Здраво појди кај матичен гинеколог нека те прегледа вака на форум ништо јас кога имав бев на дежурен на гак ми препишаа антибиотик да примам 7 дена и ладни облоги и да се јавам на контрола. Не се повлекуваше и на крај ме оперираа,затоа појди си на преглед.
Здраво може ли да ми ја кажете постапката за оперативен зафат на Бартолиниева жлезда? Има ли некој што правел на ГАК колку време трае и колку време се седи во болница?
Здраво јас правев ми рекоа брисеви и пап да направам со локална анестезија е и не се лежи во болница после 2 часа максимум испуштаат.
Не матичната ми даде цитерал денес бев, па Четврток да ми закаже за операција да се смири инфекцијата малку да може да се оперира..
Од вчера имам едно топче/циста баш на тоа место кај Бартолиниева жлезда на десната страна со големина на жолчка од јајце. Боли на допир и кога седам или одам. Има една бела точка на него како брунче а остатокот изгледа како да е подлабоко не е површинско. Е сеа не знам дали е поврзано ама почна да ме боли и на препонот исто на десната страна. Денес цел ден и како да ми студи ме болат коски, мускули како пред разболување, а немам температура, може ли сето тоа да е предизвикано од цистата? Мислам да почекам до утре ако не намали отокот да одам на лекар... имам канестен, хидроциклин маст дома, може ли да помогне нешто од тоа во меѓувреме или сода бикарбона?
Бев сабајле ама ме вратија, не ме ни прегледаа не било тоа многу големо не можеле ништо да направат... после дома ми пукна истече многу гној и смрдеше одвратно. Сега е помеко и помало ама уште стои и има раничка од кај што се цеди. Мачкам хидроциклин, страв ми е да не се затвори недочистено и пак да се повтори инфекцијата... има ли нешто друго да се прави или да чекам само? Парацетамол ми рекоа да пијам ако ме боли, изгледа треба пред умирање да е човек за да направат нешто.
Нема ништо да ти се деси, и мене не ме прегледаа, ниту дадоа нешто, штом пукнало нема веќе опасност од инфекција. Ќе го миеш местото со бетадине(јод)неколку дена и ќе помине. Следен пат ако се појави мачкај гентамицин штом ќе осетиш мала болка, ќе ти се повлече и пукне одма. Јас чекав првиот пат и стана големо колку јајце, ужасна болка имав. Од тогаш 2-3 пати ќе почнеше да боли ама јас одма мачкав и ставав облоги од ацид борици и не отекуваше.