Затворени. Мада, јас некад ѕиркам, него го фаќам како ѕирка додека јас ѕиркам , али мање битно е ѕиркањето
Ја исчитав цела тема и деф. појак е филингот со затворени очи! А има и вистина у бакнувањето со отворени очи, си знам од искуство со првиот дечко кога уште не знаев како иде цела работа со лапањето и... дури него му беа скрооооз затворени, јас фино лепо си глеав цело време и тоа од ништо друго, него од страв да не се залетам ептен и да не ми проработаат тие смотани пеперутки за некој што ми беше на почеток само експериментално глувче. И си глеав како типот ужива, дури и ми делуваше толку беспомошно како копнее за повеќе дури јас си бев на земја цело време. Подоцна веќе ми се изгуби ваквата фобија да ја наречам, и ептен ретко ги отварав. АЛИ , ако го слушате Бруно Марс внимателно - Should've known you was trouble from the first kiss, had your eyes wide open .. just saying Денеска не размислувам така, со ваков блесав резон али верувајте ова ми помогна да не се затрескам у типот предвреме т.е барем дури ОН не биде прв што ќе осети повеќе.
Јас со овој што се мувам сега секогаш ни се отворени очите.Не дека јас сакам да ни се отворени,но тој така ме научи.Незнам некако.. тој ми вели ужива да ме гледа па ајде и јас...убаво е во секој случај,но со затворени е поромантично.
Со затворени Поубаво ми е,автоматски си ги затворам А тој со отворени чат пат...Ги имам и отворено,ама не е убаво со отворени Ама на автобуска еден од нас подотвараше очи да видиме до кај се патниците,дали се качиле за да тргнам со автобусот До последно се бакнувавме Сакам да беше сега тука да го цмокнев
Па не би сакала додека бакнувам некого да му ги гледам порите на лицето, а тој да анализира дали тазе ми се депилирани брковите. Дефинитивно со затворени очи
Пред многу години, имав еден дечко со кој секогаш кога се бакнувавме, кога ќе ги подотворев очите се среќавав со неговите ококорени очи и поглед ала ,,блее ко теле,,!Уфффффффф, уште језа ме фаќа кога ќе ми текне на тоа! Затворени очи дефинитивно!
Некогаш сум пробала онака со отворени, али што знам, дури језа ме фаќа. Отсекогаш сум се бакнувала со затворени очи, без разлика дали тоа ми бил дечко али мувач. Со затворени дефинитивно, уживам, и се препуштам и се препуштам, и гњурам, и пливааам... А и пострасни се бакнежите да да. Многу љубам да го љубам.
Со затворени беее. Еднаш само ги имам отворено со еден мувач и забележав дека една типка сочно не гледаше Траума ми има останато од тогаш
Никогаш не ми било јасно тоа бакнување со отворени очи, и многу гадно ми е кога на сред бакнеш ги отворам очите а него веќе му се отворени. Имам чувство дека не ужива во бакнежот, не му е убаво со мене и што уште не ми паднало на памет. Ама ете после се што прочитав сега, сватив дека џабе глупави мисли ми се врткале низ глава
Според мене нема врска..Јас обожавам да го гледам дечко ми додека се бакнуваме,а исто така и уживам кога се бакнуваме со затворени очи.Такада според мене тоа и не е битно,ако сакаш стварно да се бакнуваш со него,не е битно дали се отворени или затворени очите...Мое мислење!