Abe taka e , da , no dodeka se kaci vo avion , ke sfatat deka nesto ne e vo red . Kolku treba da si lud za da odis vo nepoznato , bez nikoj da znae , eve ne znam . Nikogas ne bi se osmelila . Ili jas sum vekovi nazad , ili devojcevo e decenii napred
Како му се стиливте на девојчево... Имав 24 години, тој 33, живееше далеку од мене. Се запознавме преку интернет и си ги отворивме срцата. Нормално, ризикот беше преголем да биде манипулатор, лажго, манијак... Сепак решив да ризикувам и да му верувам на срцето. Го миневме секој ден заедно, на камера. Дури и спиевме заедно со уклучени камери, се будевме заедно, јадевме заедно, знаевме и во вц заедно да одиме. Единствено што не делеше беше работата, мада и тогаш се допишувавме. На крај решивме дека нема како поинаку, мораме да преземеме еден голем чекор и да се ставиме заедно да живееме од прва. Кога би се гледале, тој би доаѓал два-три пати годишно, можеби ни толку, а јас не можев да замислам да му бидам издувен вентил само кога заминува на одмор. Да дојдеше во Македонија и да работи за 200 евра му беше неизводливо, така да одлучивме јас да се преселам кај него. Претходно му пиша на татко ми, му објасни дека има сериозни намери со мене, ама татко ми фино лепо му рече: дојди да те видам прво. Фер. Дојде, се запозна со цела моја фамилија и по еден месец скитање низ Балканот, заминавме заедно, односно се преселив кај него. Во еден момент на паника се сеќавам го прашав што ќе биде ако одлучиме дека не сме еден за друг, затоа што не се познаваме добро. Ми рече: никој никого не познава целосно, а дури и да ја познаваш личноста повеќе од што се познаваш себеси, луѓето се менуваат. Факт. Како и да е, еве не веќе 7 години заедно. Нити ме продал, нити ме силувал. Kids, don't try to do this! Да ми е овој памет сега, никогаш не би се согласила на овакво нешто. ... А не сакам ни да помислам како им било на моите.
Твоето е друго,твојте го запознале а девочево сака да избега да незнаат нејзините како не и е жал?? Треба он да дојде да го запознаат не она да оди
Нема правила, после ова запознав еден куп мили луѓе од различни земји со кои сме другари до ден денес и тоа јас сум отишла кај нив. Очи отворени, убаво преџвакување на работите и среќа во газот. Никако бегање, особено не ако родителите сеуште одлучуваат за твојот живот, тоа значи дека сеуште не си доволно зрел/а. Освен тоа, љубовта е слепа, ако момакот дојде и нешто смрди кај него, можеби девојката нема да го примети тоа, ама затоа некој друг, повозрасен и поискусен ќе примети.
Да плус девојчево е мало,има 20 год ама сите сме имале вакви моменти,кога сме сакале да бегаме од дома она е во тие години ама не е тоа решение да избегаш
А да дојде барем до Македонија да се запознаете? Работава е како вицот: Дечкото: Срце за тебе би препливал 7 мориња и би прескокнал 7 планини! Девојката: Ајде дојди кај мене да се видиме! Дечкото: Ааааа неможам надвор врне истура!
Девојки разговарав и со другарка, таа ми вика дека овој лаже, и дадов да ги прочита сите муабети со него на скајп и вибер, он ми пишуваше дека како што знаете дека бил богат нз што, и баш ми вика другаркава, тој да бил богат ќе седел на скајп и ќе бара некоја, плус живее со неговите, кој богаташ не би сакал да се осомостои да живее сам на тие години, иначе не знам дали напишав он има 27 год..плус ми рече дека работел во Германија, а пред некој ден кога зборевме и кога се исклучи порано му реков зашто толку рано идеш ми пиша дека возел камион цел ден и уморен бил...и другаркава е против да го запознаам, а не па да идам со него некаде, иначе на почетокот ме излажа за име...кога го прашав зашто ми рече дека имало се и свашта по интернет и мислел дека сум јас машко, додека не зборевме преку моб и ми го слушна гласот, и тогаш одма ми го кажа името...знам дека може детска ќе ми биде идеава ама што мислите да го додадам.од лажен профил да видам дали истите работи ќе ми ги кажува? Ама лошото е што контактираме преку скајп, како ќе поверува дека туку така сум нашла негов скајп...другаркава е убедена дека овој само сака да привлече внимание демек е богат и така ќе.најде некоја девојка, демек јас по парите идам бог да чува
другарка ти нека биде лажниот профил нека испита, провери нема што да изгубиш ама сепак она малку време кое ти го посветува додека се слушате и гледате е ок ама од каде знаеш што прави во останатиот дел од денот? На ваков начин најлесно е да се одржува врска и да се лаже истовремено. Јас сепак мислам да не му веруваш
овој може е женет човек возе камион значи е шофер и ти продава магла да одиш со него у камионот да избегаш од дома ем ке му готвиш ем ке му правиш друштво ем ке се ебавате ем никој нема да знае дека си има другачка со него за некое време после ке те избрка коа ке дојде ред да си оде дома
Значи тебе треба други да ти кажуваат дека нешто не е во ред за да сфатиш дека не е во ред зошто самата не можеш. Бил богат, возел камион, работи во Германија, имал роднини во Малезија. Абе чупче, преку нет можам да пишувам што сакам јас. Убаво ти кажаа можеби е женет, можеби е убиец, можеби е макро. Ај бе, ќе глуми наивец овде демек свашта имало по нет па мислел дека си машко. Што следно ќе каже, бивша му е Меган Фокс?
Ама тоа беше само на почеток , сега не верувам дека лаже, не знам искрено понекогаш сакам да го запознаам по некогаш не сакам, сепак мислам многу далеку отидовте дека е убиец , и што има корист да ме убие....иако да признаам малце ми делува на глуп, еднаш му викам кај другарка сум и ми вика немој само,да ме лажеш јас знам се, јас сум таен агент
А да прекинеш контакт со него засекогаш? По ова што го пишуваш тој ми звучи на егоист, манипулатор и лажго кој сака само да те искористи. Можеби не да те убие ама да те искористи секако. Секој може се да пишува позади екран и да се фали. Па уште ти кажува што да правиш, таен агент бил. Ако толку сака да те запознае досега ќе дојдеше во мк и тоа не еднаш. Искрено ова ми звучи како 15 годишно девојче да го пишува, јер тие се најранливи години. Те нашол понаивна баш во период кога секој што ќе ти обрне и мало внимание го сметаш за светла точка во животот. Најдобронамерно ти велам прекини контакт со него. Ќе си најдеш дечко, животот е пред тебе.
Тој често предходно зборуваше да дојде ама јас не сакав, не знаев дали сакам да дојде, и сега рече до нов зеланд ако требало ќе дојде за озбилна девојка...а јас сум му личела на таква...зашто денес се гледа толку лошо,на тоа ако запознаеме некој преку интернет ... кога му спомнав за тоа дека не сакам никој да ме искористи, ми рече дека не не,далеку од тоа, не би направил ништо што јас не сакам..
На интернет јас можам да кажам се што сакам а вие да ми верувате. Спаси се себе си од дополнителни драми. Ќе се каеш.
А бе девојче, никој не вика дека има нешто лошо во запознавање луѓе на интернет. Имам куп луѓе така запознаено и супер се, со некои сум баш блиска. АМА ова твоево не е невино запознавање некој од интернет.