Ако ми се мешаат при воспитување и одгледување на децата ,а ќе ми се мешаат ич нека не ми помагаат оти наместо да ми помогнат ќе ми одмагаат.За на крај да можат да ми го плеснат при секоја расправија,ние ти помогнавме,не фала колку и да е тешко ќе се издржи некако ни прва ни последна нема да бидам.
Да ти кажам право во последно време сѐ повеќе слушам за вакви модерни / мрзливи баби. И тоа мајки на мајката. Порано се веруваше свекрвите дека се змии и не помагаат на снаата дека нели не е тоа нивното дете, ама мајка на сопственото дете да не помага е жив грев. Многу често слушам и дека бабите и дедовците немаат обврска да ги чуваат внуците од било какви причини (не зборувам не дај боже здравјето да не ги служи) и сакам да ги прашам истите тие дали сметале дека нивните родители,тогаш баби и дедовци исто како нив немале обврска да ги чуваат нивните деца т.е нас кога сме биле мали?. А сите се сеќаваме на одмори со баба дедо распуст на село итн. Колку фамилии знам бабите што децата не одеа во градинка ем ги чуваа ем куваа ручеци мајките да не се мачат сѐ на готово кога ќе дојдат од работа. Сега нешто нова мода е ова, време за себе, шетанции, дремење на фејсбук, мислам малце забегаа... Ти скокаат на глава ајде внуци внуци внуци и кога ќе дојде ред за да ги чуваат, оп трт.
Veke ne se zamaram da e ziva I zdrava svekrva mi.Pocnav na rabota ona ja cuva,Jas si gotvam I cistam ona samo na nejze I e posvetena.Srekna sum Sto si e doma so poznati luge
А зошто мајките да не се мачат, се' да ни е на готово? Па нека дремат на фб. Никаква должност немаат баби и дедовци. Претежно овие што осеќаат и мислат дека имаат должност некаква, си земаат за право да носат одлуки место нас, родителите. И така настануваат расправии. А друга работа, јас мое дете нема шанси да пуштам на одмор со баби или дедо. Нити со мајка ми, нити со другиве. Немам доверба. И јас утреден кога ќе сум постара и децата ќе ми се пораснати и секое по свој пат, сакам да уживам, да шетам, да имам време да правам што сакам, а не да се очекува од мене да слугувам на снаи, синови, да им правам ручеци, по цели денови да чувам внуци. Да, да причувам, да помогнам, да се најдам колку можам, ама дека ќе сум некоја опседната со нив, тешко. Си имам јас свој живот и сега не сакам животов да ми се врти само околу детето, па ни тогаш нема да сакам. Не си мрзлива ако не го живееш животот како што сака снаата/свекрвата.
Тоа што немаш доверба во никој од твоите најблиски, твои родители и на мажот, тоа е твој проблем. Тие му се баба и дедо, што лошо му мислат на внучето? Дај боже ќе бидеш и ти баба,па ќе те прашам како ќе се осеќаш ако ти каже синот/ќерката дека немаат доверба во тебе да ти го остават детето. Сите што сме растени на лето со баба и дедо влакно не ни фалело. Одговорноста е уште поголема кога чуваш внуче. Сметам дека никој не треба да се мачи, фамилијата за што постои? За да помогне. Старите помагаат за внуците, а подоцна тие помагаат за старите кога ќе смогнат на постари години. Барем во повеќето семејства што ги знам и во моето е така. Од прилика ми е јасно зошто имаш вакво размислување. Или не ти помагале па не си увидела колку значи, па утре и ти ако можеш да помогнеш на сопственото дете или не дозволуваш да ти помогнат зошти мислиш дека ти знаеш најдобро. И океј мајката секогаш знае најдобро, останатите се трудат колку што знаат и како умеат. Можеш да ги научиш како да ти помогнат или да им посочиш. Не реков да им доделиш старателство, зборувам да ги чуваат, некогаш да преспијат кај баба дедо сѐ во нормални граници.
Па кога свекор ти ќе го земе твоето дете во кола на 65 години и ќе се врати со него полупијан, дали мислиш дека тој дедо му мисли добро на твоето дете? Или пак ако од твој инает зошто нели гордоста не им дава да послушаат родител, пред ручек/вечера скришно го товат со благо или кифли, иако си рекла не, дали и тогаш му мислат добро? Кога од бебе се трудат да те понижат и да те направат неписмена само зошто не правиш ко што сакаат? Да продолжам? И не ми кажувај не се сите такви, има исклучоци, да, ама во многу мал број. Со секоја една до сега што сум седнала и правела муабет е вака или слично. Ако заслужам да гледам внуче ќе гледам. Ама ако сум посесивна спрема него и се правам попаметна од неговите родители, ќе заслужам богами и да не го гледам. Продолжи вака, ќе видиме што ќе кажеш утреден кога ќе имаш снаа/зет. Не секоја баба заслужува се што ќе и текне на г'зот, само зошто ете е баба. Никој во денешницава не трпи ко порано. И да, баш напротив, со мене се караат зошто не чуваат внуче, јас ги пренасочувам кај син им.
Океј, извини. Не ни можев да замислам дека некој може да направи вакво нешто. Имаш право изгледа нормалните се во мал број.
Ја читам темава и нема единствен одговор. Да речеме дека денешните баби се 'помрзливи' од нашите баби на времето. Но од друга страна, нашите баби 80% беа домакинки што цел живот не оделе на работа и во најголем дел ги надживеаја дедовците и дочекаа длабока старост, а нашиве мајки ни се пензионерки со накалемени хронични болести (која срце, притисок, по некоја операција сите со по нешто), голем дел од жените до 40 веќе одамна и немаат еден родител. Од друга страна социјалните мрежи си го направија своето, имаме пензионери зависни од интернет , има и такви што живеат некој свој пубертет такада не можеш да кажеш нешто што би рекле дека еднакво ќе важи за сите. Генерациски јаз исто така си го праи своето, ние имаме нови начини на чување дете а они одат по застарени од пред 30 години Затоа според мене најдобра опција градинка иако фактот дека врски треба да фатиш за на ред да дојдеш од такт ме вади. Размислувам и за жена-бебиситер што би ги чувала децата во случај да настинат или слична причина, ама и тоа не се наоѓа лесно. Такада, им завидувам на мајките со свој бизнис, клизно работно време или опција за работа од дома, ништо боље од конци во свои раце.