Темава е јасна, дали бакнувањето на јавни места е според вас ок или е непристојно. И дали вие практикувате бакнување на јавни места?
Бакнување на јави места! Јас и дечко ми не практикуваме ништо повеќе од обичен бакнеж во уста на јавни места. За француски па и да не збориме. Не мора сите да не гледаат како се лигавиме, приватноста ја чуваме заштитена максимално, дури кога ќе излеземе во друштво ни се чудат, добро бе, ниеднаш не се залапавте. Е да беее, ќе излеземе со друштво во дискотека и место да уживаме и да си поминеме убаво, ние ќе се лапаме како напалени тинејџери? Малку време зар имаме на само, за лапање и се што оди со тоа? И да не е само поради приватност, не е ни културно спрема тие што се со нас, без разлика и да сме парови.
Бакнување на јави места! Според мене е многу непристојно. Имам еден таков пар во друштво, ќе седнеме сите на кафе и тие го зафаќаат скоро цело сепаре во полулежечка состојба се лапаат пред сите.За некои нема место каде да седнат,а тие двајца буквално лежат. Никој не сака да седи до нив, ги одбегнуваме. Имам дечко но никогаш не сме постапувале така. Тие моменти ги чуваме само за нас, не ги споделуваме со сите наоколу .
Бакнување на јави места! Ми се случувало порано така да седнам на момент со другари, додека другарките пушат надвор. И они со девојките цело време се лигавеа. Многу глупаво, неизживеано тоа делува. Како да не виделе женско па мора пред сите да го прават тоа. Инаку мене ми е поубаво на само, покомотна сум.
Бакнување на јави места! Ех кога ќе видам така некој на јавно место да ви кажам право не знам на која страна да гледам. Ми паѓа незгодно.Не оди ни за се ѕвериш во ''нив'',а пак ете мораш да гледаш натаму. Кога ќе си размислам подобро зошто па мене да ми паѓа незгодно,тие треба малку да се засрамат. До сега во мојов живот само еднаш се имам бакнува на јавно место,навечер беше,но да ви кажам кога ќе поминеше некој покрај нас,едноставно ќе престанеме,се додека не останеме сами. Не е културно,може еден бакнеж во уста,но не и француски бакнеж. Ајде кога ќе видам тинејџери и не ми е толку чудно,но кога ќе видам повозрасни се ''зашљапале'' на јавно место,ми се гади!! Има и време и место каде се прави тоа.Едноставно не оди така. Тие интимни моменти треба да бидат приватни. Не е должен секој да ги гледа вашите интимни работи со вашиот партнер.
Бакнување на јави места! Крајно непристојно и бедно. Првин ако сакате да се лижете со вашиот партнер, изберете некое приватно место каде никој нема да ве гледа каде вие се лигавите. За пример земам парови кои излегуваат со друштво и се драпаат и лигават пред цел свет- мислам што сакате да постигнете со тоа??? Да видат сите дека се сакате, дека добро се лапате или дека многу уживате и сте ненаситни??? Или некој пар сам, седнат во кафиќ??? Па зарем дома ви немаат кажано дека тоа е непристојно??? Има места каде што треба да се лигавите, драпате и е*бете!!! Бидете пристојни во јавност, па зарем немате што муабет да правите, па празнината ја дополнувате со бакнежи??? И јас имам дечко, и ние се сакаме и правиме се со ред, ама кога сме излезени во јавност, небитно дали сами или до друштво едноставно не се бакнуваме. Па сме излегле да направиме муабет, да се изиграме, да јадеме и пиеме... Како што немам влакна на јазикот, во една прилика, на еден пар со кој бевме излезени на кафе, почнаа да се бакнуваат и дечкото почна да ја фаќа за нозете, како беше на страна наместена и за газот, јас само ги прашав: ДАЛИ ПЛАНИРАТЕ СЕГА ДА СЕ СОБЛЕЧЕТЕ И ИЗЕ*БЕТЕ??? Ако е така, јас и дечко ми да си станеме???
Бакнување на јави места! Бакнеж во уста да ок но француски бакнеж е тоа е too much а поготово кога сте со друштво собрани,на кафе или на сред плоштад не никако делува малце претерано и невкусно.
Бакнување на јави места! Многу мрзам кога ќе ги видам некои што се лигават така, баш денес додека чекав автобус едни средношколци дечко и девојка се утепаа од бакнување а ваму и повозрсни луѓе и да не ти е незгодно туку и глупаво, јас незнаев како да реагирам кај да се свртам... како да нема да се видат никогаш во животот повеќе, ок ако имаш дечко шетај држи го за рака штознам бакнеж ај обично на уста ок ама за повеке.. непријатно е барем на јавни места.. а дома што сакаш прај му
Бакнување на јави места! И мене не ми се допагаат француски бакнежи во јавност, знаеме така понекогаш да се бакнеме на уста на кратко но не долги сочни бакнежи...
Бакнување на јави места! Едно е да се гушкаш, да се држеш за раце или да се бакнеш онака, ама кога ќе видам како се шлапаат сочно на јавни места, и во паркови на пример пред пензионери како им седат по скутови се фаќаат не знам ти што ми се јас од секогаш си бев примерна за тоа
Не го одобрувам бакнувањето на јавни места. Тоа е без осет, без обзир кон другите. Кој сака да го гледа тоа?
Безвезе ми е било каква размена на нежности на јавни места. Ептен ми е глупаво, лигаво, непријатно... Не мора да значи дека повеке се сакаат тие што се лигават јавно од оние што не го праат тоа.
Nesto vo posledno vreme retko gledam mladi da se baknuvaat na javni mesta. I koga vidam epten se zagledam mnogu mi e slatko da vidam Mi se cini vo moeto vreme lugeto (mladi) povekje se baknuvale i guskale na javni mesta. Navistina! Sega samo vo troa telefonite zverat
Се случува да споделиме по некој врел бакнеж, ама избегнуваме. Сепак мислам дека непристојно и некултурно. За првиот дејт добивме поплака дури... Хахах.. Но, прв дејт е нели, па треба да ни опростат. Се шалам, не ни беше баш пријатно кога го слушавме тоа, па се поприбравме. Гушкањето е во ред, но во умерена доза...