пол:
    Женски
    Па, нема лошо во тоа родителите да си ги преиспитаат ставовите.Некои родители имаат премногу очекувања од луѓе кои не се должни да им ги чуваат децата.
     
    На baby-star, Glasna, Milkiway и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Воопшто не е муабетот за тоа. Прашањето беше просто, дали ги оставате децата кај баби и дедовци.
    Ни очекувања ни ништо. Сеа ако фаќаме да филозофираме за секоја ситница, да думаме кај ќе биде крајот на темава.
     
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    Еве ти прост одговор тогаш.
    Сум ги оставала. Не само на чување туку и на преспивање кај нив и на море во странство со нив оделе и на планина по цел месец седеле.
    Децава еве големи се, па баш пред некој ден си збореа колку им било убаво на тие одмори со баба и дедо. Пак сакаат со нив да одат, ако се толкави "магариња".
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.568
    Пол:
    Женски
    Еве јас не го оставам моето. На свекрва ми ни во лудило, пред мои очи ја гледаше внуката од девер ми, па знам како оди чувањето, а на мајка ми ептен кога морав, значи крајна ситуација. Мајка ми е паничар и ми е преголем стрес знаејки ја каква е. На пример син ми пага се сопнува од тепих, станува без плачење ништо како да не било, и таа почнува да се тресе и плаче. И сега нормално син ми ја гледа како плаче и тој по неа викнува. Јас не знам кој попрво да смирувам. Кога е со неа во такви ситуации ми се крати животот а и не сум мирна што дете како дете нормално ќе пага наместо да го смири таа без ништо го паничи.
    Сега е поголем и веќе сам си бара да оди, ама не е захтевен за рака и во раце да е постојано.
    Каде и да требало со маж ми постојано е со нас. За излегување кога не можеше да го носиме се менувавме со маж ми на смени. Искрено никогаш не ми зафалило слобода, затоа што со маж ми супер функционираме кога сака некој од нас да излезе ако не сме во можност сите тројца.
    И да ви кажам помош одбивам од прв ден откако ми е роден, мирна ми е главата. Искрено и да сум барала помош а да ме одбијат нема никогаш да им се налутам. Не ги имаат моите години ни мајка ми ни свекрва ми. Плус мајка ми со хронична мигрена, не смее ич да се заморува. Најубаво ми е кога сами си го чуваме како што е отсекогаш.
     
    На Green Ivy, elimkd и lovely91 им се допаѓа ова.
  20. Justify

    Justify Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми е 4 месеци, прво дете ни е, прво внуче од двете страни. Единствено на кој би можела да ја оставам да ја чува е мајка ми и сестра ми.
    Другата баба, е тип на човек што...на прв впечаток изгледа мила, фина, релаксирана. АМА последен пат кога беше кај нас, да си "игра" со неа, толку се исфрустрирав, толку никаков осет да се има, за тоа како детето се чуствува.
    Ќерка ми е мирно дете по природа, може човек да ја остави саат време со играчка во релаксатор, и самата си игра.
    Кога дојде она, " ајдее баба, сега ќе те лула", од еден крај на друг крај од релаксаторот. Ко со ментални проблеми. " Еве еве знае она како да си игра", де вака де онака ја држи. Детето ниту плачеше, ниту и беше нешто. Таа вечер од што беше нервозно, едвај ја заспавме во 2 по полноќ. Беше истрауматизирана од целата, нејзина хетика.
    Сфатив дека ОНА си играше со неа, како играчка, си го направи меракот, си отиде дома, среќна, излуфтирана, а нас не остави со нервозно дете ( што е реткост кај неа). Последен пат ко дојде, за среќа заспа малечката пред тоа, а во меѓувреме ни солеше памет " ЕеееЕ па јас секаде те носев Н (на маж ми+ заради што, не излегуваме поради корона), не ја учете на тишина да спие". ( *се дери намерно додека зборува да ја разбуди*).
    Кажете ми, како да се справам со ваков тип на човек, а пази: Ако и кажеш дека лошо ја држи, не сакаш вака да и прави, се ПОВРЕДУВА госпожата, и почнуваат драми( на маж ми: кој ли те изгледа тебе, знам јас како да гледам дете етс).
    Кажете ми како да останам трпелива, бидејќи ако си ја отворам устата, нема да стапне никад