Ах драга Лиле, бајпас на желудник не е решението. Еве сега ќе ти го кажам мојот пример. Имам 29 години до пред 3 години тел.тежина максимум ми беше 65-70ка висока сум 180цм. Откако почна нашата борба за бебе, својата тага ја давев во хамбургер од 7ца, пици, гиро сладолед, 300гр чоколади итн итн... Несвесно храната стана решение за мојата тага. Јадев колку за двајца. Маж ми се трудеше да ме убеди дека хранта не ми е решение на проблемот ама ... Па баш и тој период се погоди да не одам на работа. Значи 24/7 се прејадував.Кога ќе се погледнев во огледало се тешев дека ми е од хормоните кои ги примев Еден ден се погледнав во огледало и сфатив дека ова е претерано и дека мора да престане. Кога се измерив имав 115 кг И така со маж ми го исчистивме фрижидерот од junk food и имаше само овошје зеленчук, млеко, јогурт( со најмала масленост) сирење ... Имаше месо. Немаше леб, немаше нарачување храна, не одевме ни по ресторани... Се храневме и двајцата здраво. Почнавме да пешачиме, па почнав диета и на секое кг симнато се радував како мало дете.Како се намалуваа килограмите, така станував физички поактивна. Па почнавме да трчаме, па вежбав на орбитрекот ... Помина година како се мачам со тој вишок на кг. Ама се поуспешна е мојата борба. Сега имам 85 кг и се трудам да ослабам уште. Ама се во свое време Затоа немој да помислуваш на хируршки интервенции како спас за дебелината. Јас потполно те сфаќам како се чуствуваш. Пешачи, храни се колку што можеш поздраво. Иако имаш премногу апетит подобро е да јадеш почесто ама малку. Грицкај бадеми, јади многу салата и овошје(бар сега им е сезоната ) Ако имаш потреба со некого да разговараш или пак за совет плус прати ми ЛП
благодарам советите никогаш не ми се одвишни секогаш сум добар слушател само тешко можам да ги применам.но твојата ситуација е слична на мојата само што јас ја немам подршката од никој