Во последно време имам доста бели влакна, и не се ниту за кубење, ниту за сечење, бидејќи ги имам доста. Не сакам да се фарбам, па ме интересира каде се продаваат колор шампони или некој сличен производ за нијансирање, за да не се познаваат?
Колор шампон можеш да најдеш во парфимериите и подобро снабдените маркети.Доколку не сакаш да се бојадисуваш, друга опција е шатирање во фризерски салон.
Денес ми се случи нешто многу чудно. Најдов бело влакно, се исплашив и го пресеков но, влакното беше бело долу, а горе на коренот ја враќаше природната боја. Како е можно?
И јас почнувам да забележувам по некое бело влакно, сосема нормално е околу 25-30 год. да почнат да се појавуваат. Не ми пречат сега за сега бидејќи се само неколку и воопшто не се забележуваат. Многу е важно да не се корнат од корен затоа што така се размножувале. Ако толку ви пречат, тогаш внимателно со ножички сецнете ги блиску до коренот. Нормално, ова важи само ако станува збор за мал број на влакна. Инаку ако се повеќе спасот е или фарбање или пак шатирање за да не се забележуваат.
Знам дека темава е конкретно за во коса, ама логично е тука да прашам: чудно ли е да имаш по некое бело (апла бело, албинизам бело) влакно во веѓите, а косата да ти е целосно темна?
Што мислите за трендот со седа коса, природна да ја носиш. Имам бели влакна, најмногу напред кај ушите и слепоочниците, но не сакам да се фарбам. Срамота ли е?
Не е срамота, зошто би било срамота. Најважно како се осеќаш, мене цела коса ми е бела, кога почнаа на почетокот се шатирав светла коса имам и ок изгледаше, потоа почнав да се фарбам, имам израснат ккрен и воопшто не осеќам притисок фека жора на 2 недели да се фарбам, си терам 2 понекогаш и 3 месеци
Не, зошто да е срамота. Ќе се прифати овој тренд лека полека. За почеток ако ти е неприфатливо извади плави - бели прамени за да го неутрализираш контрастот.