Во Македонија треба да се пазиш со кого излегуваш,камоли во друга Држава. Ќе се изгориш и те како. А зошто тој не дојде кај тебе да се запознае со твоите. Нешто е матно тука бери ум
Јасно ми е се, и за се сте во право, тој предложи да дојде, не ни спомна јас да идам со него туку само ми рече, ако сакаш ќе дојдам па заедно ќе се вратиме, можеш да останеш кај мене, мене ми е убаво кога зборувам со него, да Ви кажам искрено овде се чувствувам осамена некако, на факултет на почеток ми беше супер се здружив со мн другарки, сега се отпишаа или се назад некои , останав во група кај што сме 10 и никој со никого скоро не комуницира, слушаме предавање и дома, најдобрата другарка што живее до мене ме заборави, излегуваме но само од колку да се рече, ништо не ми се случува во животот, а со дечково за се правам муабет, да не речам единствена позитива ми е да осетам дека сум жива.
Нејзинoвo филм, oвa сo oргaниве уште пoгoлем. Негo, штo плaнирaш дa прaвиш oткaкo ќе oтидеш тaму, дa бидеш зaвиснa oд негo?
Епа нека дојде, што е проблемот? На факултет одиш за да научиш нешто, не за да се дружиш. Не гледам логична причина да заминеш со непознат човек во друга држава затоа што немаш другарки.
Ајде да речеме си отишла, се случува нешто и тој те остава, ти дали ќе знаеш да се вратиш? Што ако ти рече во сред ноќ, оди си? Па и ден да е, студираш па добро ајде не е проб. Да не посетиш некое предавање, испити ќе полагаш кога сакаш, работиш? Ако не, тогаш од кај пари? ( во случај да мораш да се вратиш сама, ќе имаш пари?) Ако работиш, кој дава туку така слободни денови кога ќе ти текне тебе?. Замисли имаш дете, и утре го снемува, во средно бев сведок на девојче што избега со дечко во Италија, да видеше мајка и колку плачеше немаше да помислиш на ова! Ја молеше тогашната класна да ја најдат да направи нешто, а зашто? Пошто на ќерка и и текнало да ужива со некој во Италија, додека овде некој недај боже срце може да го фати. Искрено, многу е глупаво што веруваш на непознати луѓе, понекогаш сами си правиме проблеми кај што ги нема.
Дригарките повеќе се ценат и почитуват,дечковците оставаат,вараат,другарка нема никогаш да те остави а дечко да
@Tea678 не знам дали не тролаш, не е ни битно, можеби си сериозна, па еве и ја сериозен совет ке ти кажам. За твои 20 години ептен незрело размислуваш. Имаш услови да студираш, што значи да добиеш диплома а со тоа знаење и моќ да конкурираш. Ова би го оставила јер немаш другарки? Што да ти кажам, welcome to adulthood. Ме интересира што ке правиш ти додека тој работи? Кој ке те дружи таму? Од кои пари ке живеете? Имаш ти пари за да отпатуваш таму или тој ке те финансира? А ако не те пречека на автобуска/ аеродром? Дали го зборуваш јазикот? Во колкав град одиш? Ке можеш да се снајдеш во град со 2-3 милиони жители? Ако државата е во EU, што ке правиш по истек на 3 месеци?
Ако тука се осеќаш осамена при своја фамилија, пријателки роднини и тако даље, замисли како ќе ти биде во друга држава каде што не познаваш воопшто никого? Живеам 15 год. Надвор од МКД и можам да ти кажам дека животот и народот се многу по различни од кај нас, али тоа е за во друга тема. Не трчај не брзај,тој нека дојде и запознај го подобро тука, види дали е навистина она што ти кажува дека е, чудно е на 20 год. да го помислиш ова бегствово а не па навистина да го сториш тоа, такви глупости се прават на 16/17 год. не на 20. Ти имаат горе наведено доволно причини за да се замислиш и да се заплашиш, мене искрено би ми било страв и никогаш не би заминала така на ќоро. Што ако е некој Pimp и бара само жртви . ( знаеш што е pimp нели?)Помисли и на родителите дали заслужуваат да им го сториш тоа.
Љубовта ке ја води, аха, океј, разбраФ. Ц ц ц, колку доцна дознавам дека од љубов се живее. Да знаев - ке прашав, можеби и новиот ми лап топ ке ми го подареа од љубаФ. Можеби се занимава со трговија со бело робје? Или трговија со органи?
Ти барај си изговори како животот не ти е совршен ама ај погледни го филмот што ти го предложи членката. Знаеш како изгледа несовршен живот да си питач на улица на -20 степени и никој да не ти остави ни денар за леб и да те клоцаат и тепаат кај стигнат е тоа е несовршен живот.
Пари имам собрано, иначе не сум дозволила машко да ми плаќа било што, иначе бугарин е, на почетокот стално ми кажуваше дека имал роднини во Малезија, Австралија, па дури еднаш ми вика ако,сакаш ќе идеме и кај роднините мои во Малезија, си мислам што му е на овој , и после почна да се занесува како сите иделе со,него од што бил богат не знам што, јас му реков дека не сум таква и ми рече да да гледам, супер браво..и фала богу престана да се занесува, другарка ми рече,исто како Вас, дека многу лаже, барем така и изгледа, со тоа што раскажуваше каде имал роднини и дека гледале пари од него, девојки ако мислите дека лажам прескокнете ја темава, глупаво ми е овде да праќам копии од муабетот да читате колку само се фалеше на почетокот ама сега кога виде дека не сум таква, најнормално збори, еве и денес ми ѕвонеше да збориме, реков демек сум зафатена деновиве, не знам и сум и не сум
Ти девојче, да си седнеш и да си ги преиспиташ приоритетите во животот, најдругарски ти кажувам. По муабетиве оставаш толку незрел впечаток, како за 12-13 годишно девојче, а не за 20. Така се бегало од дома со рандом тип што ќе ти пише онлајн. Па ако си толку лековерна на секого да веруваш, сега да ти почне друг тип на било која социјална мрежа муабет, ќе ти сврти и симне неколку ѕвезди и тебе умот ќе ти летне, па ќе се мислиш дали да бегаш кај богатиов бугарин или кај тој новиот? Еве да ти кажам кога тебе не ти текнува - на дечково брат му во фармерки не го заболе за тебе да те земе кај него бегалка, туку те нашол просто наивна па само те мафта ако може да добие секс, и ништо повеќе. Не се будали, дојди си на годините и размисли што мислиш и што правиш.
Сакаш да одиш да ги оставиш твојте родители за дечко што ќе те откачи како не ти е страв?? Можда е убиец,можда е силувач како не ти е страв сварно??
Девојче со 500 евра, планираш да живееш таму? Или ближиш милион? А сместување? А сметки? А јадење? Или тој ќе плаќа? Мала караница, ќе прерасне во поголема и каде би одела во 2 по полноќ со куферот? Во хотел? Назад кај твоите? После 3 месеци дома планираш да се вратиш? Види одговори си ги сама на себе прашањава погоре сите што ги напишавме. Многу, ама премногу зелено, детски, глупо и наивно ти е размислувањето.