Бегање од проблеми

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 5 јуни 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Дали ви е полесно да се соочите со вашите проблеми, или ги игнорирате и обидувате да се правите како да се е во ред?
    Колку вие се замарате да ги решавате проблемите на другите ?
     
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    подобро е да се соочуваш со проблемите отколку да ги занемаруваш па да ти се трупаат така нерешени :wasntme:
    секогаш гледам да го најдам решението... се соочувам со проблеми секојдневно, и не ми е лесно, но тоа е животот :worried:
    а кога други имаат проблеми ако можам и ако заслужуваат :| им помагам да го најдат решението за соодветниот проблем :)
     
  3. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    331
    Има некои проблеми со кои не сакаме да се соочиме, заради страв дека нема да успееме да најдеме решение или пак од мрза да се посветиме на решавање :^) Но ако ги прикриваме, тие нема да се решат сами по себе. Затоа јас викам подобро одма отколку да го мислам, да ми задава главоболка а да не го решавам. Иначе пред некој ден слушнав една убава изрека: If a problem can be solved, no need to worry about it. If a problem can not be solved what is the use of worrying? Значи, само храбро, без грижа да се разрешува проблемот. Ако е навистиба нерешлив, па тогаш нема потреба да е грижиме, не е во наша моќ...
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    за проблемите на блиските сум секогаш тука,нема шанси да оставам туку така.
    а за моите,може да се рече дека ги избегнувам ,ама во смисла кога правам приоритет на некој одреден проблем.на пример,имам проблем кој треба да се реши денес и друг кој треба следната недела.додека го мислам првиот,на вториов не ни помислувам
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.343
    Пол:
    Женски
    Дали ви е полесно да се соочите со вашите проблеми, или ги игнорирате и обидувате да се правите како да се е во ред?

    - Некогаш и колку да ми излгеда тежок проблемот и неговото решавање невозможно, се соочувам со проблемот, со помош на моите, така ме имаат научено, да се борам, ми викаат дека се може да се реши што е точно, а ако ги игнорирам проблемите само потешко ќе биде.Спротистави им се на проблемите, не дозволувај да те претекнат !

    Колку вие се замарате да ги решавате проблемите на другите ?

    Ако се работи за мој близок , и без да ме праша помагам, не сакам да решавам проблеми на некој што не ми е во фамилија, и да те замоли излгеда како да се мешаш кај што не ти е место, секој може сам да си се справи со својот проблем.
    Некогаш кога јас имам проблем да гледам мојот да го решам , а не пак да решавам на друг.
    Доколку некој љубезно ме замоли и гледам дека навистина му е потребна мојата помош ќе му помогнам.
     
  6. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    68
    Тажно е што секогаш сум помагала колку што сум можела на другите, сум жртвувала многу работи само за другите да бидат среќни или да им помогнам некако, сум била секогаш тука за разговор, совет или што и да е, но никој од тие луѓе не е со мене сега кога ми е потребна поддршка, совет... Најлесно е да се бега од проблемите, да кажеш неможам јас да те гледам вака, жал ми е и да си го свртиш грбот и да заминеш. Големината на човекот се мери со тоа колку пати помогнал на некој, колку пати ти се нашол во неволја, колку пати бил тука да те ислуша, зашто на крајот само тие дела остануваат, ништо друго.
     
  7. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Бегам најчесто ако е проблем кој ми е ете така тежок за решавање ,иако сум зборлеста тогаш незнам што да кажам мудро молчам и се надевам дека времето ќе реши а не е така .
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.262
    Допаѓања:
    81.261
    Пол:
    Женски
    Во принцип се трудам да го решам секој проблем што ќе ми излезе. Тврдоглава личност сум, и ако знам дека можам да најдам решение за нешто, ќе се потрудам, па макар и да ми треба. Не сакам да бегам од проблемите, затоа што тоа не е решение, сами од себе нема да исчезнат. Тоа важи за проблеми што ме засегаат, односно проблеми кои што можам сама да ги решам. Меѓутоа, ако се работи за проблем за чие решавање влијаат и некои надворешни фактори, надвор од мојата моќ за решавање на проблемите - и тогаш се трудам да направам се што можам, за да не ми биде криво дека ништо не сум направила. А кога се работи за мои блиски луѓе, ако ми побараат помош, секако дека им помагам кога имаат проблеми, ако можам. Им помагам и на луѓе кои и не ми се толку блиски, ама тоа поретко откако сфатив дека после тоа никој не е тука за тебе кога нешто ти треба (ова не важи за блиските луѓе).
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.139
    Пол:
    Женски
    Сметам дека треба проблемите да се решаваат веднаш,кога ќе се појават,отколку да се чека и да се остави така како да нема проблем.Поарно и полесно е веднаш да се соочиш со проблемот,без разлика колку и да е голем проблемот,тежок,ќе се најде решение,затоа што со самото одложување на решавањето на проблемот,се создаваат,се таложат и други проблеми,па до толку потешко и се решава проблемот.Подобро на време,отколку подоцна.Додека на другите им помагам доколку тие побараат помош од мене,во спротивно не се мешам,без потреба.
     
  10. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    90

    Офффф истооо!!! Се наоѓам во ситуација во која моја најдобра другарка која ми била како сестра, всушност и не ми била. Моето семејство отсекогаш ми кажувало да не бидам 100% отворена со неа, бидејќи им изгледала дека е многу злобна, подла и љубоморна. Јас не сакав да верувам. Дури и мојот бивш дечко ме советуваше така.. А бивш ми е благодарение на неа.. Ми има многу згрешено и јас бев спремна се да и простам, кога и дадов шанса да збориме и да се среди се, дознавам дека таа со останатите мои другарки си направиле 300 комбинации како јас сум лоша, злобна, дволична.. сите мои зборови се испревртени. Ниедна од нив не сака да ми даде шанса да го кажам своето ( веројатно ќе бидат сите откриени дека лажно оговараат). Проколната сум цел мој живот со лажни другарства. Зборував со моите мислев е проблемот во мене, во мојот карактер. Но, не. Мојот карактер не е лош - САМО ПРЕМНОГУ ВЕРУВАМ И ПРЕМНОГУ ГИ ИДЕАЛИЗИРАМ СИТЕ. Сега немам најдобри другарки и патам. Многу ми е тешко бидејќи јас сум зависник од гушкање и дружење. Сакам само искрена љубов и искрени другарки. Зошто е толку тешко да ги најдам ?
     
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    4.398
    секогаш ги решавам проблемите. не бегам се нервирам кога ќе ми излезе некој проблем и не престанувам да мислам додека не си го решам. што се однесува до проблем настанат во врска среќа имам партнер кој потполно ме разбира и за секој настанат проблем комуницираме, наоѓаме разбирање па макар требало и 5 часа да се зборува. бегањето од проблемите донесува само нивно наталожување затоа што еден проблем води кон друг.
    што се однесува на решавањето на проблемите на пријателите секогаш сум тука да им дадам добар и реален совет сакале они го прифатиле или не. а во принцип сум човек кој лично моите настанати проблеми ги решавам сама. некако мислам дека светот е завидлив и ако го кажеш проблемот само ќе ти се ситат ;(
     
  12. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    2.445
    ПА подобро ми е кога ќе го решам проблемот сепак подобро ми е и мене а вака ако избегам и после ќе се каам па зошто да не го решев проблемот кога имало решение :)
    Вака најдобро на време ќе си го решам и после мирна глава :D
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.510
    Допаѓања:
    37.804
    Колку и да бегаш од проблемите на крај ќе те стигнат. Затоа најдобро е со време да се решат. Јас мразам кога се ми виси над глава, па се обидувам се што можам да си решам со време.
     
  14. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.350
    Проблемите кога тогаш ќе не стигнат, така и ќе ни бидат потешки зошто со тек на време се создаваат поозбилни и потешки проблеми, па ќе ни биде потешко да ги решиме сите во исто време. Затоа се со тек на време. Запамтете, од проблеми не се бега, може ќе се подзаскријат, но кога и да е ќе не стигнат :!: .
     
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.465
    Многу многу често знам да избегам од проблемите, да ги премолчам, да излезам низ врата и да чекам да помине време се додека не се заборави.
    Минатата недела се соочив со многу проблеми што морав да ги решам во тој момент - без бегање. Така ќе морам и понатаму да правам.

    За решавање на другите проблеми и не се замарам многу, освен ако не се работи за некоја преблиска личност која ми значи.
     
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Ако бегаш од проблемите, тие секогаш ќе те следат! Затоа е најдобро да се решат во најбрз можен рок. Го практикувам ова, и за мои, и кога ќе ми се побара помош.
     
  17. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    eve dve od mojata krvna grupa :D :D :D :D i jas se prasuvam istoto zosto???tolku li e tesko da soslusas ,pomognes ,da bides iskren- covekkkkkkkkkkkk a ne licemerno govedo!!!!!za site sum bila tuka koga placele tie ,koga im trebalo pomos sovet bilo sto .no koga sum jas vo prasanje koga stonam vo problemi site go vrtat grbot i sama ;( nema koj da ti kaze eden edinstven utesen zbor,a koga mi e ubavo i pri pari togas trcaat-mrazam licemerie!!!!!!!!!!!!!sve sum odkacila takvo gubre ne mi trebaat.znaci znam dusata da ja dadam za prijatel no neli znae da go ceni toa odma go stavam vo kanta za odpadoci i e***se :hai:
     
  18. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    42
    Значи од секогаш сакам кога ќе има некој проблем со било кој да се седне на маса и очо во очи да се разговара за тоа и проблемот да биде решен, а не само избегавање и замачкување на проблемот, па да стане уште позамрсен и да дојди ред јас да бидам крива за то шо не сум го решила ... неколку пати ми се има случено со дечко ми и бидејќи ми има ама буквално скиснато му имам речено од сега што проблем да има шо се однесва на нас сами двајцата да го решаваме а да не се вмешуваат ттреи особи во нашата врска кои само ќе ја расипат :)
     
  19. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    117
    никогаш не бегам од проблемите секогаш се обидувам да ги решам на посмирен начин ( иако тешко ми оди секогаш избувнувам) се соочувам со нив,а за луѓето сто ми значат се обидувам колку можам да им помогнам во одредена ситуација или проблем
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.400
    Кога и да се појави проблем - голем или мал, најпрвин пробувам да не паничам. Не сум ни паничарка по природа.
    За се' друго можеби сум нетрпелива, но кога имам проблем не брзам со решението и ретко барам помош од други, се обидувам да го решам сама.

    За проблемите на другите не се интересирам воопшто. Кога се работи за некоја блиска особа - другар, другарка, ќе понудам решение на проблемот, САМО доколку ми побараат.