И јас ги имам, ама не ми сметаат, не се многу изразени, се мешаат со другата коса и дури не се забележуваат.
Девојки, како се справувате со бебешки влакна? Многу ми паѓаше косата, сега се обновува и целата коса ми е со бебешки , кратки кои стојат на горе како антенчиња Права ми е, ја носам пуштена. Со сѐ имам пробано, со восок, со лак за коса, со гел.. џабе, пак се исправаат. Нешто друго да ми препорачате?
Ништо не можеш да направиш, освен да чекаш да пораснат. Или да ја навиткаш косата, веројатно така помалку ќе се познаваат. Гледај ја добрата страна, а тоа е што косата ти се обновува.
Како косата да не ми биде толку frizzy и бебешки влакна да не летаат на сите страни? Репче пример нема шанси да врзам, одма бебешкиве како антени ми излегуваат, ставам лак ама и тој попушта после некое време.