Yeah well, не ми беше тоа поентата туку дека барем ова едно нешто не е ненормално само во Македонија, туку сегде. И нема врска со нашиот менталитет, туку луѓето се еднакво луди, незрели и токсични во врска со бившите сегде.
Да бе, не се контрам со тебе. Понижувачко е малку, ама ете кога им кажеш дека треба да се држи дистанца после раскинување. Не, не требало, имаме пријатели заеднички. Испаѓа ние што кратиме секаков контакт, лоши сме.
Поентата на темата е каква била емоционалната реакција кога сте дознале дека ваш бивш/а се верил/а. Така да мене ми се чудни коментарите за "малограѓанштина". Нема врска општиот менталитет на луѓето со темата. Некои луѓе дознаваат бидејќи се љубопитни а некои дознаваат бидејќи ќе им каже некој друг. Ако ете некој/а прави драми и скандали тогаш тоа е друга приказна. Посебно ми е смешно компарацијата со луѓето од странство. Као демек луѓето од Германија или Америка или не знам каде не се од крв и месо па не допира ништо до нив. Тотално е човечки да осеќаш некакво чувство во врска со ова ако ти значела некогаш таа личност. Човечки е и да не осеќаш. Сите различно ги доживуваме работите. За повеќето од бившите лично уво ме заболе ама за тој еден... знам дека кога ќе се случи вакво нешто дека нема да ми е сеедно.
Мех за бивши, мех на темава, ми иде и некоја зен мудрост-порака да ставам, ама ај ќе се воздржам. Моментално психичко стање* (иако темата е супер и реална за денешницава, браво @Directioner005 не ми се верува дека во 10+години никој не му текнало да ја отвори)
Не знам во каква ситуација си приватно, и зошто толку се пронајде во улога на новата невеста. Ако те тригерна, i’m sorry. Ниту сум реметела бифш, ниту сум сталкала, ниту сум тепала и правела драми, ниту планирам истото да го правам. Ниту мене ми е правено од нивна страна. Во лоши кругови се движиш. Сечии чувства се валидни, лоши или добри, се додека тоа не влијае лошо на другите и не им нанесува зло. Ако не се пронајде во темата и немаш коментар за истата, нема потреба 10+ коментари да се од тебе како солиш памет како треба а како не треба некој да се чувствува. И еден потенцијален friendly tip, ако дечко ти дозволува бившата да му прави драми, ремети, влијае на него било како, можеби треба да си бараш нов дечко. Олабави малце, не е толку сериозна тема побогу.
Сега гледам темава е во врски отворена и само у тој контекст се дискутира, баш би ме интересирало и да чујам мислење на некој/а чиишто бивши сопруг/а се оженил, т. е. преженил, со или без деца вклучено.
Ако дознаам дека бившиот со кого идевме 5 години се оженил ќе ми биде многу мило бидејки одамна уште додека бевме сеуште заедно не чувствував ништо за него, но заслужува, добар човек. Дури додека бевме сеуште во врска си замислував дека ако би ми кажал дека сака друга би се радувала и славела зошто само ќе ми олеснеше за раскинување пошто немав гз да раскинам. За другиот што одевме неколку месеци да бев сингл сигурно ќе плачев, иако не заслужува ни солза да се пушти за него, ама сега таквото ќе ме боли, го заборавив дека некад постоел, с си го сакам мажот мој неизмерно и ниеден друг маж на светов за мене не постои. Сите од моето минато нека им е со среќа понатаму и само убавини им посакувам.
Абе јас од себе тргам. Реално да ме видеше пред некои 6-7 г ќе речеше од оваа домаќинка не бива. Сега да ме видиш ќе речеш оваа у диско нема да знае да се понаша,капка алкохол ако има испиено
Види можам за себе да кажам, бидејќи и реплицирам во темава. Значи со работа на себе, со исполнување на времето со работи кои ме прават среќна, немам време да се замарам кој што прави. Особено не луѓе со кои сум расчистила. Значи можеби им оди многу подобро од мене, можеби не. Не знам. Немам ни како да дознаам. И кога би дознала нема да ми значи. Бидејќи сум фокусирана на својот живот, имам нови луѓе што ми значат. Орфеј згрешил што се свртел назад по Евридика, кој сфаќа - сфаќа.
Да баш така коа се ожени мојот бивш реков фала богу А до последно ме замараше и намерно ми лајкнал стара слика за да го приметам као демек "еве се женив, дека ти не ме сакаше" И го имав проколнато одамна уште на времето, таа шо ќе ја земе да има грдо лице широко како тегла и сплескан гз да не поседува ништо мое сосем спротивно да е од мене и баш таква земал, му ја предвидов жими се и мн сум ќејфлија не ми уопште грижа имавме одамна раскинато ама он постојано ме демнеше и замараше напати а јас го отпукав еднаш за секогаш.
Јас навистина го мислам тоа. Нека земе поубава и позгодна од мене само нека престане да ме замара. Za mustuluk bi nju pozlatioooooo
Ја снемам гајле некако безчуствителна станав во врска со него. Он тажеше и ми праќаше тажни песни јас се зезав со него. И ич не го жалам нека пукне,така си заслужува да има спротивно од мене и нека му биде мака цел живот а јас пак би го заебавала. Пошо јас бев мн заљубена во него на времето а тој не ме ценеше и немаше доверба во мене ме измачуваше и слушаше измислени лаги од други што се обидуваа да ни расипат а јас ништо не правев и само дома седев но ете ми ску*чило... Нема везе како и да е има причина што сум го одсакала. Сега си имам сосем нормална врска скоро 2години полна љубов и повеќе разбирање
Јас изгледа сум во право кога ќе речам дека некои луѓе со emotional baggage влегуваат во брак. Сепак е интересно да се чита, не ве осудуваме инаку, само е малку чудно.
со оглед на то дека беше подолга врска и прв дечко , на фб видов и не ми беше се исто и воедно оладив тотално дека го фатив в превара со неа. Пред да се ожени требаше да оди на другар му на свадба ми беше пишал да му правам друштво дека ,,новата,, в странство и као 2 имам,реков не и тоа остана. Се ожени има и деца и беше на неговата регистрација дошол в мк и се разминавме се погледнавме он подзастана а јас ко луда се смеев со новиот дечко сега сопруг. и мило ми е да го видам и не сакам пошо ме изневери и ми сврте грб. без доречени зборови без ништо само дека сакал ,,странец,, да биде и надвор од мк да живее... не беше ок тоа од негова стр. ама Господ гледа.