Истиот проблем девојки е и кај мене.. Имам премногууу бебешки влакна.. Кога ќе си ја соберам косата се е убаво, но тие пречат и прават да изгледа понеубаво . Како да се справам со нив? Ако знае некој нека пиши Ви благодарам однапред !
И јас го имам истиот проблем. Кога ке ја соберам косата ги има насекаде. Незнам што да правам, ни лак не помага.
Мене не ми пречат - една моја другарка вели "Како што ни паѓа косата да не се бебешките влакна ќе оќелавиме". И кога ќе размислам тоа ми делува логично.
и јас го имам истиот проблем и пред некој ден толку се изнервирав и ги зедов ножиците и ги штракнав и пак почнаа да ми растат и пак ке ги штракнам
и јас имам ист проблем какоцвет расцветан сум во косава и ставам 2-3 иглици прскам лак и крај ако не се овие ке изгледам како станата да сум од спиење
Nemam problem so niv ama imam edna prijatelkaa koja stoo gji isisa i segaa na celotoo roj del i rastee kakoo kosickaa dalii ima nekoj drug vakov problem?
Ај тие малите не се проблем,ама имам едно праменче,кога ќе ја соберам косата ми ја грде фризурата Бабинските шноли помагат,колку такви имам изгубено
Откако се породив не само што имам купишта прамени завшени по земја имам ненормално многу бебешки влакна околу завршетоците на целава коса, мислев ќе пораснат за да ги врзам во реп или некако да ги залижам нанадоле ама не успеав веќе година дена во намерата. Било косата да ми е врзана или пуштена влакнава се овде и ако не ставам гел кој од него добивам првут и бели остатоци по косата личам на неприродно суштество покрај народ или на ајштајн со целава косава крената на нагоре . Дали сте имале искуство и како сте го решиле бидејки веќе ми е пеку глава и би сакала да се и одлучам на ножици и да ги исечам од што се премногу и премногу грубо стојат?
Мене па симпатично ми изгледаат. Вака би ја носела косата штом се кратки и не можеш да ги собериш во репче. Можеш малку да ги испеглаш со преса или брановити да ги направиш. Ќе оставиш малку и подолги прамени и нема да се заприметуваат. :
Девојки помош, имам свиок и бебешки влакна лево над челото од тргање многу (лоша навика хахах)и неможам никако патецот на средина да го носам бидеки косата ми стои крената тука колку и да ја пеглам никако неможе да се израмни заради бебешките. Знаете ли некој лек како да се спушти нормално бидеќи две три години само на страна патецот заради тоа го носам