Sto treba da znaci baknez vo celo od nekoj sto prethodno ste se gledale no ste ostanale vo dobri odnosi?
Најубаво чувство, посебно кога ќе ме бакне во кафич кога сме излезени или кога се испраќаме па таман до устата му сум и ќе ме бакне. Прекрасно
За жал..или за среќа, не дозволувам секој да ме бакнува во чело.. Пробале, ама сум се повлекла.. Овој бакнежов во чело ми е врв на интимност... ма каков оргазам, каков секс...Кај мене не се стигнати на таа скала на интимност како бакнежот во чело А тогаш кога ќе дозволам.... само тие што ме бакнале го знаат значењето за мене
Бакнежот во чело верувам дека е посебен за секоја жена и поттикнува најдлабоки чувства и восхитена разнеженост.Можно е моќниот ефект на тој бакнеж да е поврзан со приврзаноста и посебната врска на таткото со ќерката,таков е татковскиот бакнеж па ги потсетува жените на татко им кој е во состојба се да направи за своето дете.Тој бакнеж силно ми напомнува на покровителска нежност и заштита.
Не сум одамна добила бакнеж во чело. Тој бакнеж ми влева чуство на сигурност, дека личноста што ме бакнува ме чува и се грижи за мене.
Дечко што ми кажа дека не ме сака но можеби ке ме засакал ако сме излегувале (и ако тоа беше последен пат заради х причини се одкажав а премногу го сакав) пред да се разделиме ме гушна и ме бакна во чело.. Што да мислам за ова???
Бакнежот во чело е навистина топло и посебно нешто. Во чело ме бакнале две особи само. Сопругот и ден денес . И еден бивши со кого имав платонска љубов.
Бакнежот во чело ми дава чувство дека навистина ме сака , од сите бакнежи мислам во чело е единствениот кој е знак на вистинска љубов.