Да му побегнеш на проблемот не е решение затоа што ке те стигне кога не го очекуваш и ќе те тропни по глава посилно него првиот пат.. Решавај го на време за да имаш простор да здивниш и да собериш сила, снага за следниот што лета накај тебе
Kolku sto poveke begas od probpemi tie uste poveke trcaat po tebe... A kutenjeto e najstrasnata rabota. Za da begame od probb najcesto kutime a kutenjeto ti izbiva nervoza od vnatre i te ubiva
Бегам од проблеми.Најголема грешка.Здравјето ми е изгубено.Нема наџад.Нервозата одвнатре ме искасапи,лом ме направи.Немам сила,немам храброст да се соочам.
Да ти кажам душо едно нешто...ЈАс имам само 17 години незнаеш низ што минав можеби ке речеш низ што си минала на 17 но не е така едноставно....Затоа што секои проблеми на секоја возраст си имаат своја тежина неме мачела љубовта туку многу повеке ме измачувале што не ми рекле и направиле мислев нема излез се докажував дека не е така постојано бев во гуша до проблеми но потоа едноставно неможев немав сила и оставив се на времето и верувај се помина се остана во минатото до скоро ме болеше кога ке ми текнеше...Несакам воопшто ни да споменам то се ми се изнаслучи но ивини овака што избацив от тема мегутоа сакав да ти кажам дека не се нервирај без разлика на се што и да е ке помине ке видиш колку и да е голем проблемот времето лечи јас со 17 години ти го зборувам ова од искуство, проблемите ке ги однема се ке остане во минатото ке биде бледа слика што и да ти се случува денес или утре се ке стане минато ке видиш еден ден нема потреба да се нервираш јас бдејки се нервирав еве сеа кренав раце од се што биде нека биде ако нешто иде удолу а неможам да го поправам оставам на времето тоа секогаш знае која коцка каде да падна верувај душо <3 И секогаш мисли позитивно тоа е најважно во животот ако не си позитивна дури и кога би немала причина за тоа ... МОжеби ке ми се изнасмееш на постот но сум била во таква ситуација од проблеми можеби не од истите но сум немала кој да ми помогне ете јасбар се обидов ... <3
Постојат интерпункциски знаци: -Точка -Запирка -Извичник -Прашалник -Две точки ... Па постои исто и НОВ РЕД...Па реченица се почнува со голема буква. @Lella во право сум ? И не сум оф топик
Ако ги игнорирате проблемите тие ќе ве уништат. Имав другарка која секогаш ги занемаруваше и викаше дека не и е гајле, но не е така. Еден проблем раѓа друг проблем и така во круг.
Проблемите се решаваат а не се туркаат под тепих зошто кад тад ќе излезе таа прашина од негде и ке ве затрупа. Можеби како помала сум бегала од обврските и сум ги одложувала за утре нели според правилото -Тоа што можеш да го завршиш денес остави го за утре, но сега веќе не. Претпочитам навечер да спијам со мирна глава. На крајот од денот секој од нас има проблеми, барем јас не познавам некој на кој се му е наредено по мерка. Затоа и сите се трудиме да работиме на истите и да си олесниме животот. Јас до сега не сум видела некој проблем да се реши сам од себе додека ти лежиш со сите четири во вис. Бегањето од обврските и проблемите ми е одлика на несериозни и несозреани личности. Секоја нормална возрасна единка ос акал во главата работи на тоа сам да си ја крои иднината а не да чека се само од себе да се реши. Не велам дека и денес не оставам некои работи за утре, но тоа се ситници кои не се од витално знаќење. За е друго кое има големо влијание на мојата иднина гледам да го решам во најкус можен рок а не да оставам јајцето под гз да мим дојде и тогаш да си ја удирам главата.
Бегањето од проблеми е исто како трчање во круг. Секогаш ќе се вратиш на почетната точка/ситуација. А, да биде полошо, со одложувањето/неприфаќањето/нерешавањето на проблемите, само уште толку дополнително се исцрпуваш ментално, па стануваш пораздразлив, исфрустриран, и општо многу, многу полабилен. Каков и да е проблемот, колку тежок и незамисилв, секогаш мора да се реши, без оглед на се. Ако само ги складираш проблемите во плакар, еден ден истиот тој ќе се преполни и ќе те загуши, се ќе ти се сруши врз глава, а од тоа полошо нема. На никого во животот не му цветаат рози, ама секој се бори најдобро што може во моментот. Што би било кога сите би ги игнорирале непријатните ситуации и би се преправале дека немаме никаква мака/проблем. Тоа не е решение.
Ако нешто сфатив во животот е колку повише бегаш од проблемите, толку полесно те стигнуваат и ти наплатуваат... Ништо не може за трајно да ти избега, додуша од проблем до проблем има разлика и тоа огромна... Мислам постојат проблеми кои можат и подоцна да се решат, но има некои работи што ако не ги решиш на време како карцином се шират и ти прават да ти биде уште потешко. Мене карцином ми е факсот. Полагањето на испити ми беше проблем, а сега е толку зголемен што почнувам да се прашувам како ќе го решам. А, не сакам да го влечам. Бидејќи ми е смачено мајка ми на сите нејзини другарки/пријателки/комшики/колешки да вика дека сум вечен студент. Не сакам да ме зезаат луѓето за тоа. Сакам да ми е завршен и да можам конечно слободно да дишам... И уште поголем карцином ми е избегнувањето забар... Но, тој може многу полесно да се реши. Затоа од проблем до проблем има разлика..
@Cinderfakinrella Се пронајдов во делот за факултетот. Уште влечам испит од прва година, кој најверојатно можев и тогаш да го положам ама од што ми беше толку бесмислен и глупав предметот, плус нешто што воопшто не сакам... буквално читав и плачев. И останати обврски што ми се од факултетот, чекам до последен момент или кога веќе нема да може ништо да се направи за да завршам нешто. Натрупав сто испити за во јуни, презапишав и предмет, ко што ми изгледа 7 предмети ќе запишам во овој семестар од вообичаените 5. Затоа сакам да не ги избегнувам овие обврски и да си завршам на време, зошто што побрзо тоа понеболно ќе биде, а вака само ќе ја оддолжувам мизеријата.
@blueeparadise Ќути исто, имам 15 испита до август да положам. И тоа затоа што јас си наложувам. По природа сум мноооогууу самокритична. Јас имам од втора и трета само. Прва ми е исчистена уште кога бев прва. Проблемот е што се вработив и автоматски помалку време за се... Но, ајде се тешам дека ќе биде и ќе кажам ауфидерзен. Па, да можеме полесно да го планираме заминуваењето у Чешка. И се надевам барем таму ќе ми користи факсот
@Cinderfakinrella Што е до мене, јас би ги фрлила овие две години од факултетот "во вода" и повторно би се запишала на она што сакам да го студирам, зошто после ќе бидат ем 4 години, ем цел живот фрлен во вода според мене. Но, што е тука е, испитите сакам да ги положам прво заради моите, второ за да не се замарам секоја година со плус испити од тие што ги имам во моментот. Инаку, ако факултетот што го студираш овде ти е признаен во Чешка, тогаш зошто да не, мислам дека би можела да се вработиш по струка. П.С Цело време бегам од проблемите, ама тие упорно трчаат по мене.
Porano begav od problemite. Ama te pratat cel zivot. Moras da se soocis. Sega pri nekoj problem gledam opcii za da se resi.
Никогаш не бегам од проблеми. Сакам да се соочам со нив, не сакам да се лажам самата (зашто според мене тоа е поразително) и нормално, сечам од корен. Некогаш знам да сум престрога ама не ми е гајле и ќе пројдам преку сè за да биде решено како што треба. Не решавам проблеми на други луѓе (со мал број на исклучоци) зашто често сум решавала и на крај јас сум била лошата. Не знам, не видов, не слушнав со свои. Проблеми решавам само на луѓе што не ги знам, зашто знам дека тие вистински ценат и дури никогаш да не ги сретнам ми е кејф што сум им се нашла.