Тие се убав знак, дека косата се обновува!!! И јас ги имам, ама мојот проблем е што косата ми е многу јака (што е позитивност), ама и бебешките влакна, не се бебешки, туку се јаки и ми стрчат како антени. Не сакам да ги замазнувам со гелови и лакови, зошто така ми ја мрсат косата. Спас нема.
кога ми е пуштена косата добри се не се гледааат,ама кога ке ги фатам шишките во шнолка,е тогаш ..лелеелее ужас.И гелови и лакови и се ставам и пак си штрчат. Колку многу ги мразаааам
Хух, среќа моја, немам проблеми со нив. Имам премалку од страна, но успешно се справувам и не ми штрчат што е најважно. Едно од ретките нешта што ми е погодено што се косава тиче
Ги имам многу и несакам да ги шишам. И да сакам нема да го сторам тоа бидејќи и онака ќе пораснат пак уште толку...Си ги сакам .
Немој никако да ги сечиш.Јас ги пресеков и дури сега на ништо не личам.Многу ми се подолги пораснати сега ама нема спас Така си шетам
И јас имам бебешки влакна и мене ми е тоа некако слатко, што знам Барем моиве си ги сакам, и дека имам плава коса, бебешките ми се бели Мислам дека баш симпатично делуваат кога ми е фатена косата, даваат некој природен изглед, така си леткаат Јас никогаш не ги залижувам со лак или гел, нека стрчат, слатки се
сите може имате бебешки влакна,ама немате ко моиве најфинтаџиски се значи имам права коса, на моменти благо прекршена.бебешките влакна ми се пуцвал виткани и суви како да не се моја коса.шлапни восок, праменчево замрсено ама битно гордо си стои исправено нагоре. кажувајте чаре за ова
Уф колку ги мразам , од што се мали неможам да ги фатам со шнолаа и само ми штрчат.Ставам лак гел ама пак штрчат нема спас од нив
Имам и јас од десната страна на челото и многу ме нервираат Една другарка ги шишаше, и кога почнаа да и растат нагоре и густи, кутрата пола година одеше со шноли на главата...
Бебешките влакна ми се единствените локни на мојата права коса. Јас ги оставам така да си летаат од страна, бидејќи мразам измазнета пунџа, а косата ја носам во репче еднаш во две години. Всушност, ретко ја носам собрана, освен по дома нели за да не ми смета, па не ги ни заприметувам.
Си ги имам и мноогу си ги сакам Ама понекад па многу си ги мразам. Само ми се избацуваат од негде и ми иде да ги убијам
Ме нервираат, ама и слатки ми се. Како што рече Мишела едиствени локни на правата коса. Еднаш со бикче си ги средив па кога почнаа да ми раснат нагоре , додуше уште сме во таа фаза.
Имам и јас бебешки влакна.Иначе не се справувам никако дека си стојат така како што си се.Баш ми се слатки.