Еднаш си ги ишишав оние над челото и нели знаеме сите каков беше резултатот после Од тогаш не ги чепкам, така смеѓа ми е косата, а тие ми се плави дури бели баш бебешки. Мене ми се слатки некако
И јас си ги имам ама не ми пречат. Имам долгиии степенасти шишки и така некако ми е наместена косата да не ми сметаат
Уф за кај тие со темни коси стварно се проблем и едиствено решение по мене е да не се носи косата крената нагоре а кога е потребно да се замазнат со гел, восок, спреј... Јас имам посветла коса а тие бебешките ми се многу светли дури имаат некој златест сјај и кога ми е косата во висок реп дури некако слатко изгледаат со оглед на мојот глуп ПОРЦЕЛАНСКИ тен Потстрижување-во никој случај (ако не сакате да изгледате накострашено )
Јас не се правувам никако, тие се мажот во куќата Искрено, никогаш не сум ни пробала да ги потшишам затоа што ефект нема. Си летаат на сите страни, а како што ми е виткана косата со ништо не можам да ги соберам. Шта чеш? Барем, ако не друго, ги фаќам сите радио станици
Јас имам прилично бебешки влакна и кога многу ми летаат ке им ставам лак или гелче малце и раат сум. Така не факам сателитска, кабловска, бежичен нет и слично (така се шалиме кога ни се разлетани бебешките)
и јас имам не можам никако крајо да му го најдам ни со лак ни со гел еднаш фатив и ги издепилирав ама појце не мн болеше а не ми порастија поголеми одколку со си беа
ставете на нив лак за коса или пак гел и потоа за да бидат мазни и да не се познаваат поминете по нив со стара четка за заби така најдобро се замазнуваат
Имам бајаги, и тоа не само бебешки туку и обични влакна, затоа косата никогаш неможам 100% да ја спастран, секогаш ама баш секогаш мора некое да штрчи. И одамна се навикнав дека ете имам густа и бесна коса која ретко кој може да ја припитоми . Кога ја собирам и овие бебешкиве ми сметаат, ги прскам со лак за коса и поминувам со ептен густ чешел по нив, тоа е некое инстант решенеие кое морам да напоменам трае максимум еден до два часа (барем кај мене) после повторно секое влакно си оди по својот пат. Еднаш кога бев помала ги ишишав и се знае дека беља си направив .
Jas koga bef na flizer ja prasaf flizerkata ii taa mi odgovori deka tije bile so tek na vreme i deka kako i site drugi ostanati vlakna ce porastat po nekoe vreme a inace i mene isto me nerviraat mii pravat golem problem nikako ne mozam da gii fatam siskitee pa zatoa vezden drzam siskii imam probano i so lak za kosa ama nisto
Леле еднаш што сум направила Пред 2 години, ме нервираа бебешкита влакна, затоа што кога ќе ја фатев косата, т.е шишките со шнолка нагоре, тие ми штрчеа и ме нервираа, и земав ножици и ги исеков..будало дете. И одеднаш кога почнаа да ми растат во сите правци, и почнаа нагло да ми растат... И ме фатија будалите и без никој да знае, пак ги скратив ... И по некое време ми стигнаа до пола чело големина, и маки сум мачела, сум ги залижувала нагоре со гелови, со лакови за коса ги прскав да не ми паднат... Бурна година беше за мене тогаш
Истото го направив и јас, и сега ми растат, замисли. Не знам како ќе издржам, навистинаааааааааа... КОЛКУ СЕ ГРДИ..
Имам бебешки еден куп и ништо не им правам, всушност ми се најомилен дел од косата, кога ми е косата пуштена не сметаат, а кога ја носам фатена во реп ги замазнувам со силиконски капки, лак или восок/крема, за да не летаат, знае во текот на денот некое непослушно да се опушти но не ми смета, едноставно ги обожавам. Кинење или нивно уништување на било каков начин не доаѓа во обзир, секое влакно од косата го ценам, само уште да се одвикнам од мојата голема маана чепкање на косата, добро ќе биде.
И мене ми предизвикуваат проблем. Ми се појавуваат и кога ми е пуштена и кога ми е во репче фатена косата . Значи ова ми се случива веќе 2 години. и нема никаков спас
Многу,МНОГУ ме нервираат. Некој ден ќе фатам бричот! и ќе ги пое*ам.После ќе бидам ко кокошка у главата