што мислите за бајпас на желудникот,кај нас има ли такви операции,сум слушнала дека тоа е најсигурна работа за намалување на тежината.кој има сознание било какво за тоа нека пише.би сакал да направам таква операција бидејки имам проблем со тежината веќе долго време .пишете.........секоја информација е добредојдена поздрав......
бајпас на желудникот сум слушнала дека има но треба да имаш навистина голем проблем со тежината за да имаш право на таа операција . прашај го матичниот лекар но пред да се одлучиш на такво нешто размисли дали се си направила за да ослабниш ( диети вежби чаеви таблетки итн )
бајпас на желудникот Ова е гастритичен бајпас, значи. Балонот се полни со нетоксична обоена течност,каква е незнам. Вметнувањето трае околу пола час, но после треба да се држе некоја диета,за да се навикне организмот на туѓото тело. Балонот зафаќа голем дел во желудникот, па затоа не се јавува чувство за глад,имаме чувство како да ни е полн стомакот. Мислам дека ова е добар начин за намалување на килограмите,секако ако нема друг начин.Лично,јас ова не би се осмелила да го ставам.
зошто не би се осмелиле ако освен немате проблеми со тежината нели е идеален лек за килограмите .има ли кај нас такви операции знаете ли
Па ова е добар начин за оние со вишок килограми,а јас ги немам.И самото присуство на туѓо тело ме згрозува. Има кај нас, се вметнува овој балон,прочитав на еден форум.
До сега не сум слушнала дека се изведува оваа постапка кај нас. Сепак ова е прилично инвазивна процедура, и не се изведува по барање на пациентот т.е извини ама морам да речам не се изведува од бес туку ако навистина пациентот има неизбежна потреба од вакво нешто: многу голема телесна тежина која сериозно го загрозува неговото здравје проследено со неможност особата да изведува физички активности. Ова не е липосукција, туку е сложена абдоминална хируршка процедура. Не е најсигурен начин за смалување на телесна тежина, туку е последна опција кај пациенти кои како што кажав имаат тешки здраствени проблеми поради огромната тежина. Кога особата ќе намали дел од тежината и пак е во можност да изведува било каква физичка активност, бајпасот се одстранува и се продолжува со намалување на тежината на стандарни начини, вежбање, строго контролирани диети од нутриционист, строго контролирана употреба на лаксативи и диуретици од страна на доктор. Мој совет е целосно да ја одстраниш идејата за ваква процедура од главата, се што изгледа за лесно и практично сепак не е толку корисно. Има милион начини кои се здрави и кои придонесуваат да се добие посакуваната тежина. Земи трчај секое утро, наместо да размислуваш за вакви опасни "лесни" начини на слабеење. Ова е гастричен бајпас, а погоре процедурата итрагастричен балон кој не е баш ни официјано одобрен од Светска Здраствена Организација.
Практично бегање од проблемот и решавање по линија на помал отпор.Нејсе,имам читано дека им се одобрува вакво нешто само на пациенти со сериозни здравствени проблеми како резултат на прекумерна тежина која е трицифрена,а сите останати не,диета,вежбање и тоа е тоа. Сепак,кај многу и не се покажува ко успешна.Не знам кој беше соодносот успешни-неуспешни,но сепак си постои ризик и да биде неуспешно и по здравје.
тогаш зошто сум слушнала дека се става прстен однадвор на средина во желудникот и така тој се дели на два дела при што се чувствува ситост од малку јадење или оваа е друга операција незнам потребни ми се информации
Izvini lilee vaka sto prasuvam no kolku kilogrami imas ? prasuvam za da znam dali navistina imas tolku mnogu ili ti e od bes ili izvini vaka od mrzlivost ?
Девојче ај не си играј со здравјето... Како прво вакви хируршки интервенции не сум чула кај нас да се прават, а и да се прават тоа би било за пациенти што имаат прекумерна телесна тежина, што сериозно им го загрозува здравјето и функцијата на виталните органи...Ти кажаа и другите феминки... Ако сакаш да ослабеш земи си диета држи си (доктор да ти ја препише) и вежбај секој ден, пиј многу вода и чаеви за детоксикација...Не дозволувај дебелината да ти стане психички проблем, затоа што со вакви чекори како бај-пас на желудник си на добар пат кон тоа... Поарно оди липосукции прави и сл. , него да се замараш со вакви глупости...
вака висока сум 170 см тешка да не речам скоро 100 кг .па тоа е многу да ви кажам замене .притоа неможам да вежбам бидејки имам астма и не смеам да се заморувам а се здебелив одкога почнав да пијам антидепрссиви точно веке 8 години по ред секоја година сум потешка за 5 до 6 кг навистина ми треба помош,бидејќи сум навистина тешка доста и најлошо од се неможам да ја контролирам гладта
Можеш да ја контролираш гладта,само немаш план,немаш мотив,а делот со АД дополнително ја објаснува ситуацијата.Мораш цврство да решиш.Оди во подфорум диети,имаме тема морална поддршка за сите што сакаат да ослабат,девојките се фини и дружељубиви,а и мотивирачки,ќе ти помогнат секако.Има начини,не си го загрозувај здравјето со некое нереално решение. Ако сеуште го посетуваш психијатарот побарај да ти ја смени терапијата затоа што можеби не ти делува убаво,со оглед на тоа што не можеш да ја контролираш гладта (која можеби е емоционална),затоа што АД не дебелеат,апче не дебелее,крај.Се случува од некои,ама тоа е незначително качување на килограми,но не и толку многу. И асмата најчесто е психосоматска болест,а се влошува со дебелина.У секој случај,ако имаш близу 100 не можеш да вежбаш,ама затоа ќе пешачиш со умерено темпо додека не постигнеш одредена тежина и ќе видиш како тогаш се полесно ќе ти се гледа,а асмата ќе биде незабележителна.
Лиле ти мислиш на gastric-ring операција, а не на гастричен бајпас. Сепак и гастричен бајпас, и прстен и балон се користат во истите случаеви како што наведов јас горе и другите феминки. Особено баш не е индицирани во твојот случај поради асмата. Мој совет исто како што кажа Лилит прво умерена физичка активност, пешачење во склоп со добро органзирани диети. Искрено јас би ти препорачала и да се распрашаш за диет клубовите низ нашата држава. Имам другарка која навистина имаше тежок проблем со тежината и пред 6 години се зачлени во еден диет клуб во Скопје. Не знам искрено како се викаше, ама знам дека тој беше прв таков клуб во нашата држава. И направија индивидуален диет план, и беше под редовна нивна контрола, секоја недела одеше на нешто како контрола, мерење и плус и го модифицираја планот според прогресот на диетата. Јас искрено бев скептик, но девојчето ослаби околу 30 кг, постепено и здраво. Мислам дека во твојот случај ова е доста добра опција.
Lilit pa ti i da sakas nemozes da odis na operacija treba mnogu poveke da tezis od 100 kila . Jas super te razbiram za tvojata sostojba koja e poveke psiholoska otkolku fizioloska . namesto da davas pari po gluposti ako imas moznost kupi si nekoj pojas za slabeenje od onie so masaza i plus nekoj preparat za slabeenje sto gi ima mnogu . otkako ke simnes barem 5 kg zelbata za uste pomalku ke te natera i pomalku da jades i dieti da drzis veruvaj vo sebe mozes pozdrav
можеби изгледа како добар предлог но јас не сум од скопје и неможам да патувам не сум во можност морам самата да се борам некако многу е тешко верувајте како да имам два демони околу мене депресијата и дебелината потешко неможе да биде јас сум од кавадарци кај нас нема ниту некаков диет клуб ниту пак некој доктор што ке те упати во добра диета ,диета која ке ти ја одреди според некои испитувања на организамот толку е тешко да се бориш секој ден со храната само тој што е дебел знае