Секогаш се трудам да го решам проблемот, па колку и да е голем, за се има решение, у животов за се има решение, само човек треба да се труди, да биде упорен... нема да имам фајде ако прблемот го оставам
Јас веќе една година бегам од проблеми и се повеќе и повеќе ми се трупат... некако како да се вртам во круг. .
И откако ќе решам некој проблем, секогаш се појавува нов. Така што бегањето од проблемите не е добар начин, само повеќе ќе се трупаат и грижите ќе стануваат се поголеми. А знаеме дека нема живот без проблеми, така што треба да се трудиме да ги решаваме, без никакво одложување. Така станува само полошо-никаква корист од бегањето.
Бегањето од проблем-не е решавање на проблем,бидејки нема проблем кој не е нерешлив.Факт е дека кога имаме проблем тогаш тој е за нас најголем и понекогаш не гледаме солуција,но мора да смогнеме сили и да го најдеме соодветното решение бидејки само ние го имаме решението,секој друг од страна и да сака да ни помогне неможе бидејки конечната одлука ја донесуваме ние самите.
Никогаш не ги избегнувам проблемите, туку директно пристапувам кон нивно решавање. Со одложување на проблемот нема истиот магично да исчезне! Од што заклучувам дека секогаш е полесно да се реши веднаш проблемот отколку по одредено одложување и бегање од истиот. Во врска со помагање на други - помагам колку што можам да помогнам и се разбира на тие што бараат помош.
Никогаш не се бега од проблемите,доста кукавички е и не само што е кукавички, со бегањто добиваш + проблеми, па после справи се ако можеш
Не знам како успеваат луѓето да избегаат од проблеми. Јас додека не расчистам нешто не можам мирна да спијам. Така простум да баталам се, и да речам дека утре ќе мислам на тоа.
Ако имам некој проблем веднаш се трудам да го решам.Колку и да сакаме неможеме да ѓи избегнеме на проблемите ако не ѓи решиме,бидејки тие може само да се трупат и на крајот да сме во многу тешка состојба...
Не бегам од нив иако ме среќаваат на секој чекор. Цврсто стојам и давам образ да ми залепат шамар па потоа го вртам и другиот образ. Се опаметувам и станувам појака.
Никогаш не бегам од проблемот (некогаш знам да го преспијам во смисла мноогу сум се вознемирила па организмот се штити и бара сон ,барем јас така си заклучив сама за себе) но,тоа е само една ноќ..Одморена подобро размислувам и решавам,правам грешки и се учам на нив и можи пак истата да ја напрам но битно е дека не пикам ништо под черџе ,решавам,признавам,се извинувам ,се што е потребно,значи нема проблемот сам од себе да помини секогаш иди нов и јас се соочувам падната на колена или испраена и силна важно се соочувам...
Не можам да игнорирам проблем , се осеќам дека го вчелам по себе. Се нервирам за проблеми, се трудам да решам, ама не е секогаш во наша моќ да решаваме свои па и туѓи проблеми.
Порано (во изминативе 2 год) имав многу проблеми,и семејни и училишни.И јас постојано бегав од проблемите,незнаев како да постапам,всушност не ни размислував,ама сега се каам за тоа.Штом избегаш од еден проблем ти се отвара нов.Но сега не,сега се трудам веднаш и правилно да го решам проблемот.
Прво и прво се трудам да немам проблеми. Но, како од земја да никнуваат тие, па кога некој пред мене ќе се појави и ми пречи, едноставно барам решение, па анеднаш в глава ми излегуваат над илјадици решенија, потоа остануваат само три, додека не остане само едно, тоа го исполнувам на дело и проблемот решен или не. Ако, планот не ми успее, само го земам в раце Планот Бе, а ако и тој не успее планот Це и така до бескрај, се додека не дојдеме до решение на проблемот. Всушност решавањето на проблеми е интересно, ако не го земеш в предвид фактот дека можеш сериозно да се заглавиш во калта. Тка да не бегам од проблеми.
Колку и да сакам да ги избегнам проблемите едноставно неможам.Можеби за момент би престанала да мислам дека ги имам,ама дека ќе избегам неможам.Eдинствено бегство на проблемите е барањето и размислувањето на кој начин би можеле да ги решиме тие проблеми.Но,за жал некои бегањето од пробелмите го бараат во алохохолот и дрогата,што мислат дека ако се напијат нема повеќе да ги имаат проблемите,но не е така.Со пиењето нема ништо да постигнеш,денес ќе се опијаниш,следниот ден ќе се отрезниш,но пробелмите се сеуште тука.
Признавам,кога имам проблеми едноставно се губам во својата психа. Неможам да избегам од нив,ниту пак сум доволно храбра да се соочам со нив. Можеби едноставно не сум доволно паметна за се тоа
Најубаво е да кога ќе го избегнуваш проблемот, али лошото е кога тој проблем ќе ти се појави повторно и веќе ќе немаш сили да го избегнуваш ќе мораш да се соочиш со него. Јас искрено несакам да ги избегнувам проблемите бидејќи секој проблем си има и свои последици, така да што побрзо се соочам со проблемот толку побрзо ќе си бидам на раат
Зависи има проблеми кои не можеш да бегаш и да сакаш но има и проблеми кои сакаш неќеш мора да бегаш.. тоа е животт
Значи колку повеќе бегаме тие се' се поблиску до нас .јас не бегам ги решавам и готаво поминале...На моите најблиски се трудам понекогаш да ти решам...