1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Безболно раскинување?

Дискусија во 'Врски' започната од strawberry18, 25 март 2010.

  1. strawberry18

    strawberry18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    25

    Nenene pogresno si me sfatila...mislam jas ja postaviv temava i dobiv odgovori-NO rekov ne dobiv vo smisla deka ne postoi mozebi odgovor na ova prasanje- kako bezbolno da se raskine vrska..mora da boli, kako i da e stom si bil so nekoj kolku tolku ti znacel i ne e seedno. sepak, ako nekoj uspee da najde odgovor neka pise :)
     
  2. sweety.91

    sweety.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    7
    Јас не сакам да му раскинам ама он цело време кога ке се скараме ми кажува да раскинеме, а кога се си е ОК ми кажува дека ме сака и дека сака да биде со мене. Стварно неможам да го сфатам па затоа мислам дека е најдобор да раскинам со него, инаку во врска сме 3 ипол години.
     
  3. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Мислам дека неможе да има безболно раскинување :) освен во ретки случаеви ако и на двајцата им е до раскинување и сватиле дека не им оди заедно,а сум била во ваква ситуација и колку време го избегнуваш тоа толку е потешко после,и мислам дека ако некое време не ти е убаво и ти е преку глава,ќе дојде момент до раскинување и пак години се во прашање и се мислиш ти кажува дека те сака,не е сеедно, и некое време пак ти е убаво (4-5 дена) и пак ти доаѓаат тие мисли гушењето и посакуваш да раскинеш мене бар така ми било,треба да седнеш да размислиш убаво сама со себе како би ти било без него,дали стварно сакаш да бидеш слободна,како би ти било поубаво со него или без него?и ако видиш дека стварно сакаш да раскинете стегни заби и не се откажувај и да те моли не потпаѓај,искрено кошмар,стварно е болно :D :D додуша зависи од типот дали стварно може да свати дека неможе некои работи со сила,или ќе биде упорен да бидете заедно безразлика на се (иако ти не го сакаш)па со среќа :)
     
  4. sweety.91

    sweety.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    7
    Работата е што кога и да се скараме ние тој цело време ми кажува да раскинеме, а кога не се караме ми кажува дека сака да биде засекогаш со мене. Стварно неможам да го разберам. Што се однесува до мене јас никогаш не би му раскинала. Стварно незнам што да правам ;(
     
  5. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    факт е дека безболно раскинување нема.
    секогаш едниот пати за жал
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    А некогаш патат и двајцата. :)
    Како може да постои безболно раскинување? Па и да не ја сакаш личноста веќе и да не сметаш од прва дека те боли, со тек на време се ќе дојде на виделина. Откако ќе посетиш места каде сте биле заедно, откако ќе приметиш дека некои ситници кои таа личност ги правела веќе ги нема и ред други работи. На тој начин пуштате дел од вас, не е можно да нема ниту малку болка. :)
     
  7. busavata

    busavata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    16
    И јас со дечко ми имав односи и тоа не ме врзува за него.
    Немој ни тебе.
    Почитувај се себеси и стои зад своите избори. Утре следниот дечко, маж нема да се вљубува во твојот химен кој го имаш или немаш, туку во твојот карактер.
    Немој да размислуваш така, дека со еден треба цел живот да останеш.
    Замисли си го целиот живот без добар секс???
    :puke: :puke: :puke: :puke:
     
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Ако некоја најде начин како помалце да боли, нека пише, нека не крие, злато давам за таа информација :)
     
  9. s.u.n.s.h.i.n.e

    s.u.n.s.h.i.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    32
    Безболно раскинување да не се лажеме не постои.Секое раскинување само по себе сноси своја тага.
     
  10. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Не постои безболно раскинување,секогаш едната страна е повеќе повредена од другата! :!:
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Зарем постои? И помалку да сакаш и ти да си таа која ке стави крај нема шанса да не осетиш барем малку грижа на совест. Или кога ке ти се навракаат спомени, моменти... ти да останиш рамнодушен
     
    На Angel4eeee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. flower-92

    flower-92 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Апсолутно се согласувам. Не верувам дека постои безболно раскинување, освен ако во врска биле поради некоја причина која сега повеќе не ги врзува еден за друг и рамнодушноста преовладува. Постојат различни карактери, па според тоа секој различно го доживува сето тоа. Но, мислам дека кај секој ќе се јави одредена доза на грижа на совест. :)
     
  13. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.503
    Допаѓања:
    1.595
    Не постои безболно раскинување, барем еден пати. Освен ако двајцата биле заради некоја х причина во врска и двајцата одлучиле без карања, плачења, глупости да раскинат и двајцата продолжуваат среќен живот и брзо си пронаоѓаат друг партнер.
     
  14. Dorothy25

    Dorothy25 Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Вака ќе бидам кратка на некој начин ЌЕ СЕ ОБИДАМ што е можно пократка да бидам на некој начин :) ...Бев многу повредена во однос на љубов, врски...Но пред скоро 7 месеци се фатив со едно момче прекрасно е спрема мене значи ме сака, ме држи во раце како што викаат, ми посветува внимание, СЕ убаво што би можела да го посака една девојка, НО искрено некогаш сакам малку да покажe љубомора да викне, да рече ете ЈАС СУМ МАЖ, но од што толку ме сака многу ми попушта се, јас знам некогаш заморче да бидам и напорна но се ме слуша, ако ок убаво е тоа (Ние сме такви жениве сакаме мачо мени ама сакаме и нежен да е некој со нас Е НЕМА ТАКА или едно добиваш или друго ретко овие две во комбинација одат :) ).Ок, друга работа ме знаат неговите, моите го знаат, убаво е се ок онака до сега само 2-3 пати дали сме се налутиле, убаво ни е...ноооо постои друг некој од поодамна со кого се гледав и тоа гледање наше убаво беше додека траеше еден месец.
    Но ајде малку наназад да се вратам пред две години....јас пред две години се гледав со еден П____ а тој имаше еден другар Б____ не го знаев јас овој Б____, е сеа овој Б____ се гледал со една познаничка моја на цимерката моја другарка и беше и ок излеговме сите 4ца заедно убаво се, но јас не се гледав повеќе со тој П_____, а после тоа разбрав и овие двајцава не се гледале некаде ова беше мај месец 2010та, така по 3 месеци овој Б_____ми се јави да се видиме на фб се договоривме да се видиме кафе да пиеме онака и ОП се видовме што се видовме и кафе пиевме и се смувавме, скоро еден месец цел септември месец убаво ни беше навистина мн (башка типчево е ама баш ТИПЧЕ и реков Е НЕМА НЕМА ДА ТЕ ПУШТАМ ТАКА ЛЕСНО) зошто многу ми се допаѓаше.После некој ден овој Б____ не ми креваше на тел, не ми враќаше на пораките ни ништо незнаев што е работата, а работата во тоа ти било што дури сега јас после година и пол разбрав дека тој не ме барал зошто бил "ЛУТ" на мене зошто овој Б____ почнал да има сериозни намери со мене и го распрашал овој П____ што се гледав јас дали уште се гледаме ова-она и овој П____ му рекол дека јас сум го барала сум сакал уште да бидам со него :devil: Аууу а немаше врска, уфффф значи ЕЈ после година и пол ова го разбирам јас, ех !!! И после тоа овој Б____ сватил дека овој П____ лаже и дека не е вистина тоа но свати многу доцна, и пола година овој Б____ ме бараше, но јас од октомври месец 2010та година до 2011та август имав дечко еден, и овој Б____сеуште ме бараше ми пишуваше да се видиме, а јас цело време "имам дечко неможам не прави ми вака, така"....ок после се скарав со тој "дечкото" во август месец 2011та година, а по еден месец во септември 2011та се фатив со овој сега што одам.Но овој уште неможам онака од глава да го извадам незнам што сакам, сакам да видам дали МОЖЕБИ ќе успеевме некако со тој Б____но се плашам дека нема да ме гледа и сака како овој со кој што сум во врска сега :( Еве ден денес ми пишува овој Б____ да се видиме си пишуваме на нет но....незнам искрено што да правам, некако измешани чувства имам не сум башка мала да си играм 23 години имам, не сум мала да незнам што сакам, но овој со кој што сум во врска сега има 28 години и мисли за сериозно јас не сум сигурна дали го сакам искрено и дали ТОЈ е ТОЈ оној вистинскиот, или ја сакам само неговата внимателност која никој ја немал покажано спрема мене.....со овој Б_____ незнам што да правам чудно ми е, еве и покрај година и пол уште сака да се видиме толку упорен никој не бил со мене за да се видиме, до ден денес кафе да пиеме сакам да те гушнам сакам ова-она значи таков тип на муабети ми прави....ауууу ќе се отпревртам од стол незнам што да правам, овој Б____ е уффф такво типче како што сакам физички, а овој пак со кој што сум сега е баш тип психички како што сакам.... ЕЕЕЕ луѓе многу сакам нели ? :) :@

    ВЕ МОЛАМ ПИШЕТЕ МИ дајте ми некој си совет што да правам, може многу одолговлеков со пишување но сакав да бидам убаво сватена што сакам да кажам и прашам.
    Поздрав !!!
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Не постои болно и безболно раскинување. Односот и отвореноста во комуникацијата го прават тој чин повеќе или помалку болен.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    уффффф срцка твојава сторија баш е комплицирана ми требаше време да сватам П..Б...П..Б...епа вака како прво овој Б да не е некој женскар и да е научен лесно да ги добива девојките а ти му личиш некако недостижна па и даље е упорен со тебе...или па можи дечкото е навистина заљубен во тебе и има сериозни намери,додека сме уште кај овој Б биди сигурна дека НАДВОРЕШНАТА УБАВИНА Е ПРОЛАЗНА ..можи тој сега е убав и секси и те привлекува ама размисли малку..лепотата надворешна е пролазна,на пример ако оди во теретана и вежба еден ден ке престане со тоа и пак ке му се опушти телото и ке биде обичен ке исчезнат сите мускулчиња..додека овој сегашниот дечко како што рече и ти е добар кон тебе и се ти угодува,те чува,те сака..подобро од тоа кај ке најдеш,ретки се таквите што им одат на девојките по ќејф...мој совет е остани си со тој што си сега..еве ти мој пример и јас поминувам низ таков период...дечко ми е значи душаа човек добар добар мирен,ме сака,чува,поштува е се што е најдобро,и што една девојка може да си посака,ама мене еден период ми беа толку измешани чуствата што незнаев ни јас што и кој сакам и така почнавме да се караме мн.и си седнав јас си размислив убаво дали вреди или не вреди да се прават некои работи или не ...и така решив да си останав=м на ова што сум си да си уживам со него..а ти срцка размисли дали и тој би се однесувал така убаво ко овој сегашниот можи тој сега е добар и се тоа ама знаеш како викаат кај нас во паланка испод мира триста вира ..сакам да кажам мози сега е само маска сето ова ...па ако еден ден бидете заедно..т.е те добие и ке си го покаже вистинското лице..јас да сум на твое место би си останала со тој што сум си а и како што рече имаш 23 години,не си многу стара ама годините летат ..поззз па пиши ни што ке одлучиш :*
     
    На Dorothy25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dorothy25

    Dorothy25 Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    N.Kety ТИ БЛАГОДАРАМ МНОГУ што го прочита овој "роман" што го пишав, и што ми даде совет ете на некој начин сподели искуство со мене и ти гледам си се нашла во некоја таква ситуација :( Ах некако чудно ми е, со овој што одам сега значи прекрасен е и незнам што и како понатаму, не дека "летам" по овој Б___ онака некако детски се понашам кога ќе ми пише ми се тресат раце, срцево ми чука значи онака ептен чудно.Со овој што сум сега и со него така на почеток ми беше, сега некако чудно ми е, башка колеги сме со овој сега што ми е дечко на работа и скоро секој ден се гледаме и тоа чувство на исчекување да го видиш некако ми спласна :( Што знам може период ми е, но....јас сум си крива самата зошто секогаш избрзувам од една врска веднаш во друга врска влегувам не си давам простор и време самата на себе што сакам.Уште еднаш ФАЛА ти МНОГУ N.Kety за поддршката, и ќе останеме во контакт ќе ти пишам што и како понатаму. :* Поздрав !!!
     
  18. lilii

    lilii Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10
    Девојче, никој не смее да ти префрли за тоа што не си невина. Па си имала врска од 3 години и сигурно 3 години не сте се држеле само за рака, мора да има и нешто повеќе. Нормално е да си била интимна со некој со кој си била толку долго. И јас имам 20 години и врска од 3 години и доколку утре раскинам и некој ми префрли заради тоа што не сум невина има да му шлакнам една па да се чуди шо му се случило.
     
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.089
    Пол:
    Женски
    Секоја врска има критични моменти. Секогаш доаѓа време кога девојката или момчето ќе имаат измешани чувства, и ќе почнат да се сомневаат во успешноста на нивната врска. И мене ми се десило истото, ама баш истото како тебе. Ми беше тешко, и се размислував дали тоа што помислувам на друг значи дека треба да ја завршам врската, а од друга страна, овој мојов најдобар на целиот свет. Па после си реков, не менувам коњ за магаре. Не можеш да знаеш тој другиот каков е во врска. Дали е насилен, дали е добар, дали го сака истото што и ти, дали знае да искажува чувства или е ладен, дали е добар во кревет :P итн. Па си продолжив со сегашниот, и по некое време ми се изгуби тоа чувство на несигурност, и бев пресреќна што не сум избрзала. Се надевам дека сум од помош :)
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Безболно раскинување :geek:
    Земаш 2 апаурина и 1 лексилиум, го откачуваш дечкото на брзина со некој изговор без тронка совест и одиш во првата биртија и се опиваш со една чаша шток и потоа си одиш дома да си нанааааш.
    Утредента си ко препороден и желен за нови походи во животот ;)
     
    На orevka, crazylady, Angel4eeee и 1 друга личност им се допаѓа ова.