бегање од проблеми НЕ, порано или подоцна мора да се соочиме со тој проблем. а за проблемите на другите, секогаш сум подготвена да им помагам на кој било начин
Многу ми е полесно кога ќе се соочам со проблемот и се трудам да го решам и не можам да го игнорирам колку и да сакам бидејќи едноставно не можам да бидам среќна кога знам дека има нешто што ме мачи.Без разлика дали е нешто големо или мало,за најмала ситница ми се случува истото. Никогаш не се замарам да ги решавам проблемите на другите,сепак тоа е туѓ живот и не сум јас таа што треба да одлучи што ќе прават со проблемот.Доколку побараат совет ќе бидат добредојдени,но понатаму не навлегувам.
Ги решавам моите, ги решавам туѓите, абре се решавам. Човек без работа Некогаш дури и ме нервирааѕ луѓе кои си бегаат од проблемите, па одам јас да им го решам, да не гледам така растурено Не чини, знам, ама фрик сум за такви работи. И не бегам од проблеми. Се соочувам гради в гради и ги туркам на земја!
Проблемите исто како задачи чекаат да ги решиш, ако не решиш задача самата не може да се реши, затоа фрлете се во решавање на проблеми оти никој друг нема да ви ги реши, дај боже никој да нема проблеми.
порано бегав од проблеми, меѓутоа сватив дека со тоа правам многу голема грешка и сега почнав да се соочувам со проблемите. after all тие се сепак мои проблеми и не треба да чекам било кој да ми ги реши
Неможе да се избега од проблемите,кога тогаш мора да се решат.Решавањето на проблемите може само да се одложува.Јас лично секогаш се трудам да си ги решам проблемите,не сум личност која неможе да се соочи со проблемот,па каков и да е.Но знам луѓе кои несакаат да си ги решат проблемите.Или не сакаат или немаат доволно храброст да се соочат со нив па прибегнуваат кон разни пороци.Но тоа не е решени да напиеш и да заборавиш,ќе ги заборавиш проблемите за извесно време,но со тоа не се решаваат,тие пак не чекаат нас.Секогаш се трудам со трезна глава и чиста совест да си ги решам проблемите.
Проблемите дефинитивно треба да се решат, бидејки се додека се туркаат под тепих подоцна стануваат потешки за решавање. И најважно always look on the bright side of life
Сум пробувала порано да бегам, без разлика дали е ситница или нешто друго, дали се работи за тест, љубов, другарство.. Но сватив ништо не се решава ако бегаш! Колку и да бегаш, тој пак ќе те стаса, ќе биде тука. Можеш да ги заборавиш но тоа е само на кратко, ке пиеш алкохол, ќе ги заборавиш вечерта а сабјлето пак ќе ти дојдат на глава, нема ваљда да пиеш ти секој ден да ги забораваш?! Ова зборам за посериозни проблеми. Треба да се соочиш со нив лице во лице, иако некогаш тоа е тешко и тие изгледаат нерешливи. Ако бегаш, уште полошо е за тебе, некој ден пак ќе мораш да се соочиш со нив. Некои викаат дека ниеден проблем не е нерешлив, но стварно постојат, некој се и остануваат цел живот... За одредени проблеми сум пробала да се соочам, не ми успеало во моментот и не би ми успеало. Доолго време не се сретнав со истиот проблем, но како и да е од никаде и за ништо пак ми искрсна. И верувам долго време ќе ме следи. Едноставно не се решава. Ако сака ќе се решеше и сам веќе! Ама никако не иде. Ама, сепак секогаш треба да се трудиме да не бегаме и да го решиме. Нема да исчезнат сами од себе. И никогаш не треба да оставаме на други да ни ги решаваат НАШИТЕ проблеми, од повеќе причини. Некои луѓе си имаат enough problems of their own, други може те мразат а ти тоа не го ни гледаш уште повеќе ќе ти ја замрсат работата и намерно уште полошо ќе ти направат, а па некои и ненамерно може да ти ја закашкаат работата. Затоа, најдобро си е сам да си ги решаваш своите проблеми, а потоа ако можеш и сакаш на своите најблиски, ако тие толку сакаат ти баш да им го решиш, ако они не можат .. ама полошо за себе, само одбегнуваат да се сретнат во очи со проблемот, и ништо нема да постигнат така во животот понатаму.
никогашшшш не бегам,секогаш ќе ме стигнат.што и да е додека е топло полесно се решава апосле кога ќе излади може и да се заборави.незнам зошто бегаат од проблеми некои?!?за да намлезат во поголеми проблеми-тоа е одговорот
Се соочувам гради в гради и ги туркам на земја! ова многу ми се допаѓа да подобро да се лечи одколку... абе подобра е погорната реченица мора да се соочи човек иначе нема нигде да стигни ќе тапка в место само и ништо од стоење нема аир шо викаат старите.
Багањето од проблемите не е нивно решение. Кога-тогаш пак ќе се соочиме со нив, а ќе биде уште потешко затоа што се застарени, а со нови рани. Што се однесува со мене сакам да им помогнам на луѓето колку што сум во можност. Практикувам сама да си ги решам "проблемите" , иако примам и туѓи совети. Најмногу ми е криво и се нервирам кога секогаш се трудам да помогнам, а потоа тоа не ми се враќа и се прават како ништо да не било. Сепак .. тоа е тоа.
Пааа мене ми е полесно да се соочам со проблемите..иии колку тие што се замараат за моите проблеми толку и јас за нивните
Да скоро секогаш се соочувам со проблемите, таква сум неможам да сум мирна кога знам дека имам проблем никогаш не се откажувам одам до крај се борам, никогаш не кревам раце без разлика што и да е не се предавам!!!
и јас како тебе tweety girl сум борец и не дозволувам проблемите да владеат со мене проблемите ги решавам сама-без помош од мама тато или брат ми(примам совети-но сепак финалната одлука ја донесувам јас ) а што се однесува до другарките-во секое време можат да ми се обратат за совет, помош,секако доколку сум во можност ке им помогнам
Не ,јас не бегам од проблемите . Кога имам некој проблем не очекувам воопшто поддршка или совет од некого и не кажувам на никого , си го решавам на мој начин . Им кажувам на другите после решавањето на проблемот, за нели ако наидат на таков проблем некогаш. Во тој период (кога имам проблем )се фокусирам само на тоа за што побрзо да си замине тој проблем ,бидејќи ќе дојде друг и трет , таков е животот со проблеми а јас знаам да се справувам со нив онака машки. Ако не се решаваат навреме ,ако се бега од нив со тек на време проблемите ќе стануваат поголеми и ќе наидат и други дополнителни проблеми и ептен ќе е тесно и стресно . Едноставно сум таква ,можеби бидејќи имам животен проблем и тоа голем кој не се решава ( мајка ми и нејзините психолошки проблеми ) останатите проблеми се лесни и едноставни како боза за мене. Секој мора да сенаучи да се носи со своите проблеми и што побрзо да ги решава ,бидејќи со бегање од нив тие никогаш нема да се решат ,само ќе станат поголеми и покомплицирани за решавање .
Дали е бегање тоа сто немав веке излез од ситуацијата па заминав на друго место?многу години се трудев да си го ресам проблемот и на крај не ми остана нисто друго освен да ги спакувам куферите.Искрено не се 4увствувам како слаба напротив направив голем 4екор и проблемот своевремено сам се реси.Не4иј бес сега се смири а со тоа избегнав голема трагедија,мислам дека некогас е добро да се бега но не од проблемот туку од тој сто ти го прави зивотот проблемати4ен.
Не бегам од проблемите. Како би можела, кога се тука и ме следат. Џабе би си играла брканица со нив, на крај пак ќе ме фатат и ќе изгубам. Убаво од старт пробувам да ги решам, со одолговлекување и самата себе си се преоптеретувам. Туѓите проблеми не ги решавам. Пробувам да помогнам ако сум во можност или пак да упатам некого кон нешто. Но не секогаш.
Најчесто се соочувам со проблемите, гледам на најдам решение, а тоа решение да биде прифатливо и разумно, но се случува и да оставам некој проблем да исчезне самиот по себе со тек на времето Сепак најдобар начин е соочувањето со проблемите според мене