Ваљда ти е доста темна. И јас со Schwarzkopf(Igora Royal) се фарбав на фризер, ама цело време само со една нијанса. Не ја осветлував и ми излегуваше постојано супер (додека еднаш не ме утна една ) Од тогаш ме фати инат, давав 1200 денари за фарбање (700 корен) за на крај да ме утињаат па и да се безобразни и почнав со Аура. Не ми се става слика затоа што веднаш ќе ме препознаат, ама ептен ми е светла бојата.
Не сум темна, него моравме да ја осветлуваме пошто претходно бев фарбана со некакви кафеави и смеѓи тонови... Инаку многу убаво делува и се постигнуваат убави богати тонови нијансирана на начинот како што опишав погоре... Сеа веќе години и години цепам со фарби од маркет и од Космо и супер ми е на буџетот
Викате тешко се добива ваква боја со фарба. А дали знаете дека уште потешко фаќа фарба на природна бакарна боја на коса? Еднаш пробав да ставам на еден прамен и многу грда излезе. Имам пријателка исто природна црвенокоса што цел живот се фарба црна. Не може да го искорени тој сјај што го има нејзината коса. И свети косата особено на сочева светлина.
Друго прашав. Инаку на фризер ќе ми ја вадат црната. Само што овде им се скапи фарбите по боја. Од 20 евра нагоре,затоа сакав да си земам од аптека. Ако знаеш одговори ми.
Не ми стои. Пробав перика во еден салон, бојава си бара некој што е бел во лице. Но, си најдов друга боја и здравје следната недела ќе се фарбам.
Здраво девојки и јас никако да си ја погодам нијансата а многу си ја сакам бојава дали може да споделите со кои фарби се фарбате?
I jas mnogu sakam da ja farbam kosata vo bakarmi tonovi.se farbav so garnier 8.1 no vo posledno vreme mi pagja bojata od prvoto mienje,i plus mi doagja i posvetla od prirodnata boja.sto i da stavam na kosa kaj mene fakja samo garnier i.1 ne mi drzi poveke.Dajte soveti kakvi farbi koristite? Inaku sum so bel ten i zeleni oci(ne se bash svetli ocite)
Бојата е многу специфична баш пред некој ден кај една девојка ја видов многу ми се допага. За колку време опага оваа боја, до лани немав ставено фарба на коса, сега сакам да менувам, само ме нервира што посакувана боја брзо се менува во слична на неа и за да се одржува треба фарбање на 2,3 недели
Бојава на фризер може да се постигне без некои осветлувачи и бланш, на посветла кафена коса? Некако не ми се става тоа, а ептен сакам да ја пробам бојава.