Многу често го добивам од љубениот, и нема зборови со кои би го опишала тоа чувство... Посебно е, многу поразлично од бакнеж во образ или сл. Знаејќи ја неговата симболика, земено во целост... Исполнета сум... Кога јас го давам, посакувам нештото засекогаш да трае... Бакнеж во чело не се поклонува секому... тоа е тоа што го прави посебен, само за личности што ни се во срцето
Посебно чувство на сигурност, заштита, смиреност... Убаво кажаа неколку феминки дека нема точен збор како да се опише овој коктел на емоции
Единственото совршенство. Кога ќе ме баци во чело се чувствувам сигурно и сакано. Гледам колку е нежен и покрај силата. Како немо да ми кажува дека е секогаш тука за мене. Дека ми ја љуби душата.
Секогаш ме бакнуваше во чело пред да си замине или кога ќе дојде и ми кажуваше дека ме сака.... а нашата разделба добив бакнеж во чело но не и Те сакам
често знае да ме бакне во чело го сакам тоа... се чуствувам сигурно,заштитено,срејкно....како да мојата иднина ке биде она сто сакам... тој бакнеш и исто времено прегратка многу ми помагат,да се смирам,бидам сигурна во се....
Ахх... Кога ќе ме гушне и ќе ме бакне во чело..Се осеќам како најсаканото суштество на светот. Се осеќам сигурно, безбедно, изгубено, заљубено, среќно, сакано...Најмногу го сакам овој бакнеж, многу ми се допаѓа. Ептен.
еден од најпрекрасните, најромантичните бакнежи. ме прави да се чувствувам заштитено,сакано, а понекогаш и ми буди спомени на детството, онаа невиност, невина насмевка. обожавам кога ќе ме бакне дечко ми по чело.
Го добивам често во последно време. Неможам да го опишам чувството само знам дека е прекрасно, ми дава на знаење колку ме сака, обожава...
На почетокот често го добивав тој бакнеж,но и сега исто. Уфф буди во мене бура од емоции,чувство дека сум сакана и дека никогаш нема да ме остави,сигурност,нежност, внимателност,би сакала тој момент да се замрзне и така да остане засекогаш.
Го обожавам бакнежот во чело и во врат. Ме прави да се чувствувам исполнето, посакувано, чисто...искрено.
Се чувствувам прекрасно и заштитено . Често ме бакнува во чело, т.е. пошто носам шишки на нив , и многу ми ги сакал. Или на око кога ќе ме бакне. Немам зборови...... И ај после не чувствувај ништо.
Дефинитивно нешто најубаво на свет се осеќам сигурно , почитувано , сакано .. браво за мажите што го прават ова
Ммм најубаво нешто се чуствувам заштитено,сигурно, убаво, сакано, почитувано мислам дека цел све т е мој а и често го практикуваме