Девојки, ве молам за помош - паничам! Значи сега само со излегов од капење и одма седнувам на пц да видам одговор. Од нигде никаде ми се направија нови бемки - мали,големи,кафеави,светло кафеави,пораснати,недораснати. Преку ноќ како да никнаа и паничам многу. Можат да се спречат некако од растење уште повеќе или да се отстранат? Имам нови на лице, тело и грб. На раце и нозе немам. Дали има нешто што се пие, мачка, јади, ШТО И ДА Е за да се прекини процесот? И најважно, како се добиваат? Со што сум ги предизвикала?
Што и да правиш-не ги чепкај. Нормално е да се појавуваат бемки, твое е само да ги контролираш, ако случајно ја променат големината, бојата, обликот-оди веднаш на лекар. Можно е дури сега да ги приметуваш, а да си ги имала од порано. Најчесто се појавуваат од зголемено изложување на сонце. Значи немој да паничиш, ако сакаш оди на лекар да се провериш за твоја сигурност, ама не верувам дека е нешто страшно.
Нема простор за паника. Оние сомнителните се нерамни, или менуваат боја и големина, веќе кога е канцер и крварат ... Ако нешто случајно се посомневате не ги чепкајте туку дома на доктор.
Сите имаме бемки или медицински кажано невуси. Е сега секој доктор кога гледа еден невус разгледува 5 работи според кои ќе се утврди дали тој треба понатаму да се испитува или не. Тоа испитување се вика ABCDE и е многу субјективно, т.е зависи од окото и проценката на докторот. Сепак може секој што го знае онака приближно да претпостави дали треба или не треба да се испита невусот. Понатамошно испитување е дерматоскопија, која всушност е неинвазивна постапка, поточно народски кажано може да се каже дека е ехо на бемката. Со неа може точно да се утврди дали таа бенка има потенцијал да се развие во меланом или не. Ако се покаже дека е позитивна бемката за атипија, т.е има потенцијал да малигнизира тогаш се прави екцизија на бенката. Значи само доктор може да каже дали треба или не треба да се вади и тоа после дерматоскопија. За кои бенки треба да се обратите на доктор? Добро разгледајте ја бенката и забележете ги следните работи: А- асиметрија; B- Border (граница) C- Color (боја) D - дијаметар Е - еволуција Ова е АБЦДЕ категоризација според која секој доктор се раководи. А- асиметрија: Ако невусот - бенката нема регуларна форма, симетрична, кружна. B - border или граница : нормалните бенигни бемки имаат оштро ограничени, мазни рабови кои јасно ги покажуваат границите на бенката и околното ткиво (кожа). C-color или боја: нормалните бенки имаат само една боја. Ако бојата на бенката варира од кафеава до црна, па можи и на места да е црвена, тогаш треба да се преземат дополнителни испитувања, т.е дерматоскопија. D - дијаметар: Најчесто бенигните невуси се под 6мм. Но, не значи дека ако бенката е поголема дека е малигна, значи треба да исполнува барем уште еден услов од овие за да се посомневаме дека може да се развие во нешто посериозно. Е-еволуција: Ако една бенка не е рамномерно испакната, т.е на места е рамна со кожата, а на други е испакната, т.е нерамна тогаш треба да се испита.
Бемки по телото Дајте некој совет... Ми се појавуваат бемки по телото најмногу на вратот и на рацете ако има некој совет нека ми пише.
До девојката која кажа дека ги горела бемките, НИКАКО горење на диво, односно без лекарски надзор!![/quote] Мајка ми имаше бемка под градата,баш кај жицата од прслукот,и отидовме во Кавадарци кај тој Благоја-мајката(така го викаат) демек горел брадавици,бемки итн. и капна нешто на бемката и ја пресече со ножички и еве има поминато повеќе од 10 години..... Значи јас да сум била не нејзино место никогаш немаше да дозволам некој од пи*ку си мајчину да фаќа таква осетлива работа.....сега кога ве читам се ежам што ако се искомплицираше нешто.......
Дечки на мојот дечко му излезе долу кафеави личат на бемки али не верувам дека се бемки и можно ли да е некоја инфекција, и имаме односи и дали и сега јас имам некоја болест ?
Кукличка кај беше ти на преглед, на клиника? И во што се состои прегледот,мислам како го изведуваат, со снимање на бемката?
здраво на сите јас имам една таква бемка на ногата... ја имам уште од дете и фала богу нема сменето ни боја, форма итн. Малку е на незгодно место и еднаш несакајќи кога носев чизми со патентот од џизмите ја повредив... одтогаш, никогаш не носам џизми со патент... редовно одам на контрола и ми имаат правено дермоскопија... прегледот е безболен... бемката ја премачкуваат со една течност и после ја гледаат со едно апаратче (како лупа изгледа)... за посигурно може да ти ја фотографираат со посебен апарат и после ги гледаат фотографиите на компјутер.... мене ми препорачаа да ја извадам, само затоа што е на незгодно место, само што мене ми е страв... дури се распрашав кој е од подобрите хирурзи на пластична хирургија... мене ми ги препорачаа Др. Мирчевска, Др. Џонов и Др. Дамеска.... сите работат во Државна болница, на клиниката за пластична хирургија.... јас дури и разговарав со Др.Мирчевска... мене многу фина ми изгледаше жената... ми рече дека е со локална анестезија операцијата и дека не боли... нормално малку боли кога ке те боцнат за да ти ја стават анестезијата... да не се лажеме Др. Мирчевска ми рече, не се секирај ние 8 годишни деца ги правиме операција на бемки и не плачат, а не па ти што имаш 25 години :Д последниве години живеам надвор од Македонија и кога одам тука на контроли, сите ми кажуваат дека според најновите истражувања сите бемки требало да се вадат и ми викаат ич да не му ја мислам и да ја извадам бемката иако е безопасна... само што јас не сум собрала храброст... како и да е... се надевам дека успеав малку да помогнам со моето искуство поздрав до сите
Има уште една тема, во Тело е, Отстранување на бемки. Јас вадев бемка на почетокот на летото, нема никаков проблем, ја вадев кај др. Стевковска и сеуште не ми стигнале резултатите од Патологија но се надевам нема никаков проблем. И јас би ти советувала да ја извадиш, ич да не е за да не ја повредиш повторно, да не си ја имаш на глава. Немој да ја гориш или слично, тоа не чини, воопшто не е испитано и може недајбоже триста компликации да излезат, не дека вака не можат, но ова дополнително бидејќи не е подржано од лекар, не е под никаква лекарска контрола бррр.... недајбоже. Ич не му ја мисли, извади ја додека не дошло сезона на чизми и гардероба која ќе ти создава проблеми, 15 минути е интервенцијата, ништо страшно. Ти посакувам среќа и ти го држам стравот
Ај и јас да прашам нешто. На левата рака над лактот ( од задната страна ) имав една бемка што беше пола испакната пола не , и многу мала. Инаку кафеава по боја. Пред 2 недели случајно се фатив на тоа место и кога гледам - ја нема бемкава! Се извадив од памет..а не сум осетила да ја чепнам или да тече крв..ништо единствено се фатив и гледам мазно нема ништо. Можно ли е да бемкиве сами по себе да паднат?
Девојки дали некоја од вас има искуство со отстранување на бемки, било по хирушки пат, било со помош на алтернативна медицина? Јас имам навистина многу бемки... повеќе од 7 имам само на лицето. Пред некоја година ми излегоа 2 на носот и за кратко време станаа големи. Би сакала да ги отстанам барем овие што ми се на лицето, па ако некоја од вас има некакво искуство со ваков проблем нека пише .
Обрати се на дерматолог за бемките. Треба прво да ти ги сликаат( дерматоскопија) да ти направат за да видат какви се промените. Потоа ако сакаш да ги отстраниш ти треба пластичен хирург. За да спречиш појава на нови бемки користи крем со фактор 50 преку лето, а за овој период 15.поздрав
Имам голема бемка на градниот кош,синојка додека облекував пижами како да осетив дека ја поткачив ама не обрнав многу внимание,сега приметив дека бемката ми се раскрварила на допир ме боли,а и местото околу неа исто,што да правам? Да ја намачкам со нешто или....?
Здраво девојки нова сум тука и мене ме интирисира оваа тема затоа что и јас имам проблеми со бемки имам над градите многу и сакам сите да ги отстранам дали ќе мозат сите или не?..По големина има 3 големи две се темно кафеави а едната е светло кафеава и таа е поголема .. А останатисе 8 ми се појавиа оваа година инаку јас само имав 3 бемки над градите..Сакам да прашам дали операцијата е ризична за сите бемки ако се вадат или не... И како одат работите за операција и дали ти ја сијат раната или сама си заздрава..
Ме интересира нешто. Имам бемка на грбот што ми се појави пред 2 години. Не е голема ама се наоѓа баш кај што се закопчува прслукот. И некогаш ме гребе.чеша и страв ми е да не ја закачам и да искрвари. Често ставам ханзапласт за да не си направам проблем. Сакам да знам. Дали треба да направам операција и кои се ризиците од истата? Фала