Бебиња родени со расцепчиња, помош за што понатаму

Дискусија во 'Бебе' започната од snowgirl_10, 7 декември 2020.

  1. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.558
    Пол:
    Женски
    @Kaetana
    Погоре пишавте дека вашето дете имало анкилоглосија. Ќе може да ми кажете на кој начин го доевте?
    Дали имавте проблем со создавање на вакум?
    Дали и кога хируршки го решивте проблемот? Не знам која возраст е вашето дете, дали имавте проблем со изговор на поедини гласови?
    Чисто информативно ве прашувам :)
     
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Околу доењето беше цела сага, бидејќи доцна откривме дека се работи за анкилоглосија, бидејќи рестрикцијата беше на заден френулум и не беше очигледна како кај бебиња со изразен преден френулум. Бидејќи беше на заден френулум и влијаеше на перисталтичните движења нагоре со јазикот немав проблем со вакуум колку што имавме проблем со ефективно празнење на градата и недоволен напредок во тежина.
    Само што дознавме, а тогаш бебето имаше веќе 5.5 месеци, се решивме за френотомија со ласер. Направивме неколку дена пред да наполни 6 месеци, и потоа уште месец правевме вежби.
    Бидејќи се работи за бебе, не може да се знае дали рестрикцијата дефинитивно ќе влијаеше на говорот, но, ми беше објаснето дека е можност, како што е и можност за искривени заби заради високо непце кое не се израмнува со допирање на јазикот до него при голтање.

    Тука имам детално околу тоа пишувано:

    https://forum.femina.mk/threads/Под...-ankyloglossia-како-проблем-во-доењето.31615/
     
    На cresa-jagoda и joyful им се допаѓа ова.
  3. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.558
    Пол:
    Женски
    @Kaetana Ви благодарам многу што вака детално и несебично го споделивте вашето искуство. На многу може да помогне :l:
    Баш ми е жал, сте го поминале потешкиот пат.
    Последиците што можат понатаму да бидат, не се така големи и што е најважно се решливи.
    Ви посакувам многу среќа:hug::f:
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. snowgirl_10

    snowgirl_10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2019
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    ____Update во однос на исхраната____

    Моето бебушче и покрај расцепот одлично се снаоѓа со цврстата храна, односно сеа засега сме на кашички и одлично ги јади без никаков проблем или страв од загушување. Доколку кивни по малку од исхраната може да подизлезе преку носот, но тоа не претставува никаков проблем и бебето слободно продолжува да ја отвара устата за да добие уште кашичка.
    !!!! Го пишувам ова во случај некоја мајка/татко доколку го има истиот или сличен расцеп како мојата бебушка, слободно може да се опушти и да здивне во поглед со исхраната со кашички, затоа што одлично јадат и си качуваат килажа согласно месеците кои се. !!!!
     
    На bubemconia, Majra и LadyLollypop им се допаѓа ова.
  5. cinderella993

    cinderella993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    И јас би сакала да го споделам искуството на темата.
    Моето бебенце исто така е родено со расцеп на меко непце. Расцепот е мал, меѓутоа имавме доста проблеми со јадењето на почеток, не можеше да цица, 20-30мл оброк за два часа… кога го прочитав првиот пост во темава, сфатив дека го опишува точно она низ кое што поминавме. Ние се храниме со baby nova цуцли, а еден краток период на почетокот користевме и nuk специјална цуцла. Исто имавме и пад во тежина, но сега е добро, порасна и јаде околу 800 мл дневно. За недела две ќе почнеме со овошје и зеленчук па ќе видиме како ќе иде. Нас операција ни рекоа околу 10ти месец. Дали некој тука правел операција и може да каже како оди опоравувањето?
     
    На snowgirl_10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cinderella993

    cinderella993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Ова совршено опишува какво е и моето искуство. Ти благодарам за споделеното, да го прочитав порано, доста ќе ми помогнеше. Многу малку се зборувс на темата, а потребна е поддршка за сите мајки борци со нивните бебенца
     
    На snowgirl_10 и tambelina им се допаѓа ова.
  7. snowgirl_10

    snowgirl_10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2019
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски

    Конечно помина и нашата операција, првите два дена се малце потешки и за гледање за мајката и за малото затоа што е во мали болки и нелагодност во устата. Беше на сонда 7дена на исхрана и малце страв да не се извади со рачињата тоа, но за чудо соработуваше одлично и немаше обид за пикање рачиња во уста, фала му на Бога.
    После месец дена можам да ви кажам дека одлично започна да зараснува...

    сега следува нова препрека да пребродиме, а тоа е говорот, затоа што тек сега оформи меко непце(мускулатура) за подобар говор и изговарање на букви кои порано неможеше да ги изговара. (да напоменам претходно веќе почна и да зборува меѓутоа не е тоа тоа ).

    После поминати 4месеци од операција забележувам напредок во однос на говорот, почнува да се труди да збора и нови зборчиња некои целосно точно ги изговара, некои не баш.
     
    На Annath и cinderella993 им се допаѓа ова.
  8. cinderella993

    cinderella993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Честитки, нека оди со лесно опоравувањето. Ние исто се опериравме на 8 месеци, кај нас беше операцијата на меко непце и добро поминавме. Сеуште не зборува ама нема проблеми со јадење. Сакав да споделам дека на фб има една група каде мајки споделуваат искуства - еве линк: https://www.facebook.com/groups/1394588430840458/ . Има доста корисни работи. Поздрав
     
    На snowgirl_10 му/ѝ се допаѓа ова.