Ги имам премногу,ама симпатични ми се..секогаш ми се навиткани(мали локни) и штрчат.Колку и да ги пеглам со преса,по некое време пак си се навиткаат
Јас ги имам и баш си ги сакам, можете да им ставите сок од лимон, ќе станат посветли и ќе изгледат послатко
Ги имам кај шишките,над челото . Братучед ми стално ми вика дека на спиење ќе ми ги избричи или ишиша до корен зошто смешни ми биле и наводно не ми стоеле,голема сум била (е како не,многу знае). Многу ме сака и се грижи за мене, знам.
Многууу си ги сакам. Незнам зошто повеќе од луѓето ги мразат бидејќи ги имаат. Мене ми се многу слатки
Откако после неколкугодишно шатирање ја исфарбав косата и повторно станав бринета, забележав дека косата многу ми се згусна. Мајка ми ми вика: Де бре дете, од каде ти волку коса? Бланшот си го прави своето, а еве веќе година и неколку месеци косава освен фен (и повремено пегла) нема ништо друго видено. Од тогаш почнаа постојано да ми се јавуваат бебешки влакна. Таман мислам пораснале и можам да ги спастрам, гледам дека се појавиле нови. Ама не ми пречат, не се толку кратки за да не можам да ги средам со лак за коса и да имам достојна пунџа
Имам имам и ме нервираат мноогу.незнаете само колку.И тоа не се бебешки влакна,туку имам цели бебешки шишки.И не се прибираат никако
Бебешките влакна си ги обожавам. Ги имам премногу и ги сакам затоа што изгледам послатко. Сакам така нешто да ми смета,некое нежно право и малечко влакненце.
Јас имам многу бебешки.. Многу ме нервираат кога ќе ја фатам косава и стрчат како од ел. струја да сум мавната. Понекогаш носам стегач и така не се познаваат. Мојот фризер вели дека е добро да имаш бебешки, затоа што се регенерира самата коса, и за скротување треба само восок да се користи.
ги имам и ги сакам мноогу, не можам да се замислам без нив, навистина стојат слатко нема причина да не ги сакатее..
Нема некој што ги нема, а кога ми е косата во коњско опавче ги скротувам така што употребувам исчистена четка од употребена маскара, по можност четката да е многу густа и ја испрскувам со лак, или ја мачкам со мааалку восок за коса и со четката ја чешлам косата и така се измазнуваат бебешките со косата. Ова можете да го правите и со паста за заби, што нема да ја употребувате очигледно. Друго нешто, што немам пробано но би пробала, е прозирна маскара.. ако проба некоја нека кажи
jas gi krijam nekako oti imam samo na levata strana od liceto(chudno ali to e) i kosata ja nosam na strana,normalno na levata i ne e se gledaat ama koga ke ja fatam visoko e togash e vistinskiot problem i so od vtoro oddelenie gi imam(osmo sum btw) i ne rastat
gi imam i gi sakam no mnoguu me menrviraat koga cela kosa kje mi bide ubava pravaa i samo tie kje se izbacat vitkani ko so vitleri
Многу ме нервираат, многу. А пак не дај боже косата кога ќе ја измијам да ми постои 5 минути во крпа подоцна се страшни...