Дали ви се допаѓа ова девојки? Искрено јас го обожавам. Не најдов ваква тема ако е дупла нека ја избришат.
На ваков начин за мене е најубав. Додека вози мисли на мене, што значи се грижи и за мене. Се чувствувам сигурно и безбедно со него.
Обично го прави тоа додека вози или кога седиме некаде на кафе, кога шетаме..на почетокот ми беше онака чудно ама сега ми се допаѓа, посебно кога вози и додека му објаснувам нешто размафтана со раце ми ја зема раката и ме бакнува.
Se prepoznav na slikava cesto go pravi ova, ne samo vo kola i ubavo se custvuvam a sto i dali nesto znaci hm
Најдов нешто за значењето за бакнеж на рака. БАКНЕЖ НА РАКАТА Едноставен, но елегантен, бакнежот на раката има огромен потенцијал да ве освои. Води потекло од далечното минато и го издава џентлменскиот карактер на оној кој го користи. Ако некој ве бакне на раката тој потајно ви вели„Почестен сум со твоето присуство“ или„Те обожавам“. Во високите кругови во Европа се користел и како замена за зборовите „Мило ми е што ве запознав“. Во секој случај, значењето на бакнежот на рака е исто – тој пренесува почит и восхитување. За жал, денес тој изгледа малку старомодно и ретко се користи.
Од кога сум со дечко ми, па се до ден денеска, секогаш кога ќе се видиме или кога се испраќаме, ме бакнува на рака, а мене ми е тоа многу убаво. И како што рече Амбрелка погоре, со тоа тој ми пренесува почит и восхитување, и навистина е така. Едноставно го обожавам.
Како што кажавте погоре и јас бакнежот на рака го сметам за голема почит Преубаво е чуството кога онака случајно ке ми ја фати раката и ќе ми ја бакне Порано не обрвнував баш внимание на ваквиот бакнеж и не ми беше којзнае што но кога убаво ќе размислам тоа го прави уште од почеток некој период после почетокот на нашата врска. Ме радува затоа што тоа го прави кога не очекувам,секако без претерување Додека вози се случува повеќе пати ,кога сме излезени онака начекува некој момент затоа што јас несакам никакво лигавење во јавност