Да де, пошо овие манијациве пред да те искористат ти кажуваат: дојди ти ама да знаеш ќе те силувам. И си одиш доброволно, секако. Наивна си или што ти е? Ако му е од идање ќе дојдеше досега во 3 години, ене кај е Бугарија. Туку џабе пишуваме совети кога ти сакаш некој да ти рече: тој е добар дечко, оди и верувај му. So, go girl. Штета шо ако ти се деси нешто нема да можеш по форуми совет да бараш.
Таен агент???????? јухуууууууууу Џемс Бонд 007 коа привилегиј аја имаш да запознаеш таен агент сигурно имаш 20 години? Јас одма ти пишав да одиш да не чекаш ич оди купуј карта
Девојки, да бидеме јасни, јас сфаќам дека се тоа е ризик и свашта има, ама реално предалеку идете со тоа дека ќе ме силува па и убие тој кога би дошол би се видела преку ден во некој кафич со луѓе не знам што да мислам се ми е измешано, да бидам искрена цел живот чекав ваква понуда затоа што ми е смачено од животот тука, на овие години ништо не видов од животот, навечер не сум излегла од не памтам кога, имам другарки ама нашето гледање е за родендени и три пати годишно ако се видиме, реално на мои години луѓе се мажат, јас не сум имала никогаш сериозна врска.
и самата кажа дека знаеш дека е ризик и јас ќе ти речам дека тоа е точно. И јас многу не сум излагала навечер многу па никому ништо ама во мое време имаше дружење а сега вие животот го сведовте на дружење преку социјални мрежи па сега се жалите што едвај три пати годишно се гледате. Вие не знаете да живеете и вака ќе се најде некој да ве залаже и вие одма мислите дека тоа е тоа. Твој живот твоја ствар.
Понекогаш ако не ризикуваш нема да знаеш дали вредело. Но пред се доколку имаш такви родители расположени да ти помогнат во било која ситуација индиректно спомни им за твојата идеја. Не иде за некој кој не доволно го познаваш да ги налутиш своите родители. Тие се единствените личности што сакаат да не видат среќни и би направиле се за нас. И да одлучиш да заминеш ќе знаат каде си, па и они биле млади и луди за што иначе ќе се сеќаваме во староста
понуда за милион долара да си ми мене дете ке те скапам од котек и ке те заклучам дома додека не ти дојде умот да рзмислуваш рационално о зрело воа ти шо го пишиш ни 5 годиншно дете не го пише ебати понудата у Бугарија мслиш на Марс ке одиш
Абе што ќе ти е дечко шофер на камион, ти ќе седиш дома тој ќе вози таков ли живот замислуваш? Па уште и поради тоа да бегаш од дома? Немој.
Devojki ke dojde vo sreda, ke se vidime, ne znam sto ke bide ponataka, uste od sega sum potresena sram mi e da izlezam, ke vi pisam kako ke bide
Читав до петта страна и сфатив да напишам нешто, зошто толку ме изнервира твоево однесување. Прво ако навистина имаш 20 години, ќе сфатиш дека не се оди со момак (што божем го знаеш 3 години витруелно) во странство, не дека Бугарија е далеку, но сепак. Тој дечко што има толку години (не знам колку години има, може некаде пишува, ама не ми се читаше се) сфатил дека ти си лесна „мамка“ со која што може да си поигрува како што ќе посака. Тој те изманипулирал 1000000%, ма и повеќе. Зар на 20 години немаш искуство со тоа какви се луѓето во денешниот свет? Зар на 20 години ти сеуште си наивна, како некое 14-16 годишно девојче? Како што прочитав ти кажал дека има роднини во Австралија и Малезија?. Ова кога го прочитав веднаш воздишка испуштив и превртев очи. Ај Австралија океј е за одење на печелба да заминале роднините, ама Малезија? o.O Сега замислуваме ти заминуваш со него во Бугарија. Може навистина ќе те земе за жена ова она... Дрн дрн јариња... Но не верувам, скептична сум многу во врска со тоа. Но еден ден ти и дечково се скарате, ама ептен, и ти вика „Ај мрш да не те гледам повеќе, раскинуваме... бла бла бла“,а само една недела си таму, што ќе правиш тогаш? Зар парите што тука си ги собрала ќе ти помогнат за нешто? Што ако кажеме имаш само за автобуска карта, а за ништо друго, а ти требаат да се прехраниш ова она, што ќе се случи тогаш? Одиме на друго лошо сценарио. Што ако типот е некој pimp? Јас како што знам Бугарија е доста позната со тоа, ама не знам колку тоа е точно, но ајде да помислиме на тоа. Зар ќе сакаш да бидеш во сечии раце, твоето прекрасно тело да биде допирано од секакви поднапалени млади момци, па и стари мажи кои сакаат младо „месо“? Да стоиш на улиците по миничи, без твоја волја, зошто си решила да заминаш со некого кого никогаш лице во лице не си имала никаков контакт? Но и тоа дека немаш образ за да се јавиш на татко ти и мајка ти за да те соберат од тој човек кој те изманипулирал? Но што ако тој не ти допушта да си одиш од него, зошто најдобра си му? Или пак те малтретира и не ти допушта да имаш никаков друг контакт со други луѓе, освен клиентите? (Ова се случува во Америка, но сигурно и некаде на друго место) А на крај од тие лоши сценарија, што ако органите сака да ти ги продаде? Тогаш навистина нема да знае никој дека ти си мртвото тело кое некаде можеби ќе го најдат на некоја полјанка или на некоја плажа, зошто ти не си им кажала дека ќе одиш со некој тип од Бугарија. Се ова се мои препоставки, може не е точно ова се што го напишав дека е таков, но сепак треба да имаш во ум дека навистина постојат такви личности во светот, па и на Балканот, иако ние сме малку назад со се што се случува, па и подобро да сме назад, за овие лошиве сценарија што ги споменав погоре. Многу работи што ги споменав се случуваат некаде во светот, знам зошто ме интересираат вакви работи. Плус тоа со манипулирањето, сум искусила такви луѓе кои манипулираат и знам какви се. Ќе ти каже дека целиот свет ќе ти го подари, а всушност тоа се само излишни зборови за да го добие тоа што го сака. Сепак што и да одлучиш да правиш, со среќа нека е и со лесно. Толку
Ти благодарам што се потруди да прочиташ и воедно да искоментираш толку опширно, во ред е, ќе Ве послушам, нема да се вратам со него, само ќе дојде и ќе излезам дење кога ќе биде и на место каде што има луѓе (некој кафич) навечер нема да се гледам, па ќе видиме што ќе биде, се согласувам со тоа дека се може да биде, но овие претпоставки се далеку од дечково, сепак јас имам зборено со него и колку толку го познавам, благодарам уште еднаш
И да дојде и да се видете не избрзувај со заклучоци, ако ти каже дојди нареден пат ти. Нека доаѓа некое време, запознајте се подобро, па ќе видеш штом понатаму. Само не брзај.
Бев денеска, се видов со него, цело време ми зборуваше за некои криминалци му се заканувале, и му барале многу пари, (бидејќи тој е богаташ како што вика) , и цело време ми покажуваше слики од некоја спонзоруша овој како ја пцуел дека била таква, и цело време за таа ми зборуваше, му викам што се замараш со неа ако не ти значи и ако ти е сеедно?! Ми вика па само да ја отерам,упм и овој пак, цел состанок за некоја спонзоруша и како некој ќе го рекетирал збореше..
И, се увери сега дека е сељак што пробува за нос да те тегне, или и ова е малку? Премногу си наивна, премногу. А тоа лошо ќе ти се одрази понатаму.
Кој знае со што се занимава овој па криминалци,му се закануваат, бог да чува, а кога пишувавме баш се однесуваше дека бара озбилна девојка, а цело време и пишувал на таа, таа само сеен ставала а овој уште толку, и пишал графити по бг ќе лепам сите да знаат која си...подобро да бегам од дечково, ама ме чудеше што речедека бара озб девојка
Што подалеку од него! Дечкото има сериозни проблеми, прекини контакт пред и тебе да те вовлечи во тоа.
морав да те цитирам посебно тоа првото што си го напишала за да те потсетам за понатаму во животот да знаеш дека се што лета не се јаде. Да си живееш ко сите тинејџерки а не да леташ по секакви пригоди кои ќе ти се пружат. Никој лошо не ти мислеше а испадна дека сите бевме во право
Да, разбирам, ама сега тој е дојден, да не излегувам? Среќа не знае каде живеам, уште тоа ми требаше, ми вика што ти згрешив, немој да мислиш нешто лошо со тоа за криминалците, а тоа за таа спонзорушата не ја интересирал, ме убедува да не верувам дека е лош дечко, напротив дека е мн фин