Бели дамки на грбот

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од lylaby, 25 март 2010.

  1. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Женски
    Имам актулен проблем како мали бели дамкички на грбот кои одвреме наврме ме чешаат и порано ми се случило докторката ми рече дека ми е од сонцето(беше непосредно по летен одмор) и дека можат да се повторат(што еве се случи).Се мачкам со канестен бидејќи уште тогаш тоа ми препишаа,но после 2 год еве пак....Мајка ми вели дека тоа е егзема ,но мислам дека ќе идам на дерматолог за сигурно.Ви се случила ли ваква појава и со што сте ја третирале???Мене највеќе естетски ми пречи ,не дека е мн но ги забележувам.
     
  2. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    42
    Џабе се мачкаш со канестен и јас го имав истиот проблем и се мачкав со канестен, ројазол и не знам уште какви креми, и пак ми се појавуваа ... и да од сонцето се, и мене ми рекоа така и последно минатото лето бев на дерматолог и тој ми даде шампон и крем, со шампонот требаше да се мијам две недели секој ден и тоа да стојам по 5 мин намачкана со него, а после тоа да се намачкам со крем-со кремот требаше еден месец да се мачкам, ама бидејќи јас се навикнав да се ден да се мачкам со шампонот си ја продолжив терапијата и ми загинаа... После тоа отидов и на одмор 10 дена и се сончав, и повеќе не ми излегоа. И тие дамки се шират јас имав само малку на грбот, а потоа ми се проширија, најбитно да не ги чешаш ич и да не се фаќаш на др места ако веќе еднаш се имаш почешано, и да појдиш обавезно на дерматолог затоа што џабе се мачкаш со др креми ... МОЈ СОВЕТ!!!! :) ;) ;)
     
  3. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Женски
    Значи правец на дерматолог а....Па тогаш кога бев така ми кажаа ациди борици и после канестен ама гледам не ми помага..фала на совет позз
     
  4. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    556
    Пол:
    Женски
    Тоа е многу честа појава,на многу луѓе им се појавуваат од сонцето.И јас имав такви кога одев на одмор и знам ги имав по грбот и на стомакот ама не ме чешаа,немав таков проблем и не бев на лекар.Како што ми паѓаше бојата од сонцето така и нив ги снемуваше,ги немам сега моментално а ова лето одев на базен па не ми се појавија пак.Којзнае може ми поминале ама може и пак ќе се вратат,ако се вратат ке одам на лекар обавезно
     
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Оф леле, овие кожниве проблеми многу тешко се решаваат. Братучетка ми уште од помала имаше слични проблеми, секогаш кога ќе се затоплеше на пролет нејзе и се навуваа бели флеки околу ноктите на рацете. Исто како на тебе и рекоа дека е од сонцето, и даваа триста креми, за на крај да и речат дека решението било во некоја лампа германска што коштала 1000 евра. Демек со зрачење од лапмата, ќе и поминале. Нормално не се заака до Германија да ја купува, се навикна и не и пречат воопшто белите дамки.
     
  6. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    164
    Пол:
    Женски
    Е да мн се непријатни овие проблеми но јас секое лето сум по три месеци на море фаќам боја мн брзо и сум црна недај боже :) онака да не ме познае човек.Е сега ми се повторуваат март кога веќе изминале 6 месеци по изложувањето на сонце.....и мислам дека дијагнозите на лекариве и не се толку прецизни ете како што се случило со другарка ти.....Сепак ќе посетам лекар за да бидам колку толку сигурна вака на своја рака некако не се лечи....
     
  7. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    А за какви дамки станува збор, може поописно да објасните :D како бемки се само бели, или?
     
  8. anon1men

    anon1men Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Вака:
    Имам 15 години.
    Имам бели бемки на кожата и ми станаа доста тежок проблем... Опседнат сум со нив постојано.
    Прво ми се појавија на стомакот (ги имам 3-4)
    имав обични кафеави бемки кои подоцна паднаа и се направи бела површина на кожата.
    потоа забележав во скоро време дека имам иста таква бела површина и на пенисот...
    а на пенисот немав кафеави бемки.
    се немам обратено кон доктор бидејќи ми е срам затоа што на незгодно место се наоѓаат :sweat:
    ќе ве замолам за совет !
     
  9. anon1men

    anon1men Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    едит Ја најдов дијагнозата, витилиго е.
    Тоа е кожна болест е сега за терапија незнам...
     
  10. ljulju

    ljulju Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Znaci vakaa... vo nikoj slucaj ne e vitiligo (vitiligoto e mnogu opasno :///). Jas gi imam istite beli damkicki na grbot, prv pat mi se pojavija pred dve godini odma posle vracanjeto od odmor, posetiv mnoguuuu kozni doktori vo drzavava i site mi kazaa deka ne e vitiligo (fala bogu) (inaku vitiligoto se pojavuva okolu kafeavite damki sto gi ima sekoj po teloto i liceto) skoro site dermatolozi mi dadoa sampon Rekonazol i tabletki Rekonazol, no jas problemot ne go svativ seriozno pa ne gi upotrebuvav redovno :worried:. Lani ne bev na odmor i koga ke vidam gi nema belite damkicki i bas se izraduvav, no godinava posle vracanjeto od odmor pak se pojavija (znaci po dve godini otkako se pojavia prv pat) i pak bev na doktor i mi kazaa deka tie voopsto ne isceznale, no bidejci lani ne sum se soncala kozata bila bela i ne se gledale, a godinava bidejci sum se soncala tie se gledaat. I najglavnoto...toa e gabicna infekcia, mora da se leci za da ne se prosiri, i koga se soncas soncevite zraci nemozat da prodrat vo mestata kade se damkite i zatoa seta koza pocrnuva a tie ostanuvaat beli :/ sega mi dadoa isto rekonazol sampon i tabletki i mast kanesten :) se nadevam deka pomognav :)


    [mod-kirilica:2111ig2t][/mod-kirilica:2111ig2t]
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.780
    Допаѓања:
    78.444
    Ајдееее...колку нема врска дека вителигото е опасно,не ги плаши девојчињата.Глупости.А тоа што се појавува околу бемките,белиот круг е симптом за рак на кожата(но,ни ова не мора да значи),а вителигото се појавува најчесто околу очите и на дланките,но не се исклучени и други делови од телото,како долж рбетот и високо на челото,но не е опасно,повеќе е естетски проблем.
    Пишувај кирилица.
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.163
    Допаѓања:
    42.348
    Пол:
    Женски
    Не, не помогна. :^)
    Кој ти ги кажал овие податоци многу ме интересира. Витилигото многу опасно? Се јавува околу кафеавите дамки што ги има секој?!?!?! И си му постави дијагноза од ракав на човекот, па и терапија дури. Ах лелеее...
    Гугл не е доктор. Може да е витилиго, може и да не е. Мораш да посетиш дерматолог (само те молам барај некој постручен, не како оние од ljulju).
     
  13. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    42
    Витилиго е опасна кожна болест. Комшијата мој има витилиго и не е така како што изгледа неопасно. На лактите, дланките одозгора, лицето и вратот неговата кожа е бела и се шири, во летно време од сонцето тое поцрвенува одма и многу боли. Лек нема, бил на секакви дерматолози и му давале масти ама никоја не помогнала, се јавува поради недостаток на некој витамин. Беше кај еден надри-лекар тој му препорача строга диета во која ќе внесува повеќе житни производи,а месото ќе го изостави. Диетата му рече да ја дрѓи шест месеци. Во првите три месеци нему почнаа да му излегуваат кафеави дамки на белата кожа, меѓутоа тој многу ослабе (а е крупен човек) и ја прекина диетата. А за овие дамки коишто се јавуваат од сонцето, излегуваат после 6 месеци откако си бил на одмор или изложен на сонце. Лек му е само дерматолог и да ја почитуваш терапијата која што ќе ти ја дадат, а најчесто тоа е три месеци мачкање на местата со дамки и околу нив на здравото место .. Поздрав
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.163
    Допаѓања:
    42.348
    Пол:
    Женски
    ^ ^ Кажи му на твојот сосед дека мора постојано да користи СПФ 50. Боли затоа што тие места немаат пигмент, односно немаат никаква заштита од сонце и горат. Штом има на рацете, може да носи некои ленени блузи со долги ракави кога е многу високо зрачењето.
    Витилигото е неубаво за изглед, може да се рашири и не може да се излечи (има случаи кои се излечиле, но екстремно се ретки и секој случај е различен), но освен тоа не е опасно. Кожата се оштетува полесно од сонце, но ако соодветно се заштити нема такви последици како болни изгореници. Опасно по здравјето не е на никаков друг начин. Впрочем секоја кожа гори на сонце и боли, ама непигментираната многу полесно.
     
    На Pain му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    42
    Не е опасно по здравјето на никаков друг начин, само не е убаво за изглед да, тука сум направила грешка во пишењето инаку точно е тоа што го кажа ЛивингГлам... фала :)
     
  16. zagrizena123

    zagrizena123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    2
    lylaby..
    Мислам дека ако ги имас тие бели дамки и ако се од сонцето треба да се мачкаш канестен но треба и од кога ќе ти поминат да продолжиш да се мачкаш.Јас го имав тој проблем направив така и сега повеке не ми излегуваат...Инаку на мене и зимно време ми се појавуваа..
     
  17. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    159
    И јас имам нешто сличен проблем како вашиот.Шарена кожа.Бели дамки па иафеавкасто на стомакот грбот рацете.И мајка ми имала кога била дете.Ама не било генетски,докоторот ми кажа.Бев на 20 јуни на лекар кај матичната па со упат на кожно.Тој докторот мислам педофил беше таков ми делуваше среќа не ме прегледа само ми постави дијагноза.Ми вика што ти е нели зашто сум дојдена му покажувам на рацете и му викам и на стомакот и на грбот ми е вака и вика добро.Напиша Реконозал нешто така се викаше лекот и една крема.И еве секој ден се бањам по еднаш со шампонот и се мачкам со кремата,иако со неа намалив сеа ставам само на критичните места.Многу грдо изгледа веќе со години е вака.Ефектот од шампонот е многу мал.И мајка ми го има користено и неа и помогнал.Имам мали проблеми со телефомнот инаку ќе сликав и ќе ви постирав слика да видите баш на што мислам.Се надевам ме разбравте.И кој ја поминал оваа болест на кожата нека ми пише за спас незнам што да правам,би купила и лек на своја рака само да помине.
     
  18. theboy

    theboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    29
    пред некое време имав тешки изгореници од сонце и после лупењето на кожата ми се појавиа неколку бемки што исти такви и како мал кога еднаш горев исто ми се појавија па извезно време ги снема а пред некое време забележав под едната пазува имам една бела дамка како мало кругче што пред тоа не го бев забележал сега прашањето е дали е од сонцето таа бела дамка и дали бемките што се појавиа можат да ми направат проблем?
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.910
    Допаѓања:
    4.121

    Може да е од сонце а може и од ролон, дезадоранс...што и да е не е страшно. Чисто ради себе посети дерматолог па можеби ќе ти даде некоја крема да се мачкаш за да ја снема флеката.
     
  20. theboy

    theboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    29
    јас се плашам да не е витилигото одев кај општ доктор ми рече можеби е габична инфекција а можеби и витилигото ми даде еден спреј а инаку во мојот град нема дерматолог и нз што да правам