1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бегство со дечко?

Дискусија во 'Врски' започната од Tea678, 9 март 2018.

  1. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Не бев сигурна дали да ја отворам оваа тема, но како што видов нема, па токму поради тоа и се регистрирав. Би сакала да Ве прашам ваше мислење, што мислите да заминете со дечко во друга држава, без тоа некој да го знае, да ги известите родителите тек кога би стигнале таму? Јас контактирам со еден дечко веќе подолго време 3 години, сака да дојдам кај него, но сигурна сум дека доколку ги прашам моите не би ми дозволиле, знаете какви прашања би следувале, не го познаваш, може е манијак и слично на тоа, но јас сум убедена дека не е некој таков, се што сум му побарала ми докажал и слично, не велам дека сум 100% сигурна, би била среќна да заминам кај него, но ете како после, реакциите од родителите и слично? Иначе имам 20 години, знам дека не сум мала, но немам храброст да се соочам со нив и да кажам за истото, да напоменам дека родителите ми се супер, се сум имала што сум посакала од нивна страна, не идам од што имам некои проб со нив и слично. Што мислите Вие? Дали доколку отидам може некако да ме вратат од таму ако некој пријави нешто, пошто сепак сум над 18......

    (доколку пречи темава, се извинувам, но не би можела да разговарам со некој познат за ова, ќе Ве замолам без навреди)
     
  2. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    7.314
    Заминување со дечко кој што го немаш запознаено во живо е голем ризик, и самата велиш дека не си 100% сигурна. Зошто на пример не дојде твојот дечко во мк неколку дена, нека се запознае со твоите родители, запознај го и ти во живо, па потоа на летен одмор со родителите и/или другарки појдете вие таму, види каков е на негов терен, на недела две. Вака по интернет не можеш да знаеш се, а не можеш ни да се заљубиш во личноста (се заљубуваш во идеалот што ти го создаваш пополнувајќи ги дупките за делови што не ги знаеш само со убави работи). Многу ама премногу е опасно да заминеш во друга држава кај некој што го познаваш само преку нет.
    Вака кога би дошол тој на недела две, па и ти би пошла таму (во ниеден случај сама првиот пат), ќе се запознаете подобро и ќе видите како ви оди. Од каде знаеш можеби ќе им се допадне и на твоите родители па со благослов би те пуштиле да си ја бараш среќата.
     
    На 1209, CaraMia, gorde1 и 28 други им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Непочит спрема родителите е да избегаш и да не им кажеш каде ќе одиш. Не од аспект на тоа дека те издржуваат или слично, туку штета е да си го расипеш добриот однос со нив за некој кој не го познаваш добро.
    И тотално нефер е да ги оставиш во грижи и да те мислат правејќи си лоши сценарија во глава.

    Јас сепак мислам дека не е во ред да одиш било каде, особено не во друга земја во која не познаваш никого, само за да се видиш со некој дечко кој патем не го ни познаваш добро.
    Не мора ниту да разговараш со родителите, еве сама процени дали е паметно да одиш сама во странство, тајно без да знае било кој, само за да запознаеш некој со кој си комуницирала виртуелно.
    Теленовела мач.
     
    На Triksy27, CaraMia, Abeja и 51 други им се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.565
    Пол:
    Женски
    Мислам дека си доволно возрасна да ја сфатиш големината на ризикот од заминување на слепо. Како што разбрав се знаете само на нет. Тоа не е вистинска врска. Секакви луѓе може да има позади екранот. Во право би биле твоите доколку не ти дозволат вакво нешто. Немој значи, навистина е опасно.
    Добро те советува членката погоре, ако сакаш да се видите во живо тој нека дојди тука во мк, па нека го запознаат и твоите и другарките. Добро запознајте се во живо прво. Треба време да помини да го запознаеш каков е навистина, па тек после да размислуваш дали сакаш да појдиш кај него, и со знаење на другите.
     
    На CaraMia, CameliaMiller, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  5. lovestonedd

    lovestonedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2018
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    A што ако твоите се во право ? Што ќе правиш тогаш сама во туѓа земја ?
     
    На Feminka22, cresa-jagoda, Tea678 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.389
    Допаѓања:
    42.621
    Пол:
    Женски
    @Tea678
    И јас би рекла дека нема потреба од брзање. Не поради нешто друго, туку поради себе. Мораш прво да видиш како ти би функционирала со дечкото во живо, дали ќе биде се во ред и слично. Убаво ти рекле и погоре, нека дојде тој тука и поминете некое време заедно, види како ќе се одвиваат работите, само без брзање. Осигурај се прво дека е вреден за да заминеш и оставиш се, а тоа ретко кога можеш да го процениш преку социјални мрежи.
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Можда глуми,има многу машки што лажат на фб
     
    На Dr.Zzz, cresa-jagoda и Tea678 им се допаѓа ова.
  8. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Сакаш како бело робље да завршиш ?
     
    На CaraMia, gorde1, Abeja и 25 други им се допаѓа ова.
  9. butterfly_mk

    butterfly_mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    321
    Пол:
    Женски
    Како што веќе некој напомена пред мене, голем непочит кон родителите е да им избегаш од нигде никаде и дефинитивно многу нервози. Тие секогаш се тука за роденото дете и во добро и во лошо, а ти со глупава идеа ќе им вратиш со најлошо што може да биде... (n)

    Прво: Дечкото што се слушаш ако те поштувал тебе ќе било поинаку немало да те става во вакви глупи ситуации да бегаш, значи ова ти е дефинитивно најглупата идеа.

    Второ: Од кај знаеш каков е, ако ти ги мани клоците кај ќе одиш, со кој образ ќе им се вратиш дома или дека ти се родители ќе трпат се и сешто и секакво иживување од тебе ?

    Трето: Од кај си сигурна дека таму ќе се издржуваш, со што и од што? Свесна си дека таму треба да работиш минимум 8 часа дневно секој ден и пак нема да ти стасуваат да сврзеш крај со крај, можеби и две работи ќе ти требаат.

    Мој совет ти е млада си и не се брзај и не летај без да видиш каков тип е, пошто овде сигурно се ти е на тацна имаш кај да спиеш, што да јадиш и сигурно ти се многу работи допуштени, а промената многу тешко ќе ти дојде, верувај. Не дозволувај да бидеш изиграна.
    Ако дефинтивно ти е тоа намерата, поарно со родителите седни и кажи што е работата, на крај краева пробај да си ја најдеш среќата и овде, ни прв ни последен ќе ти биде типот што се штракаш на фејсбук цели 3 години...

    И за крај послушај ја будалава позади профилов пошто сум поминала низ се' и сешто барем за добар совет тука сум.
     
    Последна измена: 9 март 2018
    На zalosna, Kolumbo, Dr.Zzz и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Ex Luna Scientia

    Ex Luna Scientia Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2017
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    847
    Пол:
    Женски
    Органите во каква состојба ти се? :D:D:D
     
    На Abeja, Belabelinakinder, Elinora и 27 други им се допаѓа ова.
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    Девојче многу филмови гледаш. :D
    Не знам како си можела да помислиш на такво нешто, не па тема да отвориш за тоа и да бараш мислење.
    Ниту знаеш кој се крие зад екранот,можеби манијак или којзнае каков.
    Во друга држава ем, па можеби ќе те остави таму на цедило и нема да знаеш да се вратиш надвор. Како машко тој нека дојде тука да се запознаете, а не ти да одиш.
    Може и да те продаде т.е сите органи да ти ги продаде, ги има такви.
    Не си играј со животот девојче.
     
    Последна измена: 9 март 2018
    На cresa-jagoda, Tea678 и Neophodna им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Абе па и вие какви сте. Нека иде, нели е 100% сигурна во него. Кој ги врти нејзините, нема врска тоа.
    Се е паметно што прави.
    Само ако тој толку сакал да биде со тебе ќе бил џентлемен, ќе дошол,ќе се запознаел со твоите па отом потом ќе стекнел доверба ама не, те нашол наивна и си рекол "ај ќе ја вртам оваа".
    Само што девојчево отвори тема и му ја туфна, си трола. :)
     
    На Tea678, malalola, Neophodna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.789
    Допаѓања:
    17.755
    Прво насловов не ќе да е погоден баш. :?:
    Бегство со дечко, подразбирам со него да заминам некаде.

    Ова твоево е бегство од бес, за да запознаеш некој што го знаеш само виртуелно и можеби не во вистинско светло. Не ни знаеш кој психопат стои позади екран.

    Зошто тој не дојде? Зошто ти да одиш?

    Од се ова може само да си го расипеш односот со твоите, ништо друго. Уште мислиш дека се што лета се јаде.
    Ептен незрел муабет. Just sayin'.
     
    На Belabelinakinder, Mari*, Kolumbo и 8 други им се допаѓа ова.
  14. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Пред да се одлучиш гледај го филмот Berlin syndrome, па мисли дали е ок да заминеш
     
    На zalosna, cresa-jagoda, Tea678 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.504
    Допаѓања:
    32.621
    Пол:
    Женски
    Подобро немој.Како и сите горе и јас се прашувам што дечко е тој што не дојде во мк да се запознаете , да се запознае со твоите па да видите дали си одговарате па тогаш дури да одите заедно.А ова не ти е бегство со дечко туку бегство од родителите , од секојдневието. Верувај девојче старите за џабе не рекле за да запознаеш некој треба со него да изедеш една ока сол. Можам да ти кажам еден маж колку многу се мени од врска во брак , а за на слепо не сакам ни да помислам. Подобро разговарј со твоите и ако толку сакаш да отидеш кај него отиди со некој од твоите или брат или братучет, другар што му веруваат и ти му веруваш.Сама никако.
    Ако испадне психопат и сакаш од него да избегаш , и се враштиш мк, каде ќе одиш, после ќе помислеш на самоубиство и ќе ти биде криво зш си ги твоите разочарала. Немој не се лажи .
     
    На cresa-jagoda, Tea678 и Neophodna им се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Зависи во која држава е момчето, ако е во западноевропскиве, бегај и не се врти назад :)

    Шала на страна, како можеш тоа да им го направиш на своите родители кои ти пружиле се во животот како што и сама пиша?
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    Ne moj sovet ti e toj decko prvo neka dojde vo mk da se zapoznaete posle se drugo vo svetot ima sekakvi luge
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. -Buba-

    -Buba- Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Сакаш да ги напуштиш родителите без збор и да заминеш кај некој ни виден ни чуен? Девојко доволно си возрасна размисли малку дали е во ред тоа... Ако дечкото има добри намери со тебе, зошто не дојде да се запознае со твоите а? Немој да потпаѓаш под туѓи влијанија така лесно те молам.... Фамилијата пред се!!!
     
    На cresa-jagoda, Tea678 и Neophodna им се допаѓа ова.
  19. Srcka $

    Srcka $ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2017
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    5.438
    Пол:
    Женски
    Кога го прочитав насловот на темата, асоцира ме на дека ќе бега со некој за да се омаже.Искрено.
    Јас со некој и 10 години да си пишувам па нема на тоа да се осудам, членките убаво ти кажале, така да не се осудувај тоа да го правеш.
     
    На Alisa22, cresa-jagoda, Tea678 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Јас би ти рекла да не се глупираш.
     
    На gorde1, CameliaMiller, zalosna и 12 други им се допаѓа ова.