Seuste sum nemala a veke skoro mesec kako sto sum praela operacija i seuste imam bolki megutoa clenka mi kaza deka posle 3 meseci imala i i bilo malku bolna i deka i rekle mora 3 meseci so zastita
Девојки молам за мислење? Долги години имам бартолиниева циста зголемена колку лешник, последниве 5год е колку орев, без црвенило ниту болка. Мислење од доктори е да се отстрани.. . Ве молам дали има друго чаре освен операција?
темава е дупла мислам има ваква тема ке префрле модератор ја имав и ми пукна сама мене ми помогна топла купка т.е џакузи
jа имав некое време и при џакузи користење после пола саат пукна прашав гинеколог ми рече дека помага топла купка само со вода пробај и ти не губиш ништо
Здраво девојки, имам мало топче кое се наоѓа над клиторисот, немам болки, го чуствувам како тврдо топче само при допир. Пред 4 месеци бев на преглед кај гиниколог, ми рече не е ништо страшно ќе помине. Сепак помина многу време а топчето мислам дека е зголемено. Дали некоја имала такво искуство да сподели?
Ќе барам и друго мислење, но додека закажам не знам навистина дали има простор за паника или може да помине само од себе.
Здраво девојки, јас имам топче од лојна жлезда, дали некоја имала таков проблем? Знам дека прашањето не е за овде но не најдов друга соодветна тема.
Дали Гентамицин може да се става внатрешно, бидејќи надворешно немам ништо, а во упатството пишува з надворешна употреба?
I mene mi se pojavi zlezdata od pred dve godini,mnogu e neprijatno sedenjeto,uzas,koga propratno imas i hemoroidi i veke neznaes koe e stokantarion domasno praven stavam ke se povlece edno vreme i posle pak,nema kraj
Здраво девојки, Мене по втор пат му се јавува. Првиот пат беше во април, не ни знаев што е. Се јавив кај матичниот гинеколог и ми кажа сигурно е инфекција, да земам амоксиклав и да ставам ациди борици. Сама од себе ја снема. Но пред една недела пак се појави. Потполно безболна беше но ме фати страв и отидов на гинеколог. Со игли и шориц проба малку да ја дренира, но чим го направи тоа почна и да ме боли, ама малку од малку ми олесна. Е сега, мојот гинеколог ми препорача да земам само антибиотик и ациди борици, и да се договориме за интервенција да ја извадат. Е сега бидејќи не сакам директно да одам на интервенција, сакам да Ве прашам за мислење и дали гинтамицин или црна маст би ми помогнало? Ви благодарам многу девојки❤️ (Извинете на долгиот пост)
Здраво девојки, веќе подолго време ја имам жлездава која е во форма на орев. Гинекологот ми препорача да се оперира. Да ме посоветува некоја девојка која ја има оперирано. Дали операцијата е со анестезија и колку време трае опоравувањето? Фала многу
Сега се туширав, и кога се миев доле,осетив како некој оток, сега се гледам на огледало, луѓе ,голем оток како орев, буквално внатре во вагината, на долниот дел. Немам никаква болка..искуство? Мислење?
Цела тема е со искуства и мислења, ќе најдеш добро совети ама гентамицин мачкај да пукне и ставај облоги од ацид борици. Вајда не е воспалено уште ако загнои ќе те боли ногу, почни со време да мачкаш.
Темата е мала и ја исчитав цела. Ама ме буни тоа што обично ви се има појавено некаде од страна, а мене ми е буквално внатре вагинално, како нешто пикнато внатре како мало јајце. И читам ви протекло, како треба да изгледа за да протече? Мене уште не ме боли па и тоа ми е чудно во меѓувреме добив циклус, да помине ќе морам на гинеколог..но некиј да ми помогне да разграничам дали по ова што пишувам ви личи на бартолинева, мене ме фаќа паника др.да не е?