1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Без чувства

Дискусија во 'Психологија' започната од DevojkataO, 1 ноември 2017.

  1. DevojkataO

    DevojkataO Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    Не знам каде да ја внесам оваа тема, па затоа ќе пишам тука. И не замерувајте на насловот, не знаев што да пишам.
    Во последно време се заљубив (не е тинејџерска или детска љубов) во човек кој го гледам секој ден, кој ми е колега на работа. По моето однесување дозна и тој дека го сакам, но тоа не е битно сега. Од кога го засакав некако по некое време станав како некој друг човек, смрзнат човек. Секогаш сум била полна со емоции, чувства, возбуда, љубов, свесно размислував за се, дури и секоја песна која ја слушав ја доживував со емоции исто така и секоја книга и секој филм и бев среќна поради тоа. Со луѓето имав разбирање. И да напоменам дека сум се заљубила безброј пати, но ништо вакво не ми се случило до сега. Но, сега сум како некој човек пикнат во некое ќоше без чувства,емоции, се што некогаш ме возбудувало сега како да е ништо. Сега како да сум во темница, немам веќе ни фантазии ни сонови. Како да не сум јас, како да сум ништо не знам како да ви опишам. Се обидувам да се вратам, но ете како камен да сум без чувства дури и без болка. Празна. Не можам ништо да осетам повеќе и некако ништо не може да ме ''погоди'' во срце што се вели. Не знам од ова како да се вратам назад, само знам дека не сум истата која бев.:(:@
     
    На sonuvana, LanaSGirl и Lolo5 им се допаѓа ова.
  2. IvanovaJ10

    IvanovaJ10 Нов член

    Се зачлени на:
    7 мај 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Што да ти кажам веројатно ова ти е некој период ќе ти помине..
     
    На DevojkataO и Lolo5 им се допаѓа ова.
  3. Schhhh...

    Schhhh... Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2017
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Машки
    Мене ми е битно прашање ако не го одгоовриш тука одговори ми го во приватни пораки...дали имаш идено на психијатар или пиено апчиња за анксиозност или нешто слично.
    Или можда зимано на сама рака антидепресиви....мислам дека ми го свати прашањето
     
    Последна измена: 1 ноември 2017
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.677
    Пол:
    Машки
    Секоја врска кон некого ни побудува некои чувства. Можеби не ги сакаме тие чувства па не ги прифаќаме да продрат до нас. Можеби личноста која ни значи не ни дава до знаење дека и ние на неа и значиме. Во секој случај, има многу други луѓе коишто радо би сакале да разговараат со тебе. Јас сметам дека се си е во ред со тебе, само спомнатата личност, или барем ти така ја опиша не е заинтересирана за тебе.
    Излегувај си, прошетувај, верувам дека самата ќе си најдеш заклучок. Таман работа доктори и апчиња.
     
    На Dust, sonuvana, DevojkataO и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.719
    Пол:
    Женски
    не ти одговара човекот.
     
    На sj *O*, sonuvana, Lilit и 4 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Е веднаш и постави дијагноза. Боже,Боже.
    Не го сака човекот едноставно е.
     
    На DevojkataO, Lolo5 и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. Schhhh...

    Schhhh... Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2017
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Машки
    Не туку мислев да не е како мојата ситуација
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    33.311
    Значи кажуваш дека си заљубена во колега, и дека тој знае. И толку, оти не било битно што се случило понатаму.
    Значи меѓу редови кажуваш дека не ти е возвратена љубовта.

    И затоа сега си тажна, повлечена и депресивна.

    Нормално е. Период е. Ќе помине. Само не молчи и не собирај во себе. Разговарај барем со другарки...
     
    На TheGirl23, Lilit, DevojkataO и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Сигурна си дека ти е поради човекот во кој си се заљубила? Да не си имала некој немил настан претходно или други проблеми ? Јас мислам дека не е поради него и дека ова ти е само минливо не верувам дека си без чувства може би само така ти сакаш да мислиш како одбранбен механизам затоа што се плашиш да не бидеш повредена.
     
    На DevojkataO и Lolo5 им се допаѓа ова.
  10. DevojkataO

    DevojkataO Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    Ништо од тоа што наброја не сум направила нити сум била на психијатар и сл.
     
    На Schhhh... му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DevojkataO

    DevojkataO Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    Мислам дека е до тоа зашто не сум имала никакви проблеми со никого во последно време.
     
  12. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    @DevojkataO Emotional numbness, depression and anxiety. Ваквите чувства претпоставувам биле присутни подолго време, ама сега кулуминираат поради тоа што колегата кој, како што сама кажа го сакаш, не возвраќа на иститот начин. Сето тоа помешно со стресот на работно место, резултирало до ова. Немаш напишано колку години имаш, дали ја сакаш работата, но според мене животните фрустрации се акумулираат долг период, им е потребен само trigger за да се појави депресивноста.

    Лек за депресија не постои, барем не во фармација и не би ти препорачала да го бараш таму. За да се опоравиш мора точно да откриеш што е тоа што те прави толку несреќна и да се обидеш да го отклониш. Знам дека вака напишано делува просто и едноставно, ама сметам дека е така најдобро да се објасни. Оди во минатото, обиди се да се сетиш што те правело среќна, обиди се да ги оживееш тие моменти.

    Ми требаа години за да ја излечам анксиозноста, од време на време пак се враќаат тие мисли, но научив да ги контролирам. Биди господар на своите мисли. Себепрограмирај се да го отфрлаш негативното, а восприемаш само позитивното.
     
    Последна измена: 2 ноември 2017
    На tina-63 и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  13. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Види девојко.. мислам дека се ти се насобрало во тебе и си мислиш дека си без чувства,а тоа не е можно. Иако каѓа дека не ти е прв пат да се заљубиш ама можеби оваа љубов ти била посилна од тебе и несвесно си сакала премногу, без разлика дали е возвратено или не. Не се грижи ова ти е само период додека се освежиш од љубовта кон него ќе помине. Само немој безвезе да се труешп со никакви апчиња.
     
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.437
    Пол:
    Женски
    Каков тип на личност е тој?
    Ако е ладен, веројатно се обидуваш да му се приближиш, така што ќе му бидеш налик, како негова женска верзија.
    Се случува тоа понекогаш, кога некого идеализираме до таа мерка, да ни се чини дека е совршен.
    Тогаш и самите се менуваме, свесно или несвесно, од преголема желба да и тој од карши нас, примети дека сме му идеални и таман.
     
    На babygirl77, DevojkataO и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.884
    Допаѓања:
    14.237
    Пол:
    Женски
    kako mozes da se zaljubis a da si bez nikakvi custva?????
     
    На Robert Jordan и DevojkataO им се допаѓа ова.
  16. DevojkataO

    DevojkataO Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    можеби..сепрепознав во ова што го пиша :)
     
  17. DevojkataO

    DevojkataO Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    го сакав имав чувства и за него и за животот но со времето сето тоа го изгубив не знам зошто и како
     
  18. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Љубовта не ти била возвратена.
    Си се разочарала, си изгубила надеж, повредена си...
    Си се затворила во себе, се плашиш повторно да засакаш.
    Полесно ти е вака без чувства да го гледаш светот, отколку да дозволиш некој повторно да ти го скрши срцето.
    Имаш изградено бариери околу тебе.
    Период е, ќе помине.
     
    На dedrade му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    можда состојбата ти е резултат на тоа што сега, ти си буквално ко принудена да одиш да работиш во средина која повеќе не ја чувствуваш своја, ја немаш слободата да се движиш, зборуваш, правиш се' што претходно си правела, пошто... дотичната личност е таму. Може и интересот кон фирмата и љубовта кон работата да ти имаат исчезнато. :) Тоа е доволно голема причина да си депримирана. Ако е до тоа....и ако не можеш да си дозволиш друго работно место, во друга фирма... почни да си угодуваш со некои мали работи - на работното место, кои ќе прават да се осеќаш по ок таму. Преуреди си го просторот таму. Планирај си нешто „поспецијално“ за јадење, мезење... најди си нова љубов - муза. :) Почни да комуницираш со некого..секој ден. Да видиш како за брзо време ќе ти испари секое сеќавање за личноста, па и празнината што ја осеќаш.
     
    На tina-63, Anacid и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  20. dedrade

    dedrade Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2016
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Машки
    Ти беше сигурна дека го сакаш,и нормално е да отчекуваш возврат на твоите чувства.
    Но кога свати дека тоа не постои од негова страна,ти доживеја неостварена љубов,затоа полека се повлече во самата себе,и тешко ти е да го преболиш тоа,и затоа секое сетило те напуштило!
    Се плашиш од евентуална нова љубов,којшто во моментот ништо не би ти значила,и затоа ситуацијата се претворила во депресија!
    Покрај тоа што сум сигурен дека љубовниот проблем,само со љубов се лечи,сепак ти посакувам среќа и би ти кажал да оставиш на времето,тоа да излечи се.
    Повеќе разговарај со другарки,прошетки,патувања и сл...лекарства никако,мислам дека од нив само ќе си го влошиш здравјето!
     
    На DevojkataO му/ѝ се допаѓа ова.