1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Без чувства

Дискусија во 'Психологија' започната од DevojkataO, 1 ноември 2017.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Тоа што умееш да рационализираш е голем чекор.
    Со емотивно оштетени личности, тешко е да се гради иднина, ма колку да се трудиш себе си да се измениш.
    Некои луѓе не знаат да пружат топлина, бидејќи не ја примиле и обично е бадијала секој обид да им се приближиме.
    Обиди се да се присетиш каква си била пред овој однос, бидејќи тоа си најверојатно вистинската ти.
    Никој кој не бутка во сивило и лед не заслужува да му бидеме верни и посветени.
     
    На Scott Weiland, EraBon, DevojkataO и 3 други им се допаѓа ова.
  2. lifecreator

    lifecreator Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Мислам, односно сигурна сум дека човекот во кој си се заљубила, не е човекот кој треба да стои покрај тебе. Никогаш не е доцна за да поработиш на себе, на самодовербата и самоконтролата. Побарај помош од блиска личност, евентуално психијатар, но, да знаеш дека ти најмногу сама можеш да си помогнеш. Очигледно е дека си несреќно заљубена, така што треба да го "баталиш" типов, да бил океј, од него ќе си црпела мотивација и инспирација за секој нов ден, немало да ти се бои секој ден во досада.
     
    На theowndemon и DevojkataO им се допаѓа ова.
  3. bandit2018

    bandit2018 Нов член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    и ј
     
  4. bandit2018

    bandit2018 Нов член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    с
    се препознав и јас. луѓе тоа не е период.
     
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Нема човек без чувства. Не ќе станеш од кревет доколку не почувствуваш дека така треба. Не можеш ниту „да вегетираш“ ако немаш емоции. Таканаречените бесчувствителни личности само вешто ги зауздале чувствата.
     
    Последна измена: 5 мај 2018
  6. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.615
    Пол:
    Женски
    Периодот кој го поминуваш во моментот е само одбрамбен механизам, не е бесчуствителност. Твоето тело реагира на тој начин, т.е ги замрзнува емоциите за да не чувствуваш болка и да не бидеш повредена. Си била заљубена, љубовта не ти била возвратена и секој во тој случај би бил повреден, барем одреден период додека не поминат тие чуства. Но, очигледно имаш поразвиен одбрамбен мееханизам и твоето тело е во фаза на замрзнатост каде што не чувствуваш никакви емоции. Ако си дозволиш да почувствуваш среќа, ќе чувствуваш и тага а не го сакаш тоа. Не е нешто за кое нема решение, едноставно опушти се и дозволи им на емоциите да надојдат, мора да ја надминеш ситуацијата која очигледно те погодила многу повеќе отколку што си очекувала. Во краен случај доколку не сакаш сама, можеш да поразговараш со психолог кој ќе знае како да ги поттикне чувствата во тебе и ќе ја надминеш оваа ситуација многу полесно отколку што мислиш. Ништо страшно, разочарувањата се составен дел од животот и треба да ги прифатиме како такви. Доколку се бориме против нив си правиме само штета на самите себе.
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Се случувало некогаш во последниве 2-3 години, во одредени ситуации или периоди да останам онака без чувства.
    Причината најчесто била тоа што некој многу ме повредил или ептен ми пукнал филмот.
    Тогаш не чувствувам ни болка, ни радост, нит плачам нит се смеам, нит ми е гајле за останатите.
    Буквално како со копче се ,,исклучувам” и станувам ладнокрвна до максимум што можам.
    Некогаш и убаво се чувствувам кога немам чувства и емоции.Онака баш ме брига.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Јас години наназад сум без чувства. Немам изгледа време да чуствувам :rofl: еднино што осеќам е дека големото дете многу ме нервира а и малото ме мачи. Ама многу длабоко кај што нема никакви чувства е закопана само љубовта кон децата. Се друго ми е некако променливо.