1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бартолиниева жлезда/циста

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Gea, 22 септември 2011.

  1. *Milicka*

    *Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    1.760
    Пол:
    Женски
    @bebaa kazi mi sto napravi? Eve te citam i mene mi se pojavi ko podkozno topce samo na dopir me boli isto nakaj prepon poveke e pa se iznacitav za zlezdava se ispaniciv... kazi mi podkozno vlakno ispadna? Ke odam utre na ginekolog
     
  2. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.733
    Допаѓања:
    4.587
    Пол:
    Женски
    Дааа подкожно влакно беше.Излезе :) Е сега незнам дали помогнаа хомеопатски капки пиев или само од себе.
     
    На *Milicka* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.007
    Пол:
    Женски
    Сето тоа се влакна поткожни. Жлездава е баш баш на влезот на вагината се појавува внатре на малите усни и е болна секако не само на допир, нема шанси да ја помешаш до влакно ако недај боже знаеш како изгледа. Тоа ти е воспалена фоликула вајда ако имаш домашна маст од невен би требало да помогне, мене ми помага за такви работи.
     
    На Dust, bebaa и *Milicka* им се допаѓа ова.
  4. ScorpionFlower

    ScorpionFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да го опишам моето хорор патешествие баш на ноќ на вештерките.Похорор амин.
    Ми се појави како и секогаш на лева страна и мислев ке успеам пак со гарамицин, ситова бања,камилица да го средам.Пукна два пати во два дена, се испразна и другиот ден се врати 100 пати поголемо и поболно. Имав треска и 38 температура, не беше возможно ни да одам, ни да седам ни да стојам. Болки агонија до плачење. Сабајлето рано директно на гинеколог, абцесот беше 5 и пол цм плус кандида
    Ме прати на гинекологија зашто тој не го правел зафатот со приоритет. Кој приоритет луѓе, 4 састи чекав доктор да дојде...
    Инцизијата ја направија на скрос заспано, ништо не осетив ама трипав после. Ме шиеја и ставија цевче за да се цеди гнојот и крвта и примав антибиотик интравенски секој 8 саати. Крв течи како несаглам и засега ке ме држат барем два дена во болница
    Ни на крај памет дека ова ке ми се случи
    Одете на време девојки не си играјте
    Трауми...
     
  5. _marija17_

    _marija17_ Нов член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    И јас го имам истиот проблем забележав болка на десната страна од вагината, потоа видов дека е како топче или жлезда нешто такво. Ме боли веќе 2 дена при допир кога седам и сл. Незнам што да правам ве молам помош
     
  6. GABRY

    GABRY Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    17
    Ме интересира дали некоја од вас женски има искуство со појавување на Бартолинијева жлезда. Го имам тој проблем, денес дознав од памет сум извадена. Ако имате имсуства споделете, дали може да се спречи воспалување на пример кај мене се појави меѓутоа не боли, нема црвенило, дали има начин да се спречи воспалување, и сите тие маки што следуваат после тоа, сецкање, дренирање итн...
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.007
    Пол:
    Женски
    Буквално цела тема ти е со искуства, јас не знам што друго бараш да ти кажат, прочитај ја темава има многу совети како да се помогне.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Никој не може да предвиди дали ќе се инфицира и воспали.
    Може да, а може сама ќе си се повлечи.
    Не е ништо опасно.
    Ако ти е страв од инцизија и дренирање, оди на приватно да ти ја сецнат, и побарај си локална анестезија.
     
  9. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Пред 3/4 дена ми се појави мало топче на десната страна од усните на вагината, коешто ме болеше, не постојано, но осеќав некоја тапа болка, а на моменти при движење и остра болка. Топчето изгледаше како подкожна бубулица, со големина на зрно грав. Два дена ставав црна маст и веќе на вториот ден, со помош на црната маст се извлекол гној на површина (се створи сосема мала точкичка гној). Но при некое мое движење пукнало гнојчето и сега немам бело на изглед, но топчето сеуште стои, но не ме боли повеќе така силно. Дали треба да се истиска топчето за да излезе што има внатре или да чекам да помине....Некој слично такво искуство?
     
  10. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Јас можеби цели година имав мало топченце на десната страна во внатрешниот дел на усничката. Не ме болеше, немаше ништо, И како што ме дал господ да не можам да се контролирам и да се стискам сегде, дојде денот и на тоа топче. Го потстиснав малце, не излезе ништо и за некое време прерасна во огромна топка и почна да ме боли. Мислев ќе се повлече од стискањето, но остана така. Не ме боли нешто многу, на моменти знае така да ме заболи ама 90% не ме боли. Пред некој ден ептен ме заболе и го видов имаше како бело врвче и само што го пипнав истече крв (без гној) и не го чепкав го оставив. Сакав да одам на гинеколог ама ме фати и короната, па не можев. Сега имам и циклус и кога ке ми заврши ќе отидам. Се надевам не е многу сериозно :worried:
     
  11. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Јас сум најактивна на таа тема:sweat:, од летото некаде Јуни месец ми се појави за прв пат такво топче, и еве веќе како е тргнало одтогаш 4 пати ми се има појавено. Го третирам со црна маст Ихтигал, таа влечи ако има гној, па ми се собира врвче со гној и откако ќе пуне го мачкам со кантарионово масло. Сега ради короната не ми се оди по болници но недај Боже ако ми се појави уште еднаш веднаш одам на испитување да видам од што ми се појавува толку често на секои 2 месеци. Како што читам најверојатно се се воспалува таа Бартолиева жлезда. Не е којзнае колку болно и за брзо време поминува но сепак многу ме плаши ако со некаков третман не се прекине воспалувањето да не треба хируршки да се отстрани :worried: а и како што знам таа жлезда одговара за навлажнувањето на вагината, па како ќе е ако се отстрани :^)
     
  12. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Јас се слушнав со гинекологот денеска, ми даде антибиотик, ми рече дека е многу јак антибиотикот, јас повеќе се плашам за желудникот бидејќи имам гастритис и после антибиотици имам страшни болки, уплав имам.. Па читав дали има некое друго решение да ја смирам жлездава ама изгледа нема..
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.007
    Пол:
    Женски
    @sunmoonstars @Darlingzz Тоа што ви се појавило на вас не е од жлездава и не е циста на неа. Верувајте ако беше ќе знаевте оти тоа е неиздржлива болка и не трае со месеци, значи се затнува дупчето и се прави циста, апцес боли и пука, не може да трае со месеци, туку недела дена. Болката од циста на жлездава докторите ја споредуваат до породилна болка, така да не е тоа. На јетрва ми и се појави вакво скоро после пораѓај, топче до мал апцес кое болело малце ама ништо особено и не било многу зголемено, она живее у Белгија и рекле дека е брунче што од влошките после пораѓај, што од немање време да се истушира и да ги смене со саати со бебето...и го сецнаа, дренче и ставија и помина за 2-3 дена.
    Така да не ви е жлездава со сигурност, за друго се работи, нека ви проверат.
     
  14. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Гинекологот така ми кажа, не јас..А и не е така како што кажуваш, не секогаш боли толку многу, до сега читав се можно на интернет, а за времетраењето мене многу долго време ми стои..
     
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Затоа и пробиотик земај со антибиптикот, зарем не ти препиша?
    Нема доктор што не препишува пробиотик при терапија со антибиотици, обавезно да си земеш.
     
  16. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Земав нормално, ама толку ми е нежен што џабе е.. :(
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.007
    Пол:
    Женски
    Он може што сака да ти каже преку телефон, додека не види не може да знае ништо. Не може со години да имаш топче на жлездата, оти таа жлезда служи за лачење на лубрикант при секс, протечна е, значи ако имаш топче цело време е затната, ако е затната се полни и течноста загнојува и расте, мене ми порасна со големина на јајце за 4 дена, вториот и третиот пат ми беше мало топче, ама оти не дозволив да загнои одма ставав од лекот кој ми се погоди тогаш и пукна одма, ама ако сум го оставила ќе загноело. Не може гнојно место, апцес да не боли, нешто друго е во прашање. Инаку отворот на жлездата се наоѓа токму на влезот на вагината најдолу, од десна и лева страна, ама таму може да се појават брунчиња, чирчиња исто кои не се толку болни само нелагодни и загнојуваат малце па пукаат сами и така.

    Инаку првиот пат кога јас го имав, плачев со денови, не можев да одам, да седам, да мочам, имав температура, имав отечени лимфни јазли насекаде. После пукање имав топче уште неколку недели ама се повлече, втор и трет пат ја осетив одма болката дека е тоа и веќе знаев што да правам.
     
    На Darlingzz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Еве сега видов дека ми е намалено бидејки вчера на своја рака ставив герамицин маст, делот што беше со гној најверојатно пукнал, останато е мало место малку по тврдо од нормално и нема болка на допир. Повторно ставив маст и ке почекам два-три дена, ке ми заврши циклусот и ке одам на преглед, нема да го почнам антибиотикот. Толку време помина за уште неколку дена не ми менува ништо. Сакам само да прашам дали за оваа жлезда антибиотик даваат за да "се излечи" жлездата или за да пукне гнојот бидејќи на многу места прочитав дека им останувало така како потврдо местото (мислам и дека тука на форумот пишуваше) т.е дали секако мора антибиотик или треба само да пукне и тоа е тоа?
     
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.007
    Пол:
    Женски
    Останува потврдо, ама со тек на време поминува, не е цело време такво местото, се враќа во нормала. Антибиотикот е ради инфекцијата, може од бактерија е воспалението, кај мене беше од стрептокока(претпоставка на доктор) така да антибиотик мора да се пие. Кога истекува гнојта болката ја снемува одма, олеснување како ништо да не било.
     
  20. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Јас сум моментално бремена и имам зголемено лачење на вагинален секрет, и поради тоа што одам на работа и нема како да менувам гаќи на саат време па почнав да ставам од оние влошките што се за после пораѓај само памук и мрежичка, намерно земав такви, демек оти се чист памук, да не е се секојдневни влошки....па може и од тоа да е да, цел ден седната на канцелариски стол и од влошките....друг пат ми се појави веднаш после депилација, и јас веќе незнам да кажам од што е :|.......само читам.......но ми пречи дискомфортно ми е зашо ми се појавува многу често, преку месец....:worried: а предходно до сега никогаш ми се немало појавено.