Банкарските сметки на граѓаните под лупа на УЈП

Дискусија во 'Политика и настани' започната од cresa-jagoda, 11 август 2018.

?

Дали се сложувате со оваа измена во Законот?

  1. Да

    8 глас(а)
    6,7%
  2. Не

    103 глас(а)
    85,8%
  3. Немам став

    9 глас(а)
    7,5%
  1. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Не ми се допаѓа затоа што е козметика. :D

    Плус,впечатокот од буџетски аспект на приходи и расходи е,дека не се расположени за намалување на расходите:D,туку за јакнење на приходите.

    Има 1000 други приоритети во моментов.

    Главниот проблем со Буџетот е големината на јавната администрација и нејзиното постојано зголемување.

    Препораките на ЕУ се дека јавната администрација за Македонија треба да е околу 30 илјади,а моменталната состојба е 125 илјади and growing…:DНиту една Влада не сака да го погледне главниот проблем затоа што, тоа би значело трајно губење на политички поени,рејтинг и избори.:DСега со потенцијалниве можности што се отвораат за влез во НАТО и ЕУ и влез на странски капитал, Владата треба да разработи план,како во етапи би се намалувала јавната администрација.На примерот на Бугарија,ако околу 400 илјади нови работни места се креирани за период од 10-15 години,во нашиов случај тоа би било доволно и за оние 200 илјади невработени и оние 95 илјади кои треба да летаат од администрација.Како сме тргнале,немаме абер од намалување на расходите,а токму тие се основа за планирање на приходите во Буџетот.Затоа јазот т.е. дефицитот ќе се пополнува со вакви козметички закони и дополнително задолжување ако не се разбудиме.:D

    Дополнително,тие поголеми проблематични тендери каде имаше милионски провизии треба да се расчистат.Не верувам дека Кочан и С. Јакимовски се единствените кои треба да одговараат.:D

    Што се случува со О.Камчев?Нели избега во Бугарија поради даночно затајување во 2003-2005,па овие од ВМРО го прибраа и "амнестираа".Што прават овие од СДСМ во врска со тој случај?О. К. беше вклучен и во сомнителни шеми во Panama papers.Што прави финансиска полиција во врска со тоа?Или пошто ја поседува половина Македонија да почекаме да купи уште малце?:D

    Комплетно пеглање на топ 10 фирми врз основа на приходи е потребно.Нема фирма каде нема сериозни проблеми и проневери.

    Што се случи со Телеком?Уште ли предметот фаќа прашина во ЈО?Сите политичари потплатени,фатени на дело,корупција поради одложена конкуренција и трпање на милионски профити.Наместо ваква козметика треба сите да бараме да ни се рефундира одреден процент поради повисоките месечни трошоци и отсуство на конкуренција за тој период.:D

    Што е со донацијата од Израел која заврши на банкарски сметки во Унгарија?:D

    Дајте го предлогот за прогресивното оданочување...До каде е со таа работа?Разработено ли е? Одложено ли е повторно?Зошто?:D

    Казина и обложувалници...Дувла на мафија,тоа биле од време на Gambino,Bonnano,Colombo,тоа и ќе останат...Комплетно пеглање е потребно и таму...:D

    Финансиска полиција и перење на пари...Самсоненко ни се смее, и од Кипар бам X милиони евра…
    Ма гради хотели,купува клубови left and right…Ја поддржува македонската кауза...:D
    Негов бизнис во Русија? Казина и обложувалници...What a joke…:D

    Дрога?:D

    Доколку државата се занимава со реалните прашања и проблеми,има можност да заплени,конфискува имоти и реши предмети тешки неколку милиони евра.
     
    На MemoryOfUniverse, JuLleE и tambelina им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.647
    Допаѓања:
    140.778
    ќе се врати времето на праќање пари на роднини од странство у Македонијау плик. Оние од пошта пак ќе си крадат од пликцата :)

    Плус ќе морам да плаќам дупло здравствено а се лечам у последно време на приватно. Ќе треба да давам над 10 000 за ФЗО секој месец. Ова беше слично како она законот за хонорарци кој сдсш го критикуваа, сеа на друга врата истотот го прават.
     
    На Victorian и LivingGlam им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Не, не... ова полошо е... :)
     
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.647
    Допаѓања:
    140.778
    Консултантот Горан Рафајловски истакна дека со новите законски измени со кој Управата за јавни приходи ќе може кога сака да ги проверува банкарските сметки на граѓаните, истите ќе бидат „сомнителни“ за државата при секое примање на подарок во девизи од страна на нивни роднини што работат и живеат во развиените земји во странство.

    - Примањето на пари од роднини од странство се семта за подарок и тоа не подлежи на даночниот систем. Но, откако ќе се воведат најавените измени, граѓаните ќе мора да објаснуваат од каде им се тие пари кога УЈП непречено ќе ги проверува. Тоа е цената што треба да се плати за укинувањето на даночните пријави - коментира Рафајловски.

    И за секој роденден, обврска ти е да одиш у УЈП, на шалтерушата да и кажеш дека ти се од тетка ти 500 долари, ама ти ги пуштил син и од вториот брак, кој има различно презиме од неа... оти она не можела електронски да ги прати. Па на шалтерушата ќе и чудно, па ќе те пријави у МВР, па полицаец ко полицаец, за да не работи, ќе рече, ај смени име само у прјавата до ОЈО они нека си чукаат главата...

    И ете, следна година, ќе ви пратат пари по некој камионџија.
     
    На TutiFuti, Victorian, Aesc2000 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Ептен ни е супер државава све е средено уште ујп да ни ги гледа сметките
    ПРОСТ НАРОД глупости немат друга работа па уште ова фалеше .
    Што ако јас со години не живеам со родителите и немаме никаков контакт и они се задолжени и сеа треба мене да ми зимат пари ?

    Зар треба да идам да пријавам дека сум добила од тетками или др роднини пари за роденден,сум потрошиила пари во тинекс сум купила улошки ,јадење,зеленчук и да идам на шалтер за тоа да поднесувам.
    Катастрофа ..државава си стои во место како да сме 19ти век и неможе да мрдне се гушиме ,а они ке смислуват гледање на сметките ...сметките се приватнос што има некоја вработена од ујп да ми знае (може комшика ми е)сметки и колку плата зимам и сл.

    Прво нека си ја средат државава од ѓубре,собраќајот па после нека ни гледа ујп сметки!
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Не се грижете:

    „...во јавноста се прошириле многу неточни информации.
    – Оние шифрирани приходи што не се предмет на персонален данок на доход, како на пример дознаки од странство, не се предмет на проверката по автоматизам – дециден е Гацов.

    И премиерот Зоран Заев вчера ги смируваше граѓаните дека парите што ги добиваат од своите семејства во странство нема да се оданочуваат. ...„

    извор
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Банкарите негодуваа уште во 2015 година кога се донесоа тогашните законски измени, со кои се прошири бројот на институции што може да бараат од нив податоци за сметките на клиентите.

    Кои други институции имаат преглед во приватни сметки бе???
    Ајдее... не знаеме кој што се' може да ни проверува..
     
  8. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    11.647
    Пол:
    Женски
    ^Мислам дека МВР има пристап до сметката на некој осомничен.
     
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Само да не ми гледаат колку пати одам до Кам оти сум заборавила нешто, или, да ми излезат утре у јавност со бомбастичен прес за тоа: колку многу пари сум потрошшила на шминки, креми...како ваков човек би ја водел државата?! Тоа, кога за 5г од сега ќе се кандидирам за прецедник :bug:
     
    На sjdgo, JuLleE и MarigoldA им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Ако е со налог од суд, ајде, разбираме сите.. ама вака со: Дај ми - на ти.. не бива

    Тоа, ајде де... ама да не има муабети од стилот:

    'Мажу, а кај е тој накитот што си го купил?'
    или
    'Што бараше во хотел?'
    :D
     
    На cresa-jagoda, MarigoldA и zhap4e им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    20.539
    Пол:
    Женски
    Значи вака... мм му позајми на брат му 25 000 ден, ама оти не се во ист град, мораше на сметка да му ги прати. Брат му му ги врати на два пати, како што земаше плата, и оти не можат на брзо да се видат, му ги врати на сметка. Според ова, како што гледам, двајцата ќе бидат оданочени за парите што ги примиле на сметка... или грешно сфатив??? Ќе треба пак по автобуси да праќаме пари? Назадуваме бе луѓе!
     
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.786
    Допаѓања:
    323.717
    Како и обично се преувеличува.

    Треба да се оданочува се што подлежи на данок.

    Како знаете да ги величате некои држави како добро функционираат, така прашајте ги жителите на тие држави дали некогаш помислиле да си поиграат со неплаќање данок на дежавата..

    Е нема веќе стасување пари на сметка како екстра приход и да се неоданочени.

    Ете, парите од прво колено кои се печалени во странство нема да се оданочуваат.

    Незнам како сфаќате дека некој ќе седне и сметката од КАМ ќе ви ја анализира.

    Ќе бидат на мета сметки каде има големи приливи и ќе се бара потекло на парите и нормално-данок да се плати.
    Доста беше прање.
     
    На Rebecca_R, JuLleE и WildMk им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    И јас сум за санирање на проблемот со прикривање данок. Бидејќи сакам социјална држава, сум и за скалест данок.
    Ама не сум за да ми чачка било кој без налог.
     
  14. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    34.006
    Пол:
    Женски
    Мислам ујп нема да може толку многу сметки да контролира.Ќе треба да вработи уште луѓе:lol:
    Мислам они си имаат цел кој точно ќе пратат, а другите да се плашат.Ако некој нешто скрил да си пријави сам од страв;) Ујп секако има увид ако сака некој да контролира.
     
    На TutiFuti, tambelina, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    A вие мислите дека до сега немале увид во вашите сметки ?
    Грешите ако мислите дека до сега сте биле заштитени, а повеќе не сте.
    Исто е како порано, само сега официјално на лист хартија.
     
    На tambelina и WildMk им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Ај.. на крајот на краиштата.. што е уште една слобода на толку неслободи од на времето :D
     
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.835
    Допаѓања:
    173.258
    Пол:
    Женски
    Демек до сега не знаеше ујп ништо..за греота хаха
     
    На zhap4e и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Дајте бе некој кој се разбира во закониве нека објасни дали и како било и што точно се сменило/ќе се смени??

    Ме нервира вака кога не знаеме што точно се случува. :|
     
  19. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    Абе ете, УЈП ќе воведе сопствена верзија на фејс специјално за Жанета да може со два клика да пребара што купила комшивката Паце вчера од коперација. Оти вака си прајте филмој?
     
    На referentka и WildMk им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Оти отвора многу можности... како примерот што го наведе :D