Бакнеж кој ме прави да се чувствувам љубена, сигурна, спокојна, почитивана и од кој секогаш ми се вцрвенуваат образите
Се сложувам со горенаведените мислења, бакнежот во чело, некако влева сигурност, почит, чувство на саканост....
Мене дечко ми секогаш кога ме носи дома и пред спиење ме бакнува во чело...некако во навика му влезе тоа!!!
definitivno najubaviot i najiskreniot baknez...pravi da se cuvstvuvas posebna,sakana, zastitena...letam koga ke me baci decko mi vo celo...obicno koga gledame film ili koga lezam kaj nego na ramo...togas me osipuva so baknezi vo celo po kosa
Спомени, спомени буди овој бакнеж. Секогаш кога ќе ме испраќа, цврсто ме прегрнува и ме бакнува на челото, па на образ и пак цврсто ме прегрнува. Јас како што сум си нискичка, за да го бакнам во чело треба да се дигнам на прстиња
ммммм посебно нешто, најубаво чувство дефинитивно но баш би сакала да знам дали е искрено и како се чуствува тој ?
Најубавото нешто што може да се добие.Ми зрачи некако со сигурност,љубов,убавина..Ги обожавам бакнежите во чело особено добиени од дечко ми
Бакнеж во чело мислам дека значи дека партнерот те почитува и дека си прекрасна. Барем јас така си го имам тој бакнеж зацртано во глава.Често го добивам и навистина е преубаво чувството.
И јас се приклучувам на сите тие девојки кои кажаа дека го обожаваат овој бакнеж... Го давам,да,но само на особи кои заслужуваат... Е,него често го бакнувам во чело.. И секој пат се изненадува,иако знае што му следува...
Мене дечкото многу ретко ме бакнува во чело, а мене мн ми е убав тој бакнеж. А кога го прашав зошто не сакаш да бакнуваш во чело- тој ми рече па само умрените се бакнуваат во чело пред да ги погребаат. И јас не знаев како да реагирам после оваа реченица, дали да се смеам или... Сепак мене ми е убаво, па некогаш ме бакнува, ама не приметува дека ме бакнал
Го сакам бакнежот во чело..Кога дечко ми ме бакнува на челото,летам..Се чувствувам сигурно,заштитено.Некако тој бакнеж ми влева поголема сигурност.Ме исполува со среќа,мир и спокојство.А се случува и јас да го бакнам на чело.
Кога прв пат ,после долги интернет муаебети, излеговме со мојот сегашен вереник за добра ноќ ме бакна во чело...е тогаш знаев дека еден ден ќе ми стане маж... нема поубав бакнеж, мене ми значи дека е овде да ме чува и сака