1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Безбедноста и одбраната на Р.Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Theodora, 21 октомври 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Иако повеќето тука сме од женски пол, мислам дека тоа не е ограничување да имаме ставови околу безбедноста, одбраната и очувувањето на територијалниот интегритет на Р.Македонија.

    И покрај острите критики кои се упатуваат на сметка на СФРЈ кога ќе се направи еден историски осврт, сакам да напоменам некои факти во врска со ЈНА(Југословенската Народна Армија). Според некои извори своевремено претставувала 4-та воена сила во светот, според др. 3-та во Европа и 7-ма во светот како и да е станува збор за земја со солидно вооружување и со која не така лесно би се дрзнал било кој да си игра војна. И има да си се пофалам колку сака нека звучи нескромно дека татко ми своевремено беше дел од Титовата гарда, униформата е прекрасна и има цел албум фотографии од периодот минат војска кој јас го гледам со особена гордост. Во продолжение следи еден отприлика 10 минутен приказ за ЈНА, која имаше своја пешадија, воено воздухопловство, анти-воздушна одбрана, морнарица, територијална одбрана и др. плус сама произведуваше одредени оружја и разни видови возила, транспортери на ракети за анти-воздушна одбрана, тенкови, подморници, хеликоптери и воени авиони и многу друго, во секој случај кој има интерес и трпение нека погледне,

    http://www.youtube.com/watch?v=OshH1KKj ... re=related

    Денес, ја имаме Армијата на РМ и Претседателот како Врховен командант на истата (Бог нека ми прости ама не го гледам тековниов во оваа улога ама ич). Имаме некои донации од Русија и од Јапонија, ама целосно се укина отслужувањето на редовниот воен рок. Иако и своевремено некои дибеци ака мамини и татини синчиња отслужуваа цивилна воена обврска дремејќи по канцеларии што нема допирни точки со воена обука, ама сега па огромен дел млади мажи остануваат без воопшто никаква обука. Порано жена не давале без отслужен воен рок. Имаме сега платеници и специјални единици во војската или полицијата меѓутоа дали е тоа доволно за да се зачува мирот и безбедноста? Имаат и моќниците од запад ваков состав повеќето ама кај нив се милиони платеници и специјалци, плус тие се во воена алијанса и се штитат меѓусебно. Што ако избие некој конфликт кај нас мислите ли дека НАТО ќе не штити без членство или не треба да спиеме на тоа уше? Дали сметате дека е оправдано што се укина редовното служење војска или тој чекор е апсолутно погубен по безбедноста на една мала земја? И во услови кога светот се натпреварува т.е. мери должина на полови органи преку број на нуклеарки, кога има развиена стелт технологија и интелигентни ракетни системи кои сами трагаат по целта, моќно билошко и хемиско оружје каде сме всушност ние?

    Јас нашава позиција ја доживувам како при играње на Age of Empiries на тешко вооружен коњаник со меч со двојно сечило, долго копје и штит и целосен армор за него и коњот да му спротивставиш човек облечен во животинско крзно со боздоган, па направете калкулации.
     
    На Daydream и Isaak им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Мислам дека армијата ни е несподобна, вооружување колку што сум читала имаме 28 тенка, сухоите дали ги имаме уште не знам. Мислам дека безбедноста ни е на многу ниско ниво и при евентуален конфликт секако губиме. Каква војна беше таа од 2001 па и тогаш не се покажавме како што треба. А за специјалци во мала земја како нашава со 2 милиони мислам дека тоа е многу мал број.Можеби имаме 2-3.000 специјалци , способни луѓе, ништо повеќе.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    штета што се укина редовната војска, па затоа сега имаме синчиња на мама наместо мажи
     
    На mimiiiii, Valeriya и kaRRma им се допаѓа ова.
  4. kaRRma

    kaRRma Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    32
    ^ морав да се надоврзам на мислењето
    [​IMG]
     
    На okcenzi и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Подобро мамини синчиња кои ќе останат живи и здрави способни да се грижат за семејството, отколку низ воени дејствија осакатени или во мртовечки сандак мажишта. Подршка за паролата:
    Војување за слобода е како сексање за невиност!

    Освен тоа мажиште не се станува со одење во војска туку со курс по готвење, шиење и боди-билдинг - а тоа може да се прави и вон војска. Безбедноста на земјите (тука спаѓа и Македонија) не зависи од тоа дали имаат или немаат војска, туку од колективната духовна свест на луѓето.

    Срдечно ја поздравувам одлуката што се укина задолжителното служење војска во РМ, и срдечно би поздравил одлука да уште од мали нозе децата (независно полот) научат да готват, перат и пеглаат.
     
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Морам да се надоврзам на мислењето на daylight и да кажам дека не се согласувам.
    Зошто? Затоа што тоа готвење и перење што го спомна ти се учи и во војска, таму не ги учат само како да држат пушка во рака туку и сите други пропратни работи што ги носи животот, учат на пример креветот да си го местат од сабајле, се учат на дисциплина, да знаат во планина да се снајдат, а не еден оган да незнаат да запалат.

    И да, сум за да се врати служењето на воениот рок уште одма, затоа што да, мажиште се станува со одење во војска, а не со спиење до 3 саат, со лежење по дома, со чекање на мама и тато да му зготват, исперат и дадат парички, не се станува мажиште со една единствена мисла кај да оди во петок и сабота и што алкохол да пие, не се станува мажиште со дрога, не се станува мажиште со помислата како да си ја направи косата или каков гел да користи за шишката итн. Реални да бидеме денеска се случуваат само вакви работи, затоа и се сврте се, се чудиме зошто мажите немале храброст да пријдат на девојче, зошто девојките биле тие похрабрите, зошто до 25 биле незрели, епа ќе бидат незрели, оди врати се назад пред 15-20 години дали машките на 22-23 биле лигушковци како сега, со чест на исклучоци. Не дека ова е причината ама си има свој удел, впрочем се си има удел.

    И уште нешто, ако недај боже повторно започне војна овде кај нас, мислиш дека мамините синчиња ќе бидат поштедени само заради што не иделе во војска? Не, туку сите до еден што се машки над 18 ќе бидат мобилизирани, е баш тогаш тие што не иделе во војска и што се мамини синчиња и незнаат буквално пушка како изгледа ќе настрадаат, а тие што иделе во војска имаат многу поголеми шанси да се снајдат и да извлечат жива глава од тоа.

    Секој си има право на свое мислење, јас го почитувам твоето меѓутоа не се согласувам. :)
     
    На okcenzi, fatamorgana123 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Daydream и тоа како си во право. Брат ми не го фати воениот рок и абе ништо незнае да направи, а братучед ми кој е постар 8 год од брат ми и кој служеше војска, сам си ги пегла кошулите, сам си го средува шкафот, сам си го мести креветот ( и тоа ко за на изложба) а за готвење нема некој мерак ама...и сето ова го има научено во војска.
    Денес машкиве незнаат што е дисциплина, ред и почит, како шмизлички ми се, да ги пратиш во најблиската шума ке се изгубат, едно дрво незнаат да исцепат :x
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Поентата ми е дека тие работи можат и многумина ги научиле вон војска.

    Бев пред неколку дена во Бигорски манастир, дел од монасите иако никогаш не служеле војска и те како умеат да се испеглаат, исперат. Имав прилика да прошетам и низ харекришна храмовите низ европа, и нивните монаси умеат да бидат самостојни иако никогаш не служеле војска... Имам пријатели кои не се религиозни, и не служеле никогаш војска па сепак иако се млади, стануваат сабајле да го фатат денот и умеат да се исперат, зготват и тн. Од друга страна многумина кои служеле војска, по отслужувањето се враќале кон старите навики на безделничење. Не е до војската туку до воспитувањето и добрата волја да се направи нешто од својот живот.
    Какви сè надмоќни воени технологии постојат, за мобилизација нема ни да има време. На пр. американците ако решиле да нè освојат ќе го направат тоа со маус и џојстик на безбедно растојание од неколку илјади километри.
    Сè е тоа само во теоријата „што би било кога би било„. Праксата покажува дека во реалноста тоа не функционира така. А освен тоа, меѓу другото, тнр. мамини синови(не баре не се и таткови) имаат поголеми шанси да преживеат бидејќи не се спротивставувале, а другите можеби ќе ги испострелаат за јавен пример. (пу пу скраја да е!)
    Дали ти би прифатила да служиш таков воен рок? Јас не би...
     
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Перењето, пеглањето и готвењето го наведов само како пример за нешто позитивно што може да се научи во војска, а да е надвор од оружје и насилство. Всушност ти ме наведе да го посочам тоа затоа што рече дека наместо да идат во војска можат да го научат токму тоа горенаведеното, јас само сакав да ти кажам дека истото можат и таму да го научат.

    Е сега ако збориме за ситуацијата во манастирите тогаш целосно се согласувам и знам дека таму се прави токму тоа што ти си го навела, меѓутоа тука збориме за војна, што ако дојдеме во допир повторно со тоа? Џабе е и готвење и пеглање и перење ако незнаат да се одбранат.

    Велиш дека има големи воени технологии, да, се согласувам и со тоа ама веќе ако дојде до тоа работата секако дека сите губиме, и искусни и неискусни. Јас ти зборам за држење пушка, зборам за носење на ранец од 25 кила, зборам за пешачење од 50 километри, зборам за преспивање цела недела во планина со само ограничени резерви со вода но не и храна, зборам за снаоѓање, зборам за рипање со падобран, зборам за точно давање на координати во случај на повреда, он самиот да се повреди нема да знае да каже точно каде се наоѓа, уствари што зборам јас, на карта на Македонија незнаат Вардар да го најдат, а не друго... да не набројувам затоа што можам до утре. Само да кажам дека ова не го зборам од памет, имам многу блиска личност во фамилијата што многу добро знае што е војска, што е војна, и не таква војна како нашата овде туку војна буквално што ја гледаме на филмови, војна која трае со години, каде што деца извршуваат самоубиствени напади... Каде што буквално глави летаат, каде што џипот пред тебе го гледаш како лета во воздух, каде што ќе треба да се помогне на ранет, збориме за личности кои прво и основно не се психички силни... итн.

    Е ај кажи ми како едно мамино или татино синче би го издржал тоа? Како некој што нема идено во војска ќе помогне на некој свој кога ете ќе биде ранет? Знае да даде вештачко дишење? Само да ти кажам тоа што го учат на прва помош кога земаат возачка не се важи. Да преврзе рана? Знае ли да исчисти пушка или пиштол и повторно да ја наполни? Знае ли во планина кои билки и кои тревки се јадат, а кои не? Има ли кондиција за пливање, трчање, одење? Кондиција не е возење точак на кеј или играње кошарка во маало. |(
    Значи според тебе овој што нема апсолутно никакво искуство ќе се снајде, а некој со искуство како горенаведеното нема да го издржи тоа и нема да се снајде? Нели тоа е твојата логика дека некој што нема искуство во теорија односно во праксата можел подобро да се снајде.

    Мамино или ако веќе повеќе преферираш татино синче буквално ќе се измоча во гаќи ама буквално ако го види сето тоа, тој ќе умре првенствено од глад, а не од самата војна, самиот ќе се застрела од што незнае пушката ја држи (и ова не го зборам од памет имало вакви случаеви), нос ќе искрши од јачината на пушката...

    Во војна нема теорија, нема пракса, се работи за живот и смрт, и за самиот себе и за другиот до тебе. А некој што нема никакво искуство факт е дека тоа нема да го издржи ни два дена. Во тоа никој неможе да ме преубеди.

    Поентата ми беше уствари, се разбира дека никој несака да оди во војска и да губи 3, 4, 5 месеци па и година дена како што порано оделе, ама ако дојде до војна никого не прашуваат дали знаеш или незнаеш да пукаш, ти даваат пушка па снаоѓај се сам како знаеш и умееш. Дај боже да не дојде до тоа ама во таквите моменти секој би посакал да има некакво искуство, секој би посакал да имал служено во војска, затоа што секој сака првенствено во тие моменти својот живот да си го одбрани па после се друго.
     
    На okcenzi и vinozito1 им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Бев на Денот на АРМ, не во СК туку во помал град и што да ви кажам. Командантот на гарнизонот шиптар, кога почнаа да ги читаат унапредените во повисоки чинови на секои 5 шиптари 1 Македонец, па 4 шиптари па 1 Србин и така. Смешно ми се виде, командант шиптар кажува колку е способна армијата, за почетоците и си викам „еее Македонче до кај стигна“. Па тие ли ќе не бранат утре ако избие војна, пола шиптари војници. Катастрофа, дното го допревме. Од наши пари терористи јадат леб.
     
    На prashinka и okcenzi им се допаѓа ова.