Здраво. Би сакала да споделам нешто со вас што ми се случи пред 3 години, но последниве 2-3 дена повторно почна да ме мачи.. или јас сум преголем паничар или не знам што е раб. :Ѕ значи вака: забележав нешто на бутот на дечко ми како поткожно влакненце и он ми рече да го извадам. зедов памукче и пробав да го стегнам, но не сакаше да излези ништо туку само крв потече од стегањето. зедов пинцета за полесно да го извадам бидејќи ми изгледаше како да е повнатре. на крајот сепак успеав да го извадам, но беше како топченце многу малецко и црно и ме фати паника да не е бемка. :Ѕ ја прашав мајката на една другарка бидејќи е докторка, ми рече дека бемките толку лесно не можеш да ги извадиш, па демек не било ништо... тоа ме смири тогаш, но последниве 2-3 дена не знам зошто, но пак почнав да мислам само на тоа, да не е нешто сериозно.. кога и да му спомнам на дечко ми, ми вика да не се секирам, не било ништо. не знам што да правам.. кое е вашето мислење :Ѕ поздрав
Луѓе бе не се чепкаат такви работи. Бемка како и да е не вади така лесно, така да тоа не е. И јас имам на нога нешто такво слично како на дечко ти ама не го чепкам не ми смета нека си го.
За да се смириш мој совет е да си појдете на кожно и да се провери најскоро што може. За секој случај, не можеш да знаеш што е, можеби е ништо (дај боже), а може и да се искомплицира работата. Ваму ќе го проверат, а прегледот е кус и нема ништо страшно. И другпат не ги чепкајте и подлутувајте овие работи. Бемките може да се извадат лесно, да се поткачат несакајќи. Еден мој другар си извади мало бемче со крема за депилација. Едноставно ја намачка и бемкава падна. Среќа испадна не била опасна. Ама јас не би си играла со тие работи.