Очигледно има многу неинформирани на форумов и истите даваат совети,бемки НИКАКО не смеат да се третираат со киселина. Така само може да се влошат. За сите што имаат поголеми бемки, кои се менуваат на било кој начин обавезно на ДЕРМАТОЛОГ. А ако сакате да ги отстраните потоа ви треба пластичен хирург. И никако кај НАДРИ ЛЕКАРИ.
Ова е нешто кое сметам дека секој мора да го знае - да умее да разликува бемка од меланом Еве како може да направите самопреглед - Бемките се симетрични , меланомот не е - бемката има јасни, рамни граници, границие на меланомот се неправилни - целата бемка треба да биде еднобојна- ако оди од посветло кон потемно или сл, се работи за меланом - земете обично моливче. Бемката не би требала да е поголема од дијаметарот на моливчето. - бемката е секогаш иста, меланомот расте и се менува. Еве како тоа изгледа:
јас имам една бемка на стомакот кај папукот, во детцтвото двапати ја скинав и имаше течено крв. со текот на годините е смената и е порастена, не во дијаметар туку над кожата. од стално ми било шубе да не е повеќе од бемка!!! и искрено ми е страв да одам да ја проверам
И јас имам проблем со бемките на лицето и телото и сакам да ги замолам оние што имаат направено операција да ми дадат повеќе информации за самата операција, цената и добар доктор. Ви благодарам однапред
Jaс имам една бемка на грбот и тоа баш на пределот каде ми лежи прслукот.И нонстоп пазам да не ја изиритирам ама некогаш е невозможно.Инаку не е голема,малку е испакната ама пак ми е страв да не направам нешто ненамерно
Имам една бемка кај градата баш кај градникот на крајот кај што завршува, и се плашам да не ја закачам. Бев на кожно ми кажаа не е опасна но можат да ми ја отстранат со азот. Дали некој од вас има отстранувано бемка и на кој начин . Со азот нема целосно да ми ја извадат само ке ми биде рамна со кожата. Имате ли вие некое искуство ? Искрено јас од оваа докторка не сум воопшто задоволна но само една имаме кожен доктор во нашиот град. Има ли некој да сподели искуство во врска со ова ?
Сабајле приметив на стомакот ми се појавила нова бемка, мала и темна е и малку е испакната , сигурна сум дека ја немав до сега. Дали треба да идам на лекар или не е страшно ?
Феминки, ви писувам во оваа тема бидејќи имам проблем со бемките. Ги имам многу по цело тело, редовно одам на контроли но еве сега откако се породив не сум била ( речиси 2 години ). Приметив дека истите се малку зголемени. Ќе ве замолам доколку знаете некој добар и искусен доктор дерматовенолог кажете ми за да направам контрола???? Поздрав
Ne znam dali kako posledica od bremenosta, edna bemka na grbot mi bese ramna a pred 3-4 meseca ja primetiv kako mi e ispaknata na nadvor i bese kako ranicka i pocna da mi raboti, odnosno da me tupka da me stega, kako mravki da mi lazat okolu nea. Slusnav za dr.Boris Stojkovski od Sveti Nikole inaku epidemiolog, sportski lekar i akupunktolog, sega e vo penzija. Odi od grad vo grad kaj so ima poveke pacienti i im gi gori bemkite so nekoja kiselina. Sekoj den se stava jod 10% betadin na bemkata i za nekolku nedeli ke se isusat i ke padnat. Na nekoi mesta ostanuva beleg, a na nekoi ne. Moi bliski luge bea kaj nego i gi rabotese bemkite( uspesno otstraneti) pa taka i jas pred eden mesec otidov za bemkata na grbot i za edna na leviot prepon sto mi e ispapcena nanadvor i mi gi gorese. Sekoj den im stavam jod. Taa na preponot e isusena i kaj i da e ke padne. Спојлер no se zagriziv za taa na grbot bidejki sinoka izgleda strgajki se od krevetot sum ja zakacila i mi padnala. ( Vo slucaj da se povredi bemkata pa da potece krv ili malku da se zakaci,se stava hidrogen 3% za procesot da si prodolzi ponataka i da se isusi bemkata) jas nemav krv ni nisto samo ja najdov bemkata isusena kako koricka od rana, odvnatresnata strana malku pobeleana od procesot na susenje, a na grbot mala dupkicka i vo dupkata tocka ( najverojatno.del.od.bemkata sto sum ja zakacila.) Deneska se javiv na.doktorot i kibrece da stavam hidrogen pa potoa jod 10% . zagrizena sum bidejki me tupka seuste i me stega a pocna i da me cesa. Se nadevam deka ako ima ostanato uste nesto od bemkata so hidrogenot ke se prodolzi procesot na susenje i.ke si padne i toj del ako ostanal. Ako nesto vidam deka ne mi stima ke pobaram dermatolog. Toj rece nisto strasno ne bilo, no jas sum panicarka nevidena i mi fufka mnogu.... taka da molam Boga da bide se vo red. Samo bese mnogu nekulturen na krajot od razgovorot Mnogu luge odat kaj nego da im gi sreduva bemkite i deca i stari i mladi, luge odat i po dva tri pati da im sreduva bemki. Ne znam dali ste cule za toj doktor ama mnogu svet odi kaj nego. Za taa na grbot mi zede 1000 den, a za taa na preponot 500 den. I dobar biznis e toa. Vo kozmeticki studija odi. Se izv za lat i za dolgiot post. A ako ima nekoj vakvo iskustvo kako moeto ili slicno spodelete.
И јас имам бемка на вратот прилично поголема, испакната, но никогаш не би си играла и да вадам бемки или младежи со хидрогени, киселини и јод?!?! Дали сте запознаени со што си играте? Тоа треба да си се следи соодветно од страна на дерматолог, а не некој си доктор оди по градови и вади бемки, без притоа да се изврши соодветена анализа на бемката/младежот на патологија. Отстранувањето се врши со локална анестезија на хирургија. Што да ти кажам девојче. Има една поговорка: „Не дирај лава док спава“
E da, ne diraj lava dok spava, ama mojot se razbudi i pocna da raboti, bev na konsultacija kaj doktorot da mi ja vidi i rece deka moze da se sredi da se isusi i sama da padne, se nafativ oti bliski moi rodnini i prijateli bea kaj nego pa im gi vidov belecite od bemkite, nemaat nisto i zatoa se nafativ da ja vade. Guzva nevidena imase.i mali deca i vozrasni. Aj toa ne e vazno sega. Hidrogenot e za prodolzuvanje na procesot i voedno dezinfekcija, isto i jodot. Sega cekam da se isusi i zatvori mestoto, pa ako nesto ne mi stima ke baram lekar. A znaes kako velat kako sto sam ke si ja skapas glavata, nikoj drug nemoze.
Тотално се согласувам со тебе и уште еднаш да те цитирам, за да се прочитаат овие мислења. Таков надрилекар од Кавадарци што вадеше бемки на само негов познат начин беше уапсен пред скоро време. На некој човек му ја вадел бемката и тоа во подрум работел и си играл играчки со нечиј живот. Тоа заврши кобно но добро е што конечно е обвинет и да не се будалат луѓево со такви работи. Особен совет до сите : Немојте да се изложувате на сонце (особено во лето) да се сунчате бидејќи тоа е најголемиот ризик. Внимавајте и пазете си ја сопствената кожа. Не користете гелови за туширање кои имаат јаки мириси истите можат да бидат штетни - едноставно избегнувајте ги. Бемките не треба да бидат иритирани и се ќе биде во ред. Само внимателно
Pregi mi padna bemkata na preponot, se isusi padna od koren i nema nisto. Taa na grbot uste se susi bidejki najverojatno ja zakaciv i ja otkornav, pa so hidrogenot go prodolziv procesot i pak se napravi ranicka se zatvori dupkata i sega cekam samoto da se isusi i da padne toa sto ostanalo. Abe panicarka sum nevidena i dodeka ne padne i toa :geek: molam boga se da bide Ok.
Девојки, Имам проблем со неколку бемки, значително ми се испакнати и сакам да ги отстранам со хирушки зафат. Би сакала да ми препорачате некој доктор дерматовенолог искусен со бемки, да ми ги прегледа и по можност кај него/неа да ги отстранам. Поздрав
Одамна ми се случи ова, а не ми текнало да прашам што можи да е. Значи Пред 3-4 години имав една бемка, под пазувите Многу ми сметаше,конци сите блузи ми се запнуваа за неа и неможев да ги извадам. Поминаа две години, и не ми се запнуваа блузите. не знаев што е проблемот, и појдов на огледало да ја видам бемката. И гледам, нема бемка Ни белег, никаков траг. Ништо. А не забаележав ни крв. Што било? И како паднала?
Mene mi padnata pak korickata od bemkata na grbot, nema nisto taka crvenko e, arno ama uste me tupka me stega. Bev na lekar mi dade maticnata krema da mackam da vidam dali ke pomine, ako ne e podobro dr nedela pak ke odam. Uf samo kolku mi.fufka, kolku mi e strav. Si pravam filmovi odma. Bog da cuva. Neka e se arno.
Здраво, сакам да ве прашам ако некој знае да ми одговори. Имам бемка на стомакот веднаш над папокот, испакната, темна, кружна форма, но не ептен правилен круг и сеа искрено да ви кажам гледам од едната страна на бемката, не е нешто јако воочливо како потемна малку да ми е кожата и насоберена, како лишај. Мајка ми погледна, не можеше да забележи, а сестра ми виде и и таа мисли дека е нешто како лишај и ќе се повлече. Што да направам? Пред некое време бев кај дерматолог за една друга бемка што си повредив и бев целата испаничена и неколку пати отидов и сега ми е малку непријатно да отидам па за друга бемка дека сум забележала нешто..... Мислите дека има потреба за загрижување? Што да правам? Многу ви благодарам, поздрав.