Бакнеж во чело Ми влева толку топлина!Целото тело ми се опушта и чуствувам некое олеснување.Се чуствувам заштитено,сигурно...
Незнам кој ми имаше кажано дека демек само мртваците се бакнувале во чело јас не мислам така....мене ми е многу убаво кога некој ке ме бакне во чело и се чувствувам многу сигурно и заштитено.Мислам дека и тоа е значењето на овој бакнеж-сигурност,заштитеност и почитување!Го обожавам бакнежот во чело
Омилен ми е. Чувствувам дека се грижи за мене, дека му значам, дека ме сака... се чувствувам сигурна и единствена.
Го обожавам!!! Кога го добивам од некоја личност тогаш знам дека ме почитуваат и заштитуваат. Јас не можам да го дадам бидејќи сум метар и жилет и не можам да достигнам Се шалам! Многупати се случило кога нешто сум нерасположена или тажна да ме израдува сестра ми со овој гест и веднаш ми се променува расположението. Еднаш знам и кога се видов со мојот бивши ( се уште сме во контакт), среќен што ме гледа ме бакна во чело и ме гушна. Тоа никогаш нема да го заборавам!!!
Дечко ми уште кога ми беше само другар од сите девојчиња кои што бевме во друштвото,мене само и секогаш ме бакнуваше во чело и отсекогаш го обожавав тоа,а и сега постојано го прави тоа,мене ми е мн. убаво,искрено и чисто.Чувствувам како се грижи за мене
Ах колку убави чувства ми буди ваков бакнеж. Некако заштитнички ми е , сигурен ... Кога му бев лута помина и ме бакна изненадно на челото..ајјјх преубаво ми беше се чувствував како мало детенце кое сега е заштитено и кое нема потреба од ништо да се плаши . Ваквиот бакнеж ми влева голема доверба.
најмногу го сакам! кога ќе ме бакне в чело или на косата се чувствувам сигурно како да сака да ме заштити како некое мало детенце сум и така ми е батко треба да ме чува и заштитува
Бакнеж во чело ми е нешто најнежно, безразлика на тоа од кој го добивам (мајка ми, сестра ми, дечко ми) Најчесто сестра ми ме бакнува во чело и обожавам кога го прави тоа...
Последно го добив пред 2 и пол недели... Прекрасно чувство, осетив сигурност и безгрижност. (и сега најтапа делот) Штета што не сме заедно повеќе. Ни тогаш не бевме, ама сепак.