Ок се резултатите, нема зошто да си испаничена. Полека малку, нема потреба. Тие горе ко крукчиња, значи дека не се присутни во урината, а другите се ок. Нема причина за страв и паника.
Потруди се да не паничиш толку, во бременоста не ти треба тоа. Се' ќе биде во ред, не се грижи. @monibejbi досадна е ешерихијата. Земи и чај од диво оригано, многу е ефикасен. Секако пиј го антибиотикот, и обавезно пак да направиш уринокултура после тоа.
Јас правам во авицена ама моеш и во други заедно ти доаѓа резултат ако имаш бактерија со антибиотици на кои што е осетлива бактеријата
Најпрво со промена на начинот на исхрана, го заменив белиот леб со интегрален леб, односно леб направен од интегрално брашно и во него додавам најразлични семки да биде повкусен, благите од слаткарница никако, чоколади, кексеви од продавница тие бои и тешки шеќери ги заменив со урми, храна од животинско потекло исклучив скроз, плус благодарение на тоа си го средив и холестеролот замена за таа храна ми беше, брокулата, гравот, бадеми. Е сега, бидејќи ниту еден лекар нема да ти го каже ова горе напишаното, како и тоа дека бактеријата е еден сложен организам, поради кои се прават одредени хемиски супстанци или антибиотици, во лабораториите се прават експерименти со бактерии, бидејќи истите брзо се размножуваат и според тоа може да се тестира како одредена хемиска супстанца делува на истите тие бактерии, што значи, антибиотиците кои се произведуваат се направени за да се ''закачат'' само на одреден дел од бактериите и истите да ги уништат покрај милијарда бактерии во организмот и кога јадеш секаква рафинирана храна и животинска која содржи контаминирани бактерии, истиот тој антибиотик се закачува на тој одреден рецептор и ја уништува бактеријата, меѓутоа бидејки овде има милијарда бактерии, кај одредени бактерии доаѓа до мутација, мутација е грешка во копирање на генетичкиот материјал, а бактериите имаат милијарда гени, поради неколку причини истиот тој ген се оштетува, тој дел од бактеријата на кој антибиотикот ќе се накачи, истиот дел на бактеријата поради мутацијата се деформира и антибиотикот не може да се закачи за тој рецептор, туку тој делува кај оние бактерии каде што не дошло до мутација, така што овие бактерии се уништени од страна на антибиотикот, АМА оваа бактерија која МУТИРА она се размножува и тоа е што лекарите кажуваат, батеријата станала одпорна на антибиотици, реално не треба да бидеш биохемичар да сфатиш што е мутација. Јас немав некој посериозен проб со ешерихија за многу кратко време ја излечив, додека кај некои луѓе треба подолг временски период, околу 3 месеци. Најдобри препарати против ешерихија се: ешерихија вранилова трева, бреза, корен од магдонос, мелилот, раставич, увин чај. Од сето ова се прави течност и се пие, истите не само што уништуваат бактерии, туку и не дозволуваат истите да се вратат.Секако, не мора да се сложиш со мене, јас само споделив искуство. Поздрав
Ова со рецепториве и антибиотиков врска нема што ти е пишано. Секоја антибиотик има различен механизам на дејство врз бактериите не делува исто. Се прави антибиограм и се гледа дали бактеријата е резистентна или сензитивна на антибиотикот па се препишува терапија. Секој доктор кажува дека не треба да се внесува благо, храна со рафинирани шеќери затоа што самата бактерија го користи шеќерот при што се размножува. Да се пијат многу течноти, чаеви истото го кажува секој доктор.