Мислам дека е до менталитетот и човековата зрелост. Луѓето во странство многу работат на себе и имаат човечко битие во нив,немаат мазохистички и психопатски однесувања како кај нас. Со должна почит го напушта бившиот и толку. Тука,малограѓански се однесуваат девојките/жените,исполнети се со ниски и сељачки манири…со правење многу лоши работи, од лошо полошо и тоа без грам срам.
Јас пред него се мажив, истото лето Не знам, смешно ми беше, тој се врати од странство за женачка, ептен ко сељаците испадна . А предходното лето и мене, ( а верувам и други) ме врбуваше, као " е ај ваму и ваму, зашо не? Убаво е" За свадбата знаев оти РОДИТЕЛИТЕ на блиска другарка беа поканети. Таа која не запозна на времето..Go figure.. Меѓутоа таа не.
Точно дека зависи и од менталитетот но највеќе од човековата зрелост пред се. А сите луѓе во странство мислиш дека работат на себе, се човечни и немаат мазохистички и психопатски однесувања? Хм, не би рекла. Убаво рече во првиот дел, човекова зрелост треба да се има, ако се има, не е битно ни кој си ни од каде си, ќе си бидеш човек и нема да правиш недолични работи.
Од ова посмешно ми нема, кога некој наш се враќа од странство за да си најде жена од Мк ... оти во странство никоја неможе да ги трпи
Јао, каква глупост. Да бе, во странство сите се емотивно зрели и не ги засега што прави партнерот. Мало сутра. Тоа е индивидуално нешто.
Да,точно. Не ги засега до степен да прават драми на сите страни и со жените/девојките нивни, ниту со нив лично. Не искажуваат деструктивно однесување врз нив. Што не сум видела кај нас и слушнала, женскиот род како скока и прави срамни сцени со вреѓање,со појавување и демнеење по кафичи и слично и сомтепачки. Темава што постои е глупост,а не мојата вистинс што можеби погодува некого. Напротив, криво ми е што женскиот род,секоја втора е таква
Не знам, мене сеедно ми е, искрено. Само си разглобував психички. Ако девојката ти раскинала, не е баш оти ти си нашол нешто подобро. Ама добро, машко его, познато е ова.
Мојот прв дечко се има верено, а е најужасниот човек што го имам запознаено, ептен сељак и лош карактер. Идевме на времето 5 месеци отприлика. Со типкава што се вери идеше од тогаш ама знам од други дека имаше и паралелно врска на времето. Нез многу ми е одвратна личност и ич не ме допре нешо да се загрижам да кажам, а може и дека сепак било пред 10 11години тоа
@GirlVolley дури ни по Америките не праат скандали и драми во врска со ова, исклучиво кај нас само? Дека таму ептен се скроз океј луѓенца и ептен изживеани сите до еден. Абе што нема по светот, добро и да не знаеме, поарно е така. Се е до човекот ама се, ако си глупак и имбецил сакаш и од најразвиената земја доаѓај или од земја со највисоки морални вредности пак ќе си имбецил и ќе праиш глупости.
Сите ги мава на его. Проблемот кај нас е што се лигават со кафиња, поздрави и слични глупости. Ако сте раскинале, раскинуваш и толку. Ниту социјални мрежи, ни small talks во живо, ништо.
И Скопје е странство. Или поголем град Мислам дека порано ич не сме се замарале со бивши дечковци, бивши биле со причина. Или мене не ми било гајле кој со кого и дали се оженил, секако отишле во историјата.
Не,не, не велам дека ни Американците не прават. Верувам прават и во светот, но верувам и бројката е помала од кај нас. Јас не знам за некоја кај нас да не направила драма врз бившиот дечко/сопруг. Ова е пред се и култура,домашно воспитување и работа на себе. Кај нас секогаш се, се фаќа со лошо….многу ниско. Многу инат и омраза се тера врз бившиот дечко/партнер, нема потреба од тоа. Девојка/жена големината ќе си ја покаже само со добри и културни дела и манири. Која е потребата од тепачки и расправии и вреѓања?
Баш така. Нит ќе го демнеам во живо и на социјални мрежи, ниту ќе го чекам негде за да се расправам и тепам, ниту девојка му/жена му ќе ја демнеам. Ее колку е краток животот за вакви глупости и зло…. Замини си со чист образ и толку
Тоа го има во секоја култура и не во мали бројки туку еднакви како кај нас. Сите холивуд филмови, серии, теленовели, поп песни и срања се базирани на вистински живот и тоа вклучува драми околу бившиот итн. Грешка си. Не велам дека тоа е правилно да се сталка бившиот, ама апсурдно ми е тоа што го пишуваш искрено.
Види, не дека немало вакви примери. И не дека бранам женско токсично однесување, ама реално мажите се конкретно тие кои најмногу се враќаат назад. А тоа дека однесувањето е ниско, појдовна точка е дејтингот тука, примитивно однесување и ај да се гледам со 2-3 (имам опции). Ако им прави девојка така, леле курва. Така да... не знам еве, не е баш од феминизмот.
Рендом пример пишав погоре за Америка. Небитно кое друго место нека е. Проблемот е во ова со кафињата, муабетите, немањето на свој живот и ставање нос у туѓиот за да се пополни време. И малограѓанштина. И капак на се, секој со секого се знае и одма е поинтересно да се слушаат муабети. А дека низ цел свет се сталкаат бившите - да.
Па во филмовите најчесто лопите сцени се прикажани како НЕ треба да се однесуваме во животот. Секогаш лошите работи ги прафаќате. Да земеме и да убиваме, бидејќи има и такви сцени. Зошто го би го направила тоа? Те молам,ненормалните малограѓански работи, не ги прави нормални.
Јас зборувам за женскиот род во моментов и од женска страна, бидејќи темава е начната од девојка/жена. Не и ја разбирам поентата зошто ја создала темава, ниту пск другите членки ги разбирам што ја “поддржуваат” на некој начин да се осеќа лошо зошто бившиот се оженил. Па ало бре….ние жените најчесто сами си создаваме болка. Толку
Да, исто како јас да сум напишала. Не знам и мене не ми се допаѓа вакво однесување, ама на крај сфатив на Балканот сме и никогаш нема да се смени.