1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Банките - Завод за статистика?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од papilona, 24 август 2011.

  1. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Аналогно на една колумна на Венко Андоновски т.н Магарето и потписот, морам да се изјаснам по бирократските обрасци кои веќе секаде ни ги потураат да ги пополниме и потпишеме. Веќе 6 месеци се спротивставувам на банкарските службенички по сите банки и нивната упорност да го пополнам образецот наложен од Народна Банка на РМ, каде бесрамно те тераат да се произјасниш колку средства годишно заработуваш од плата, каде работиш, каков брачен статус имаш, дури и која ти е верската припадност и слични небулози. Да напоменам: НБРМ ниту било кој банка не е Завод за статистика, УЈП или ДБК. Ако кај некого пристига мојата плата (читај: банка) не смее ни да помисли да ми ѕирка во креветот. СРАМОТА. А на мојот одговор на една шалтерска работничка од една наша банка дека немам намера да го пополнам образецот, затоа што имам рок до Јануари 2012 год. госпожата демонстративно го напушти работното место и не сакаше да ме услужи. Бурлеска на демократијата помешана со бирократија.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Овој Закон е од Мај годинава и важи за сите правни и физички лица. Во НБРМ се прави една архива од клиенти. Ако се сеќавате или кој повише работел со налози и трчал по банки порано можеше во било која банка да платиш сметка или пуштиш налог за плаќање а сега не, само во онаа банка ако имаш сметка т.е си нивен клиент или си во нивна банка на архива.Ова чудо од Закон има и позитивни страни но и негативни.
    Ако некој Извршител ти лупне забрана т. е ти ја блокира сметката за разлика од порано што важеше само за таа банка во која е ставена блокадата е сега и ако имаш сметка и во др. банка си блокиран. Значи си блокиран во секоја банка а банките се поврзани со НБРМ, така да фигурираш и во НБРМ дека си блокиран.
    Друго се спречува корупција и перење пари. Значи се намалува злоупотребата на позајмици кои фрчеа и од физички и од правни лица. Сакам да кажам дека позајмица не се оданочува со 18% до одреден лимит, ама што се правеше од разни банки слободно се движеа позајмици и тешко им се фаќаше трагата и на тој начин се переа пари кој како сака. А сега и воведоа Закон дека ако даваш позајмица над 10 000еур мораш да пријавиш во Биро за спречување на перење пари....значи од една банка влезеш во систем и стигнеш до НБРМ.
    Да не ја тупам станува јасно што сакам да кажам, и тој банкарски службеник е заглавен со + администрација и ако до тој датум не ја пополните апликацијата самиот банкарски систем нема да му дозволи да ве исплати.
    Кога нема гужва подобро завршете си работа отколку кога ќе ви се брза и ви е зор. А точен износ на приходи немора да се пријавува тоа е раб. на УЈП. Едноставно со вашиот матичен бр. ќе може да се види во кои банки имате пари - депозити. Е затоа е таа архива на НБРМ.
    За негативните раб. да не зборам повеќе од јасно е како ќе манипулира власта
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Гарант ги финасира CIA тоа да го прават... :D Ама стварно претераа, што ги интересира банките мажена немажена, државјанства и тие глупости.. мислам знам јас што ги интересира ама не треба да ги интересира. За некоја година ќе почнат да прашуваат и дали имате профил на твитер, фејсбук, колку пати се сексате(за дас знаат дали да одобрат кредит на новата ф-ка за кондоми)...