Ако нема дерматолог во твојот град појди во најблизок град кој има. Да не те јаде мисла побарај стручно мислење без да ти вади памет општ лекар. Ако мислиш дека е витилиго прогуглај убаво на нет и ќе откриеш симптоми, лекување.....
Најдобро е да се консултираш со дерматолог. Може да е витилиго, но може да е и габична инфекција ( питиријазис верзиколор) што најчесто се јавува во летните месеци- поточно станува видлива кога сме на сонце. Што и да е не треба да се вознемириш додека не те прегледа дерматолог.