Од разочараност правиме грешки,бап на тие години ама мала е и она не мисли на такви работи,на опасни работи,дека може лоши работи да и се случат и да бега од неа,нејзините да плачат,да ја бараат штоо ако и се случи нешто а нејзините незнаат??
Decko ako se znaele pred da zamine da, a i mlada e procitav 20 god ajde da e 35 36 da otide pak zrela..
Оваа избегала за странција,ние тука ке пишуваме страници. Нема да се врати да прочита кој какви совети ии дал. Типично де
Јас пак специјално од лап-топ се уклучив за да пишам мислење @Tea678 Прво, мислам дека многу сериозно девојкава ја има сфатено „поканата“ да оди кај дечкото. Сигурна сум дека тој не очекува дека таа одма куфер ќе спакува и ќе летне кај што живее тој, па макар и било тоа Бугарија или друга земја. Тој или од „култура“ или па на зафрканција и има речено „ајде дојди кај мене“ - 100% на памет не му има паднато дека таа филм ќе си направи како е тој сериозен со неа и сака да ја ожени, па и дека планира за 6 сати да стигне кај него. Второ, моја познаничка имаше иста ваква „врска“ (ако може да се нарече така) преку Internet која траеше 5 години. Дечкото беше од далечна држава и се гледаа можеби еднаш во годината. Одлучија да се земат и за нецел месец се разведија. Примеров го давам со цел да разјаснам дека виртуелна врска од 3 години и real life врска макар и од 3 месеци не е ни малку споредлива. Како виртуелно можеш да дознаеш се за една личност? Во оваа ера со catfishing од каде знаеш кој се крие зад тие профили? Да не повторувам мислења од другите членки што СЕ може да се случи. Трето - според мене клучно и најважно, како можеш да си помислиш да избегаш од дома за личност која не ја познаваш, а за сметка на тоа да им ги уништиш животите на твоите родители? Колку и да мислиш дека си заљубена и дека тој со широки раце таму ќе те пречека, макар и да живеете среќно до крајот на животот - нема ли да помислиш како ќе им е на твоите? Или ако е се како што си имаш замислено, ќе им се јавиш и ќе им кажеш „мамо, тато јас се мажив не ме мислете“ и тие ќе ти речат „ОК, ќерко добро што се јави да не те мислиме“? Замисли ти да имаш дете и да му пружаш се - за тебе да делиш за да му дадеш него, тоа да ти избега од дома и ни трага ни глас да не му чуеш. Сеедно ли ќе ти е? Млада си и сите сме имале „фикс“ идеи во нашите животи, ама ова е премногу. Размисли на сите негативности кои 7 страници наназад ти се предобро објаснати. Сепак мислам дека немаш ни храброст тоа што го напиша и да го направиш, бидејќи не е се розево како што си имаш замислено и ти го знаеш тоа и сама. Со кои пари ќе избегаш од дома, со кои пари таму ќе живееш, како ќе се снајдеш во непозната земја? Вреди ли личноста за оваа жртва која сакаш да ја направиш, вреди ли животите на родителите да им ги уништиш? Ако барем малку имаш памет, добро ќе размислиш на овие прашања. Знај дека човек кој е заљубен во тебе, кој те цени и те почитува, макар и од Авганистан ќе дојде за да ти докаже дека е сериозен. И почни да излегуваш повеќе, најди другарки и другари, не виси цело време по социјални мрежи. Социјализирај се и запознавај луѓе во реалниот живот, луѓе кај кои можеш да видиш што се крие зад нив - зад убава сликичка на Facebook profile може да биде СЕКАКОВ човек.
На девојчето очигледно и е скиснато. Не е задоволна од својот живот и ете си мисли ако замине се ќе и се смени на поубаво. Сите сме биле во ситуација да сакаме да избегаме од напнатото секојдневие, не значи дека сме го напраиле тоа. Ако е од Скопје, Битола.. може и да си најде активности за да исполни слободно време, ако не е, мое саучешче. Во остали села бога ми избор никаков се нема. Една работа е да е некоја година постара, да е финансиски независна, самостојна и да знае да се носи со одговорност, па нек иде живот. Ни прва ни последна што така заминала. Ама во ваква ситуација, каде уште студира, па посебно оти дечкото воопшто не стои за стабилен, ризик е и таа тоа го знае, оти ако и е се како подмачкано нема да прашува на форум што да праи. И делот околу родителите, факт е дека и покрај се што тие напраиле за нас, секој од нас еднашка си заминува по свој пат, дури и во случаи кога родителите не секогаш се согласни со нашите избори. Но факт исто така е, дека ваква работа од родител не се крие.
Ги прочитав сите мислења внимателно, сакам да Ви се заблагодарам што одвоивте време да го прочитате истото воедно и да коментирате, навистина го ценам вашето време, прочитав коментар дека сум идела по парите, што ее многууууууууу далеку од тоа, по никакви пари не идам, ниту сум била таква ниту пак ќе се случи тоа мислам членката @zalosna го искоментира тоа, но во ред, не ме познаваш, еве парите ми се последно нешто што ги гледам кај дечкото. Друга работа, да, можеби овде се ми е на тацна, но верувајте дека е многу тешко да излегувате со другарки само ради реда...никогаш не сум имала некоја сериозна врска или некој се секирал за мене до тој степен, знам дека не треба да се верува, јас никогаш не сум почуствувала дека некое машко сака нешто со мене ( не дека сум некоја грда) ама сум доста повлечена затоа што више се ми стана сеедно, луѓето не ме приметуваат, сведок сум само на успесите на другите луѓе, не дека знам што се случува и кај нив, ама мене социјалниот живот ми е нула, и сега знаете како е кога ќе.се појави некој и ви ветува се? Свесна сум за последиците, но дечково не е како другите со кои имам разговарано, кога и да ме нема ми ѕвони ме бара, додека со другите тоа не било случај...би ми рекле чао и готово, тие што мислат дека лажам, ве молам не коментирајте, навистина ми е глупаво да ги објавам овде разговорите со него да видите кои реферати ми ги има пишувано, цел живот ми го раскажа, ми раскажуваше и за поранешната девојка, како не можел да најде нормално девојче, што не ги гледа неговите пари итн, како за озбилна девојка би дошол и до крај на светот и слично на тоа. Во право сте, и јас мислам прво тој да дојде , да се запознаеме , ама јас не знам,дали покрај,прилика со него би сакала да останам овде..
Дружење со некој колку да не седиш дома не е ама баш никакво оправдување. Ниту пак недостаток на внимание од дечковци. Тоа не е причина да си ги собереш парталите и да си заминеш без никому да кажеш збор. Ајде замисли како би ти било тебе твоето дете да „испари“ и да немаш поим каде е, со кого итн. Секое дете некогаш ќе се оддели од домот и сè тоа по ред, мене ми е јасно зашто истото сум го направила и јас, меѓутоа не се залетав по првиот дечко кој ми пишувал на некоја социјална мрежа и со кој муабетот ми бил ок. Без разлика, нека е дечково и најокеј што може, едноставно преголем ризик е да направиш нешто такво - сепак ти е непознат, штом се немате запознаено досега воопшто. Плус, онлајн комуникација и комуникација во живо се небо и земја. Што ако не ти се допадне во живо? Си размислувала на тоа? Договори се да се запознаете тука прво, дај си време, па потоа планирај што и да е. Така сама од нигде-никаде да одиш за да го видиш, па и да живееш со него - не. За твое добро, пред сè.
Девојче ме потсеќаш на еден одамна со кого комуницирав 2 години преку фб. Типот беше постар од мене може 4 години, беше убав и згоден и имавме долги комуникации. Се решивме да се видиме, напротив знаеше дека имам роднини во неговата држава и можам да одам да седам и секако да се запознаеме. Немаше да излезам сама со него во непозната држава туку со роднината моја. После 2 години секаква комуникација, од општ карактер па до врски, семејни проблеми знаеш што се случи јас кога бев на гости таму, му пишав да се видиме а од него немаше ни трага ни глас. Ете не ми паднала круната зашто седев 5 дена таму, можам да одвојам време да се запознаеме, тој ми враќаше ладнокрвно како да не сме се знаеле никогаш претходно. Патем му пишав да ми каже дали сака или не, за да знам да си испланирам и не ми врати ништо. После откако се вратив дома ми пиша дека сум била голема принцеза па требало да го планирам времето и него и срам да ми било. Јас не очекував нормално такво нешто од него ама тоа ми докажа дека нему не му било до запознавање туку само за губење време. После 2 месеци типот си фати девојка. Она што сакам да ти кажам е да не веруваш многу во муабети од такви карактери на фб, се е мачкање очи, никако немој да му одиш затоа што ќе те за*бе, ќе си ја чукаш главата. Немој да бараш изговори од типот не знаете како е ова, како е она, не не сите ние тука знаеме како е, што е. Проблемот лежи во тебе, наивно ми изгледаш и нормално на 20 години никој не е зрел во денешно време, гледам стекна огромна доверба во него а тоа е многу лошо. Непредвидливи се времињата, така да внимавај многу со кого ги споделуваш работите.
A dobro nemas drug vo stranstvo poznat za da odis?clen od semejstvoto, drugarka? Oti ke treba tam i da zavisis od nego d mu sluguvas tam.ke ti namesti ako odes odi kaj drugarka ili rodnina mozat i rab da si najdes a decko ako e ljubomoren doma ke si sedis tam
Сум видела наивни девојчиња ама не до овој степен. Мислам, кај со размислувањата и со одлуките? Дали знаете дека еден погрешен чекор може од корен да ти го смени животот? Помисли на родителите, на луѓето што те сакаат, а не на некој дечко кој не го познаваш и да планираш да одиш кај него. При толку допишување виртуелно од три години, пази, 3 години нему сега му дошло на памет да те покани. Абе ај, мене тука нешто не ми штима, туку добро. Плус, не знаеш кој е, што е, дали е сериозен и дали е тоа што се претставува. А и да дојде овде, да се запознае со твоите, да поминете ден два кој ти гарантира дека и во Бугарија ќе биде исто? Може овде ќе биде само маска. Може ќе биде само мамка. Ако бил толку богат како што кажува, зошто тој не ти го плати патот, туку ти си собирала пари? Зошто во тие три години тој не нашол начин да дојде на едно обично кафе, па не е многу далеку БГ - Мкд. Не биди толку наивна, не им го врти грбот на родителите, ќе се каеш, тие не го заслужуваат тоа. Има многу пропаднати случаеви, без среќа во љубов, пријателство па не размислуваат така ко тебе.
На таа возраст сите имаме изгубено комуникација со друштво поради факултет, работа и имаме запознаено по една ваква посебна личност која не одржува во живот и има со кого да правиме муабет кога нема со кого. Пред 10 години, тогаш јас 19 години, а тој 24 години преку мсн се запознавме и се допишувавме. Не се одлучив да отидам кај него за да се запознаеме. Може добро размислив, мала, па што ќе кажам дома итн. Поминаа две години тоа е во 2011 година и се одалечивме, тој си најде женска и се ожени пред две години, но мене се` уште ми фали. Сега живее во Лондон. Не бива ни така ни така. Точно дека една грешка значи цел живот ќе се каеш за тоа. Еве јас се каам. Објасни и на родителите што како и нека дојде да се запознае со нив.
Да не те бараат после како актеркана по телевизии, недај боже седи си мадро да не носиш модро како што викаат старите.
Abe mnogu filmovi se napravija ee .. Jas izlegov od doma na dva cekora od dvorot , vo sokaceto bez da znaat moite ( mislev nema da se zadrzam povekje od 10 minuti , pa ne mora da im kazam ) za da se vidam so deckoto ( sega soprug ) , pa me primetija , a devojkava kje begala u pizdu materinu i nemalo da ja znaat od doma .. Ma ajde begaj
Нема да знаат кај е,ќе се грижат плус тука е полошо она сака во друа држава без да знае никој а што ако и се случи нешто??