Страшно значикаде си ти во целово лудило? Мислиш на себе , твојот живот и безбедност? Лесно е да заминеш, а што понатаму? Прво, ќе мислиш на ситр црни сценарија што може да ти се случат, а след тоа ако ти остане здрав разум ќе мислиш на убаво нешто. Ти си заслепена, отвори ги очите? Уште да си заминеш без да кажеш, што човек израснале твоите, браво Што очекуваш од тука, поддршка ли, тапкање по рамо и совети како да полесно заминеш од тука? Сите ние од прво читање со загриженост кон тебе пишуваме, а ти не си ни помислила ни пола од ова што погоре е пишано и при тоа можно е да ти се случи. Седи си дома, преиспитајсе ти како личност до каде можеш да си го ризикуваш сопствениот живот.
Не и е жал за родителите,сака само внимание од дечко и не и е страв и не мисли на последиците,имав ваква другарка
Па таа се решила веќе да оди,тука бараше подршка за да оди. Нека иде,нека се соочи од мали нозе со сурови вистини. Што се замарате стварно. Јас иам роднини у Северен пол.
@Tea678 Potpolno se soglasuvam so clenkata sto ti go pisala ova . Jas kako avanturist , sekogash si velev kje probam se vo zivotov , osven begstvo so nepoznat ( ili lik koj go poznavam od socijalni mrezi ) i teshki drogi ( kako kokain na primer ) . I seushte stojam zad toa . Bi otishla i vo najdalecnata zemja so drushtvo , so soprug , ili pak sama , no nikako ne bi otishla so nekoj koj zivee vo Germanija , i go znam od FB na primer . Vo red e ako se dogovorite da dojde vo Mk , da se zapoznaete najprvo lichno , ete ne mora od odma so roditelite , izlezi prvo na kafe , pa drugiot den zapoznaj go so roditelite . Toa shto si osamena ne e prichina da zamines na kraj na svet bez znaenje kaj kogo odish i vo shto vleguvash . Ako ne za organi , moze prostitutka da te napravi . Najdobro e da dojde toj vo Mk , da se zapoznaete megjusebno a i roditelite tvoi da go zapoznaat , barem kako prijatel tvoj . Potoa ako se odi kako shto treba , kje odish kaj nego . Jas i ti sme 2 godini razlika i veruvaj , mnogu si mlada za da zaminesh tuku taka vo nepoznato .
Па можда мисли дека и е дечко или дека ќе и биде,има такви девојки што нашле дечковци од интернет не се виделе а викаат дечко ми а не се знаат во живо
Едно не ми е јасно, како може да сте толку наивни? Не го знаеш, не го познаваш, не знаеш какви мисли има, не знаеш каде и како живее, не знаеш какви манири има, не го познаваш човекот! Како така лесно паѓате на глупав муабет и фалби за роднините по странство? Што ако е макро, тежок психопат, што ако ти продаде органи, ако те малтретира? Во ова лудо време мора да размислувате на се, не само да се препуштите слепо. Нема да ти биде тешко за твоите? За сите услови што ти ги пружиле до сега и за цела доверба, а ти едноствано им свртиш грб за непознат? Не знам, не можам да ве сфатам стварно... Јас се туфкам ако се задржам некаде а не можам да им се јавам знаејќи дека ме мислат, а не пак да отидам со денови без да им кажам. Душава ќе ми пукне од јад. Башка Бугарија ене каде е. Ако сакаш да го запознаеш нека дојде тој кај тебе, а не ти.
Па така бараат девојки за да појдат во станство и да ги претворат во проститутки,со лажење одоколу. Погледни емисии вести информирај се светов како функционира. Уосталом ако родителите ти се супер и вложиле труд да те издигнат ти ќе им возвратиш со тоа што скришно ќе заминеш? Ами ајде стави се во нивна ситуацина. Твое дете ќе дозволиш да оди кај сака да прави и што треба и што не треба и други да си играат со него? Немој дете, немој.
Гледам дека сите ти го пишале истото и се согласувам со сите мислења, но некако чувствувам одговорност да пишам кога веќе ја отворив темава. Значи ти и покрај тоа што не мислиш на своите родители ( кој сигурно би биле преезагрижени за тебе, кои се единствените кои те сакаат без корист), ти девојче не мислиш и на себе. Како молам, 3 години си со типот и сакаш да му се појавиш пред врата која лесно може да ти ја затвори во најмала рака, а да не зборуваме за другите опасности кој веќе беа наброени. Очигледно го гледаш како единствено светло во твојот живот, па ти препорачувам најпрво да откриеш што му значиш. Прекини да му пишуваш неколку денови да ја видиш неговата реакција. Ако вистински те сака и ако парите не му се проблем тогаш би требало да се нацрта во Македонија и како вистински човек со сериозни намери да се појави пред тебе и твоите. Млада си, немој да го фрлиш животот залудно, ете студираш... П Немаш потреба да се вплеткаш во нешто што може да те обележи за цел живот, размисли добро пред секој потег. Се надевам нема да направиш нешто за што ќе се каеш....
Најдобро ќе е книга да се фати и да се надоградиш лично за себе како човек, да имаш направено нешто во животот, па после бегај, се надевам во текот на учењето ќе се освестиш и ќе сфатиш многу работи, не ми е јасно како на поедини луѓе не им е јасно дека и се да е ок, навечер кај него мирно ќе спиеш? Може со нож да ти дојде како ништо, да ти ги извади органите шала на страна, ама има разлика од однесување преку скајп и фб и живо, башка три години, бугарија на 4 саати е, од цели три години сега дојде желба за запознавање? Не знам кој сериозен би зборел дека има роднини во Азија, и да ги има , тебе што те засега тоа...
Темава ја отворив и од насловот очекував да прочитам - имам дечко и се сакаме многу но не ни дозволуваат нашите да се земеме па да избегаш бегалка! Така правеа на времето, може сум остарела и ме сум во тек со 'новиве моди' ДЕВОЈКО ДАЈ ОСВЕСТИ СЕ!!!! кај да те најдам да ти залепам една освестувачка!!!!!! Ма и сама си сфесна дека ова не е во ред затоа си пишала 'без навреди' Три години 'го знаела виртуелно' . Да, да, ГО ЗНАЕШ ахаммм јес оф корс И ај да си толку, да не речам, мада ај ќе речам, будала да одиш кај некој СТРАНЕЦ, уште и со сиот ум БЕЗ НИКОЈ ДА ТЕ ЗНАЕЛ Оди мила, оди слободно! Среќен ти пат во неповрат!!!!! Ште се нема по светот, вака виртуелно ќе те зашеметат и потоа бело робје или за органи ќе те препродадат Ама ти оди,ма три години го знаеш!!! И никако на твоите да не им кажуваш
Никако! Ќе си го уништиш животот во целост. Вака изгледа како во пубертет да си и да не размислуваш. Разговарај со родителите!
Imav vrska od skoro godina, so idi mi dojdi mi so se site saltanati, od razlicen grad bevme inace, se ispokaravme edna nok kaj nego doma, i me istera nadvor vo 5 sabajle, bez skrsen denar, so karta povratna za voz koj bese tek vo 4 denta, a ova se sluci vo 5 nautro. Mislev da si odam autostop, jer sram mi bese da im se javam na moite doma, ama koga razmisliv mu se javiv na tato da dojde da me sobere. I toa samo od drug grad, a ne od druga drzava, pa sega ti razmisli si ubavo. i tuka nekade bveme so godinite da ne recam ko vas.
Девојче,го знаеш 3 години ама „виртуелно“...Мислиш дека тоа е во ред? Како така да заминеш на слепо? Свесна си за ризикот што го преземаш? Што ќе те дочека таму,како ќе биде тоа? Еве да не одиме на најлошите сценарија со бело робје.Да речеме ок,дечкото е тој што се претставува,се е навистина така,ама навистина мислиш дека си спремна за да живееш со него? И тоа во друга држава(каде бтв си странец,и процедурите за престој,државјанство се огромни),сама без никој друг,во моментот кога ќе се скарате може да завршиш на улица,и притоа родителите дома да им го скратиш животот.Ова е најсветло сценарио,на најлошто не сакам ни да мислам.Зошто брзаш? Запознај го во живо,види каков е,што сака во животот.На социјални мрежи може сите да се претставиме иделани,далеку од тоа што сме во реалноста.Врснички сме,т.е. една година сум помала од тебе.Да бев на твое место никогаш не би го направила тоа.Затоа девојче,паметот в глава.Остави тоа: не сум мала,доволно сум зрела...Дали си финансиски независна? Претпоставувам дека не.Утре,задутре,ако се случи нешто само така да останеш на улица...и тоа во туѓа држава.Од личен пример на мајка ми,ти кажувам да внимаваш на кого му веруваш.Била млада,се засакала со дечко од тогаш Југославија,значи живеел во друга држава.Се познавале лично,се дружеле одредено време и на крај мама замнала кај него.Животот во однос на кариера,материјално богатство,ништо не и фалело.Ама,што има таа преживеано со тој човек,до ден денес некои работи само таа си ги знае.Малтретирање кое не би му го посакала на никого.Оние делови јас што ги знам,ми предизвикуваат ужас.Колку тоа ја оштети во животот? Многу,се разболе и и требаше долго време да се опорави.Некои последици,како стравот дека пак би се соочила со тој човек,ќе и останат трајни.Иако,секоја чест,што после се што поминала таа е психички здрава и емотивно стабилна.Поучена од нејзиното искуство,внимавам многу.Истото би ти го препорачала и тебе.Немој утре да се каеш.Подобро да земеш книга в рака,да се образоваш,запиши се на факултет или ако веќе студираш посвети се на студиите,надогради се како личност.Имај врска,ама внимавај.Се надевам ќе размислиш уште еднаш.
Девојко, за ваква работа, не се размислува туку одма НЕ се кажува. Ти не го познаваш (три години витуелно не е ништо), може да е психопат, може да те повреди, продаде, остави на улица и слично. Ако има толку пари, нека дојде тука, нека остане, недела-две, не мора во скап хотел. Види како се однесува во живо. Родителите треба да знаат, што и да е. А ако мислиш дека тие ти посакуваат лошо, преиспитај се.
Bar posle site soveti da ne zamine neka pise sto odlucila i neka kaze ako ide bar ako ima deshavka da znaeme sto kako i koja e pricinata za isceznatoto lice.
Тоа што имаш желба да се сретнеш со него е во ред, не е во ред што сакаш тоа да го направиш на таков начин, да заминеш криејќи се од родителите. Ако толку е заинтересиран, нека дојде тој. А според тоа што го опиша, мене човекот ми делува на површен и фалбаџија. Јас со таков не би сакала ништо, најмалку да оставам сѐ зад себе.
ako si resila da go vidis a sigurna sum deka ne sakas da begas kaj nego ondak razgovaraj so roditelite tie sigurno bi dozvolile da se vidis so nego stom ste vo komunikacija tolku vreme sigurno imaat razbiranje pa moze i zaedno da pojdete ke vi dojde eden vid setanje. ne gledam jas drug razumen nacin kade site strani bi bile zadovoleni